Два гола за три минути: Интер со една нога во финалето на ЛШ по победата над Милан


Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2.0.

Едик Џеко го отвори резултатот во 8. минута, а три минути подоцна Хенрих Мхитарјан го удвои водството на „нероаѕурите“.

Реваншот ќе се игра на 16 мај.

На првиот натпревар во другата полуфинална пресметка, Реал Мадрид и Манчестер сити вчера одиграа нерешено 1:1.