Португалија бара помош од ЕУ поради големата суша


Португалските власти денеска побараа помош од Брисел за земјоделскиот сектор, поради сушата што ја зафати државата. Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија. Метеоролошката агенција ИПМА претходно […]

Ограбена пациентка додека добивала медицинска помош во Клинички центар


Вчера била ограбена пациентка во Клинички центар во Скопје. -На 09.05.2023 во 02.50 часот во СВР Скопје, М.Т.(19) од Злетово пријавила дека околу 01.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека ѝ била пружана лекарска услуга, ѝ биле одземени пари од паричник, што ѝ бил во јакната што ја оставила во близина, информира МВР. Се […]

Недостасуваат 50 отсто од кадарот на медицински сестри


Недостоинствен е статусот на медицинските сестри во државава и час поскоро треба законски да се регулира. Ако се додаде и огромниот одлив на медицинскиот персонал, што значи недостасува 50 отсто од кадарот, ситуацијата станува алармантна, посочуваат од Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Македонија (ЗМСТАМ), од денешнот прв симпозиум на медицинските сестри […]

Автобус на ЈСП и „пунто“ се судрија на „Партизанска“


Попладнево се случи сообраќајна незгода на булеварот „Партизански одреди“, кај библиотеката „Браќа Миладиновци“. Во незгодата учествувале автобус на ЈСП со број 19 и автомобил „фиат пунто“. Наводно, во автобусот имало патници, но никој не побарал помош, што значи нема повредени.

Десет тужби за надомест на штета поради каснување од куче за четири години во Кавадарци


 Десет тужби за надомест на штета поради каснување од куче, биле поднесени во кавадаречкиот суд, за изминатите четири години. Ова го потврдија за МИА од Основниот суд. – Во период од 2019, заклучно со 2022 година, пред овој суд се поведени 10 судски постапки по тужби на физички лица, за надомест на штета од каснување […]

Утре почнува втората фаза од продажбата олимписки билети


Втората фаза од продажбата на влезници за Олимписките игри 2024 во Париз започнува утре, а оние кои ќе бидат извлечени ќе можат да купат исклучиво поединечни билети. На жрепката за втората фаза се пријавени четири милиони луѓе, кои се надеваат дека ќе можат да изберат и купат влезници за тоа што најмногу ги интересира. Од […]

УНИЦЕФ повикува на итни активности за поддршка на менталното здравје на децата во училиштата


Претставници од УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, денеска имале средба со тим од професионалци и експерти за ментално здравје за да разговараат за итни активности коишто ќе обезбедат дополнителна поддршка на децата во последните шест недели од оваа учебна година. Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје информира дека состанокот […]

Владата ќе потпише анекс со ЕУ, Коридорот 8 влегува во мрежата главни коридори во регионот и во ЕУ


Владата денеска донесе одлука за потпишување анекс со Европската унија со што ќе се овозможи Коридорот 8 да стане дел од мрежата главни коридори во регионот и во ЕУ и го овласти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, да го потпише документот, што е предвидено да се случи следната недела во Црна Гора. На […]

Де Ниро: Седмото дете беше планирано


Веста за седмото дете на Роберт де Ниро изненади многу обожаватели на глумецот, но тој не е шокиран оти станал татко на 79 години. На премиерата на филмот „About My Father“ (За мојот татко) синоќа, Де Ниро во интервју за „Пејџ сикс“ (Page Six) појасни дека бременоста била „планирана“. – Како не можете да планирате такви […]

Платите на вработените во здравствените установи зголемени до 3.000 денари


Покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари и 2.000 денари ќе добијат сите вработени во јавните здравствени установи, одлучи Владата на последната седница. Оттаму информираат дека министерот за здравство Фатмир Меџити ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните […]

Граѓанските организации бараат оставки од сите членови на Судскиот совет


Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара оставки од сите членови на  Судскиот совет и формирање друг состав, со образложение дека последните настани докажале дека ја загубил легитимноста да биде тело што ќе ја штити судската независност. – Веќе втора недела јавноста сведочи како Судскиот совет континуирано отстапува од Законот за Судскиот совет […]

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата за прислушуваните материјали


  Уставниот суд одлучи да не поведе постапка по иницијативите на Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје, во врска со прислушуваните материјали. Како што инфомираат оттаму, Судот оценил дека членот 110 од Законот за Јавното обвинителство не е во спротивност со Уставот и одредбите на кои се повикуваат подносителите.  […]

Над 200 деца вакцинирани во рамки на кампањата „Од врата до врата“ на МЗ и СЗО


Досега над 200 деца се вакцинирани на лице место за пропуштени рутински вакцини и се поделени повеќе од 4.000 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација „Од врата до врата“. Кампањата почна на 24 април, како дел од Европската недела на имунизација 2023 година и се реализира […]

Директор во СЗО предупредува дека обезните деца можеби ќе живеат пократок живот


Извршниот директор на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) Роб Батлер денеска во Загреб предупреди дека последиците од дебелината кај децата значително ќе влијаат на квалитетот и должината на животот на идните генерации. – Ако не дејствуваме сега, последиците во иднина ќе бидат големи и ќе влијаат на нашите економии, здравствени системи и на […]

Американскиот конгресмен републиканец, Џорџ Сантос, уапсен по лажните наводи во биографијата и финансиите


  Американскиот конгресмен Џорџ Сантос, њујоршки републиканец познат по измислувањето клучни делови од неговата животна приказна, беше уапсен во средата по федерални кривични пријави пред очекуваното појавување на суд. Во обвинението се вели дека Сантос ги навел поддржувачите да донираат на компанија под лажен изговор дека парите ќе бидат искористени за поддршка на неговата кампања. […]

Украина тврди дека извела успешен контранапад кај Бахмут


  Украинската војска им нанела „огромни загуби“ на руските сили во успешниот контранапад во близина на источниот град Бахмут во средата, тврдат украинските власти. Говорејќи во видео споделено на Телеграм, Андриј Билецки, шеф на 3-та напаѓачка бригада на Украина, рече дека „единиците на 72. бригада на Руската Федерација се поразени“. „6-та и 8-та чета на […]

И тетовски основци правеле список со ученици и закани


  СВР Тетово информира дека нивни службеници и претставници на соодветни служби извршиле разговор со 11 годишни ученици, откако добиле пријава дека децата оставиле лист хартија во тоалет со напишани имиња на други ученици и напишани закани кон нив. Станува збор за ученици во основно училиште во градот. -Денеска (10 мај), во присуство на нивните […]

Промена на рутите и целната локација на дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“


  Дефилето на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот што ќе се одржи во сабота, 13 мај 2023 ќе започне во 11:00 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотел Холидеј ин и на мотоциклистите во 11:30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе […]

Гир: Загрижува означувањето со европско знаме на законите за коридорите


Системот на европско знаменце се користи кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во одговор на новинарско прашање, […]

Како се формира цената на берзата на електрична енергија


Денот на тргувањето на Македонската берза на електрична енергија покажа дека профункционираа системите на кои се тргува, кои се исти со системите кои се користат и во земјите од Западна Европа. Имаме успешен прв ден на тргување, истакна управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Симон Шутиноски.   -Тргувањето беше успешно, […]