Сакале на диво да градат кај поликлиниката Бит Пазар, приведени две лица


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска соопшти дека две лица се приведени во врска со обидот за узурпација и диво градење зад поликлиниката Бит Пазар. Како што рече Спасовски, случајот бил пријавен синоќа, по 19 часот, а полицијата веднаш реагирала. По наредба на јавен обвинител одеземена е градежната машина, а кривичната пријава против двете […]

Реал Мадрид и Барселона на 29 јули ќе ги одмерат силите во Тексас


Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона ќе одиграат на 29 јули пријателски натпревари во Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас, во рамки на турнир кој вклучува уште шест екипи, соопштија организаторите. Ова ќе биде трет пријателски натпревар меѓу Реал и Барселона во САД, по Мајами 2017 и Хјустон, минатиот јули. Покрај двата шпански гиганти, на […]

Утре повремен дожд, од понеделник поројни врнежи


Утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени, соопшти УХМР. Од понеделник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на […]

Финансиските лидери на Г7 ветија дека ќе ја запрат инфлацијата и ќе ги зајакнат синџирите на снабдување


Финансиските лидери на Групата седум најбогати либерални демократии (Г7) на крајот од тридневниот состанок во Јапонија изразија поддршка за Украина и решеност да се обезбеди спроведување на санкциите против Русија поради нејзината агресија. Министрите за финансии на Г7 и шефовите на централните банки ги завршија разговорите во Нигата, Јапонија, со заедничка изјава во која наведоа […]

Совет за македонски јазик: Да се прогласи „Културен комплекс Блаже Конески“


Советот за македонски јазик покрена иницијатива родната куќа на Блаже Конески во Небрегово и училницата во селското училиште каде учел прво одделение да се прогласат за „Културен комплекс Блаже Конески“. Ова е воедно и одлука од последната седница која Советот, симболично ја одржа во спомен-куќата во Небрегово. Како што објаснува претседателот на Советот професор д-р […]

Австрија ќе го отвори, Велика Британија ќе го затвори финалето на Евровизија


Распоредот за саботното финале на Евровизија е познат, откако во четвртокот нокаут-полуфиналето го комплетираше составот. Дваесет и шест песни ќе бидат изведени во Ливерпул пред очекуваната глобална публика од 160 милиони гледачи. Австрија ќе го отвори шоуто со Теја и Салена и Who The Hell is Edgar? – песна инспирирана од поетот од 19 век, […]

Германија најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра


Германската Влада денеска соопшти дека подготвува нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,7 милијарди евра, вклучувајќи и испорака на бројни тенкови, оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана. – Сите ние сакаме брз крај на оваа ужасна војна на Русија против украинскиот народ, но за жал тоа не е на повидок. Затоа […]

Намален водостојот на Дојранското Езеро


За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, водостојот на Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за мај и тоа за 1,89 метри. Нивоата, пак, […]

Војната во Украина до сега однесе најмалку 480 детски животи


Најмалку 480 деца се убиени од почетокот на војната, соопшти украинското државно обвинителство. Оттаму додаваат дека од почетокот на руската инвазија на Украина, повредени се 968 деца. Последните податоци покажуваат дека се евидентирани 86.237 злосторства на агресија и воени злосторства, заедно со 17.123 злосторства против националната безбедност. Двете кривични дела претставуваат прекршување на Женевската конвенција.

Полска регистрирала неидентификуван објект во нејзиниот воздушен простор кој дошол од Белорусија


Полското Министерство за одбрана денеска соопшти дека открило неидентификуван објект во воздушниот простор на земјата, кој летал од правец на Белорусија, наведувајќи дека најверојатно станува збор за набљудувачки балон. Министерството на Твитер соопшти дека радарскиот контакт со објектот е изгубен во близина на Рипин, град во централна Полска. Министерството соопшти дека во потрага по тој […]

Измени во Правилникот за урбанистичко планирање за поставување фотоволтаици


Министерството за транспорт и врски пристапи кон измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во насока на овозможување реализација на фотонапонски електроцентрали во планови со исклучиво уредена намена од групата на класи на намени „Г”, соопштија од Министерството. Со оваа измена, како што информира, се доуредуваат постапките за поставување фотоволтаици за искористување на сончевата […]

Се расчистува просторот на поранешен „Технометал – Вардар“


 Општина Центар соопшти дека се расчистува просторот на објектот на поранешен „Технометал – Вардар“ близу улица Македонија. Сопственикот на „Буши Фашион“ и сопственик на објектот на поранешен „Технометал – Вардар“ почна со постапување по решението од Општина Центар и го расчистува просторот од некогашната компанија за трговија со мермер, челик, обоени метали и неметали, опрема, […]

Лејкерси го нокаутираа бранителот на титулата во НБА, „Мајами“ во финалето на Истокот


Кошаркарите на „Лос Анџелес Лејкерс“ го нокаутираа бранителот на титулата во НБА, „Голден Стејт Вориорс“ во второто коло од овогодинешниот плеј-оф. Лејкерси ги надиграа Вориорс со 122-101 во шестиот натпревар на домашен терен и на тој начин се пласираа во финалето на Западната конференција со победа од 4-2. Лејкерси доминантно стигнаа до решавачката четврта победа, […]

Џони Деп потпиша договор со „Диор“ вреден 20 милиони долари


  Американскиот актер Џони Деп потпиша договор со француската модна куќа „Диор“ вреден рекордни 20 милиони долари за рекламирање парфеми за мажи. Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“, наводно го потпишал највредниот договор за поддршка на машки парфем досега. Извор од американскиот магазин Варајати (Variety) потврди дека „Диор“ потпишал тригодишен договор со Деп, кој […]

Сеништето на српскиот свет не е единствениот проблем: Зошто Отворен Балкан во БиХ е под лупа


Во последните неколку недели иницијативата „Отворен Балкан“ предизвика бројни реакции во босанската јавност. Многумина се загрижени што тоа би значело конкретно за БиХ, односно дали приклучувањето кон таков пазарен сојуз би значело и целосна доминација на Србија. Иницијативата „Отворен Балкан“ е развиена од проектот „Мини Шенген“ и ја претставува пред се економската соработка на земјите […]

Богат плен на шпанските власти, запленет бразилски брод со 1,5 тони кокаин


Шпанските власти запленија рибарски брод под бразилско знаме кај Канарските Острови со 1,5 тони кокаин во скриен простор во машинската просторија, соопшти локалната полицијата, откако го внесе пловилото во пристаништето Лас Палмас. Полицајците го уапсија екипажот од шест лица – пет Бразилци и еден државјанин на Венецуела. Рибарскиот брод им го привлекол вниманието на властите […]

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан


Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Петар Пан“ на драмското студио „Миладин“. Режијата е на Ристе Миладинов, а улогите ги толкуваат Дафина Дејкоска, Даниел Спироски, Ива Шајноска, Емилија Спасеска… Влезниците за претставата се 100 денари, а средствата ќе бидат донирани за лекување на Бојан, кој се наоѓа […]

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека


По големиот интерес и постигнатите резултати со афирмацијата на македонистиката на Универзитетот во Риека во изминатите деценија и половина, откако заеднички го чествувавме јубилејот, уште утре треба да започне новото поглавје на нејзиниот развој. И уверена сум дека тоа ќе се случи, затоа што зад таквата определба, со цврста решеност, но и со конкретна визија […]

Планинарски марш на Пелистер во чест на Димитар Илиевски Мурато


Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ во чест и слава на Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест, денеска го организира 34. традиционален планинарски марш на кој учествуваат планинари од земјава и странство. Планинарите до Димев Врв на Пелистер ќе стигнат преку две маршрути, изјави за МИА Диме Попов, претседател на […]

Законодавство ни е речиси половина усогласено со европското, но ќе биде исполнето кога ќе се практикува


Се смета дека нашето национално законодавство е усогласено со европското во обем од приближно 45 проценти. Остваруваме висока продуктивност во креирање на закони и на други јавни политики чија основна цел е да го направат подобар животот во заедницата. Меѓутоа, правото не е исполнето со изгласувањето на некој закон, туку тогаш кога луѓето ќе почнат […]