Војната сигна и до Москва. Главниот град нападнат со дронови

Три дронови погодија станбени згради. Има минимални оштетувања и нема жртви. Во исто време, Киев беше цел на трет напад со дронови за 24 часа


Оштетена зграда во Москва по нападот со дрон

 

Утрото на 30 мај, Москва беше подложена на масовен напад со беспилотни летала. Три дронови погодија станбени згради.

Првиот дрон удри во станбена зграда од 24 ката во Нова Москва, во близина на аеродромот „Внуково“. Нема жртви, очевидци зборуваат за траги од уништување на три ката.

Вториот дрон удрил во горните катови на куќа во близина на метро станицата „Белјаево“. „Уништени се фасадата и застаклувањето на куќата. Нема жртви“, изјави за РИА Новости портпаролот на итната служба.

Трет дрон со три експлозивни направи удри во 30-катница на Ленински проспект. Според телеграмскиот канал Шот, удрил во стан на 14 кат, но експлозивот не се активирал.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин потврди дека главниот град бил нападнат со беспилотни летала, а неколку згради добиле „мали оштетувања“. „Од безбедносни причини, при работа на итните служби преземени се мерки за евакуација на жители од неколку влезови во две куќи кои беа погодени од беспилотно летало. Веднаш по завршувањето на работата на специјалните служби, жителите ќе можат да се вратат во своите станови“, напиша Собјанин во својот канал на Телеграм.

Украина негираше директна вмешаност во наводниот напад со дрон врз руската престолнина Москва во вторникот.

„Се разбира, уживаме да гледаме и да предвидуваме зголемување на нападите. Но, се разбира, ние немаме ништо директно со тоа“, изјави советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак за каналот „Breakfast Show“ на Јутјуб.
Тој исто така рече: „Она што расте во Русија е кармичка повеќестепена наплата за сè што прави во Украина“.

Русија рано во вторникот ја обвини Украина за наводните напади.

Нападите покренаа прашања за ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана.

Висок руски пратеник, Андреј Картаполов, изјави за рускиот сајт за деловни вести РБЦ дека „имаме многу голема земја и секогаш ќе има дупка каде што дронот ќе може да лета околу областите каде што се наоѓаат системите за противвоздушна одбрана“.

Картаполов рече дека целта на нападите била да го изнервираат рускиот народ. „Тоа е чин на заплашување насочен кон цивилното население, да создаде бран паника“, ја цитира РБЦ неговата изјава.

Гувернерот на Московскиот регион Андреј Воробјов зборуваше за работата на воздушната одбрана. „Утринава жителите на некои области на московскиот регион можеа да слушнат звуци на експлозии – ова е нашата воздушна одбрана. При приближувањето кон Москва, беа соборени неколку дронови. Ги молам жителите да останат смирени“, рече тој.

Уништени автомобили по рускиот напад со дронови ночта на 30 мај на Киев (Фото: Ројтерс)

Според изворот на каналот Шот, 13 дронови биле соборени кода доаѓале кон Москва, од кои пет над Рубљовка. Друг телеграмски канал, База, вели дека околу 25 дронови учествувале во утринскиот напад на Москва. Некои од нив се заплеткале во дрвја и жици, додека летаа на ултра ниска височина.

Во исто време, руските сили повторно го нападнаа Киев со дронови, трет пат за последните 24 часа. Во нападот ноќта на 30 мај повторно беа користени иранските дронови „шахед“, 20 од нив. Како резултат на паѓањето на остатоците од погодените дронови, има жртви и разурнувања во различни делови на градот. Во населбата Голошеевски избувна пожар во катна станбена зграда, уништени се горните два ката. Едно лице загина. Луѓето може да останат под урнатините.