Џони Деп потпиша договор со „Диор“ вреден 20 милиони долари


 

Американскиот актер Џони Деп потпиша договор со француската модна куќа „Диор“ вреден рекордни 20 милиони долари за рекламирање парфеми за мажи.

Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“, наводно го потпишал највредниот договор за поддршка на машки парфем досега.

Извор од американскиот магазин Варајати (Variety) потврди дека „Диор“ потпишал тригодишен договор со Деп, кој се проценува на 20 милиони долари.

Познатиот актер е заштитно лице на парфемот Dior’s Sauvage откако се појави на пазарот во 2015 година.

Бернард Арно, шефот на матичната компанија на Диор, LVMH, штотуку го издвои „имиџот на Џони Деп“ како една од главните причини зошто Sauvage постигнал „значаен успех“.

За време на контроверзната правна битка против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, „Дизни“ и „Ворнер Брос.“ ја прекинаа долгогодишната соработка со актерот.

Сепак, LVMH продолжи да соработува со него, а рекламите за популарниот машки парфем продолжија да се појавуваат и во текот на судската постапка, кои јавноста ги следеше со голем интерес.

Деп успешно ја тужеше Херд за клевета откако Вашингтон пост ја опиша како „јавна личност која е слика на семејно насилство“ во 2018 година.

Иако Херд не го спомна конкретно името на Деп во текстот, таа претходно го обвини за семејно насилство.

Деп во тужбата навел дека обвинувањата на Херд го чинеле десетици милиони долари во изгубени деловни можности.

Поротата во американската сојузна држава Вирџинија одлучи Деп, ѕвездата од серијата „21 Jump Street“, да добие отштета од над 10 милиони долари.

Во противтужбата на Херд му биле досудени два милиони долари.

Двојката се венчаше во февруари 2015 година, откако се сретнаа на снимањето на “The Rum Diary” во 2011 година.

Херд поднесе барање за развод следната година.

По жестоката поделба, тие се соочија со низа судски процеси, вклучително и тужба, која Деп ја загуби, против британски таблоид за клевета, откако го нарече „тепач на сопругата“.

Деп се опорави од неговите правни битки пред очите на јавноста.

Минатиот август, тој беше „ненадеен гостин“ на MTV Video Music Awards со тоа што неговото лице беше надредено на астронаут кој лебдеше над публиката.

Во ноември, тој се појави и како специјален гостин на модната ревија на пејачката Ријана, Savage X Fenty.

„Jeanne du Barry“, првиот филм на Деп по правната постапка со Херд, ќе биде премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во вторник, 16 мај, како што беше најавено минатиот месец.