Без вода дел од булеварите „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и амбуланта „Пролет“


Поради дефект на приклучна цевка на булеварот „Никола Карев“ број 9 во населба Центар, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од овој булевар, како и „Трета македонска бригада“ и амбуланта Пролет, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот до санирање на дефектот. 

Без струја делови од Аеродром и Кисела Вода


Без струја денеска ќе бидат делови од Аеродром и Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Во периодот од 9 до 13 часот, без струја ќе биде дел од улицата „Тодор Чангов“ – улица 22 во општина Аеродром, додека, од 9 до 12 часот, струја ќе нема на улицата „Караџица“, дел од […]

Седница на работната група за подготвување на предлог-иницијативата за уставни измени


Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска ќе одржи седница. Седницата е закажана за 14:30 часот во Владата, а по нејзиното завршување е предвидена изјава од претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска. Претходната седница се одржа завчера, а се дискутираше за деловникот, методологијата и начинот на работа. Како […]

Делегација од Советот на американски амбасадори во Скопје


Советoт на aмбасадори од денеска до 13 мај ќе биде домаќин на делегација на Советот на американски амбасадори. -Посетата на делегацијата на државава е во функција на нивната мисија за утврдување факти во регионот (Албанија, Косово, Република Северна Македонија), информира Советот на амбасадори на Северна Македонија. За денеска е предвидена средба на делегацијата со вицепремиерот […]

Комисијата за европски прашања треба да почне со расправа по првиот закон за коридорите


Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да ја продолжи 54. седница на чиј дневен ред се предлог-законските измени за изградба на коридорите 8 и 10д. Законите се предложени со европско знаменце и треба да се донесат по скратена постапка. Комисијата синоќа го усвои дневниот ред, а претпладнево, како што најави претседателот Арбр Адеми, ќе […]

Канадска „Магна“ почнува со изградба на фабрика во Штип


Во Штип денеска ќе биде означен почетокот на градежните работи за инвестицискиот проект на компанијата „Магна Мехатроникс“ во Технолошко индустриската развојна зона – Штип. На настанот најавено е обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Креспи, како и на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски. Инвестицијата е во вредност од 40 милиони […]

Променливо облачно со повремени врнежи


Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо […]

Финска: Премиерката Сана Марин прво ги загуби изборите, а сега и се разведува


  Финската премиерка Сана Марин и нејзиниот сопруг Маркус Раиконен ќе се разведат по 19 години заедно, објави Марин во средата на Инстаграм. „Заедно поднесовме барање за развод. Благодарни сме за 19 години заедно и нашата сакана ќерка“, напиша Марин во објавата на Инстаграм.  „Сè уште сме најдобри пријатели, кул еден кон друг и љубезни […]

Два гола за три минути: Интер со една нога во финалето на ЛШ по победата над Милан


Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2.0. Едик Џеко го отвори резултатот во 8. минута, а три минути подоцна Хенрих Мхитарјан го удвои водството на „нероаѕурите“. Реваншот ќе се игра на 16 мај. На првиот натпревар во другата полуфинална пресметка, Реал Мадрид и Манчестер сити […]

Путин го губи трпението со Пригожин


  Низа остри изјави на шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој прво го проколна раководството на Министерството за одбрана, а потоа зборуваше за одреден „дедо“ кој е „среќен“, но може да испадне дека е „целосен шупак“. сериозно го вознемири Кремљ. Аргументите на Пригожин, кој речиси половина година залудно го напаѓа Бахмут со приватна војска составена […]

Немањето физичка активност е поопасно од пушење


Истражување покажа дека невежбањето го загрозува здравјето повеќе отколку пушење, дијабетес и болести на срцето. Резултатите се базирани на ретроспективна студија во која учествувале 122.007 испитаници кои поминале низ тестирања на Клиниката Кливленд во Охајо во текот на 23 години, во периодот од 1991 до 2014 година. „Ако не можете да издржите одење или трчање […]

Маск откри нови детали: Твитер наскоро ќе има опција за шифрирани пораки и повици


Извршниот директор на Твитер, Елон Маск, откри нови детали за идните карактеристики на социјалната платформа, вклучително и додавање опции за повици и шифрирани пораки кои доаѓаат до неа. Минатата година, Маск ги означи плановите за „Twitter 2.0 The Everything App“, за која рече дека ќе има функции како што се шифрирани директни пораки (ДМ), твитови […]

Софија: Сведоци сме на обиди за замолчување на Ковачев


Времениот министер за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов, изјави дека враќањето на пратеникот Андреј Ковачев од границата кон Македонија бил обид  да се замолчи и за тоа ќе бидат известени институциите на Европската унија.   „ Андреј Ковачев, Милен Врабевски и уште неколку други граѓани биле запрени и не биле пуштени во РСМ. Спомен обележјето […]

Бугарија ќе ја билда бројката на Бугари во Македонија


  Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, денеска јавно ја оспори информацијата за наглото намалување на бројот на граѓани од Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во текот на минатата година. „Секој што поднел барање за бугарско државјанство по потекло или од друг член на законот добива бугарско државјанство, доколку се исполнети сите услови според […]

ЕУ нема пари, ќе воведува нови давачки


За само четири години виталните фондови на ЕУ за поддршка на истражувањето, иновациите, земјоделството, здравството или зелената транзиција може драстично да се намалат. Всушност, целиот буџет на ЕУ ќе мора да се намали за над 15 милијарди евра годишно, освен ако не обезбедиме нови извори на директни приходи за да го одржиме, предупреди Жозе Мануел […]

Предупредување за корисниците на Google Chrome: Не преземајте опасни ажурирања


Експертите за сајбер безбедност издадоа важно предупредување за нова закана што моментално ги засега корисниците на Google Chrome. Експертите за безбедност предупредија на нов тип на сајбер напади насочени кон оние кои користат Google Chrome за пребарување на интернет или проверка на е-пошта. Фирмата за сајбер безбедност Trend Micro откри дека корисниците на Google сега […]

Чешка ќе и обезбеди на Украина неколку борбени авиони


Чешката Република може да и обезбеди на Украина неколку борбени авиони Ел-159 како поддршка на планираната украинска контраофанзива, изјави денеска чешкиот претседател Петр Павел. Прага е меѓу најверните сојузници на Киев од почетокот на руската инвазија минатиот февруари, обезбедувајќи воена опрема вредна милијарди долари, од муниција до тенкови. Борбениот авион Ел-159 од чешко производство е […]

Франција отвори истрага за воено злосторство за смртта на новинарот Солден


  Француските власти отвораат истрага за воено злосторство за смртта во Украина на новинарот на Франс прес Арман Солдин. Информацијата ја соопшти француското антитерористичко обвинителство. Истрагата им е доверена на службениците на Централното биро за борба против злосторства против човештвото и злосторства од омраза и има за цел да ги утврди околностите под кои настапила […]

Македонија против Германија, Франција и Швајцарија на ЕП во ракомет


Македонија доби тешка ждрепка за настап на Европското првенство во 2024 во Германија, па така, нашите ракометари ќе се борат против Франција, Германија и Швајцарија. Имајќи предвид дека со новиот систем на натпревари на Европските првенства, само првите две селекции од секоја група продолжуваат понатаму, ова ќе биде пеколен предизвик за Кире Лазаров и неговите […]

Дваесет пријави за насилство пристигнале до МОН


Министерството за образование и наука (МОН) пред неколку дена отвори посебни електронски адреси, каде што може да се пријави врсничко насилство, а досега на мејлот стигнале 20 пријави, објави „Телма“. Министерот Јетон Шаќири кажа дека првиот чекор во процесот е проверка на изворите и точноста на информациите наведени во пријавата, по што се преминува кон […]