Без вода дел од улиците „Народен Фронт“ и „Васил Ѓоргов“ во Центар


 Поради промена на затварач ф 80 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.13, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Народен Фронт“ и дел од ул.„Васил Ѓоргов“.  Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот до завршување со работните активности.

„На секое дете му треба семејство“ – кампања за згрижувачки семејства


Во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“ во Скопје денеска ќе биде претставена кампањата за згрижувачки семејства „На секое дете му треба семејство“. Кампањата, како што е најавено, ќе ја претстават министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. На настанот ќе присуствуваат згрижувачки семејства и стручни […]

Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања


Собраниската Комисија за европски прашања на денешната седница треба да го разгледа Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за градење, по скратена постапка, кој е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. Претходно, Комисијата ги разгледа и на натамошна собраниска постапка […]

Облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. […]

За прв пат во историјата затворени делови од Националниот парк Крка, водата однесе мост


По силните дождови Хрватска се бори да ги задржи реките во нивните корита, но тие се излеваат и прават проблеми. Излеани се реките Крка, Добра, Корана, Мрежница, на делови Сава и огромни количини вода носат и во Босна и Херцеговина каде дополнително прават проблеми. Јавната установа Национален парк Крка извести дека поради високиот водостој на […]

Шефот на ЧетГПТ пред Конгресот: Вештачката интелигенција носи големи ризици, но и потенцијал да најде лек за ракот


Претседателот на компанијата што го разви софтверот за вештачка интелигенција ChatGPT Сем Алтман на денешното сослушување пред американскиот Конгрес изјави дека владината интервенција е клучна за да се ублажат ризиците од производството на сè помоќните системи со вештачка интелигенција (ВИ) од новата генерација. „Како што напредува оваа технологија, сфаќаме дека луѓето се загрижени за тоа […]

Катрин Денев официјално го отвори 76. Кански филмски фестивал


Актерката Катрин Данев вечерва официјално го прогласи за отворен 76. Кански филмски фестивал на свеченост што ја водеше нејзината ќерка, глумицата Кјара Мастројани. „Го прогласувам 76-от Кански фестивал за отворен“, рече Данев, легендата на француската кинематографија, зборувајќи покрај американскиот актер Мајкл Даглас, кој ја изговори истата реченица на англиски неколку минути откако му беше врачена […]

Ворен Бафет продава акции во две банки, се обложува на Банката на Америка


  Ворен Бафет ја намали изложеноста на уште две банки минатиот квартал додека го зголеми својот удел во Банката на Америка (Bank of America – BAC) и купи нови акции на Капитал уан (Capital One). Милијардерскиот инвестициски конгломерат „Беркшир Хатавеј“ за 1,4 милијарди долари продаде од своите преостанати акции во Банката на Њујорк Мелон и […]

Потпишан договор Фронтекс да ги чува црногорските граници


Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ и еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска во Брисел потпишаа договор за оперативните активности што во Црна Гора ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Аџиќ, како што соопшти Министерството, изрази задоволство од потпишувањето на новиот договор со Фронтекс, кој во голема […]

Вработените во ЈСП најавуваат штрајк од јуни


Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје бара итно усогласување на платите со минималецот, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието. Од Синдикатот на ЈСП најавија дека ќе излезат на штрајк од идниот месец ако не им бидат зголемени платите. За зголемување на платите се потребни пет милиони денари месечно, односно 60 […]

Силно невреме во Кичево и регионот


Во предвечерните часови Кичево го зафати силно невреме проследено со пороен дожд, град и интензивни електрични празнења. За час улиците се претворија во вистински реки што оневозможи сообраќајот да се движи непречено. Поради обилните врнежи се излеаја повеќе шахти. Вистинската штета од ова невреме допрва ќе се утврдува ако се има предвид количеството на град […]

Украина се приклучи Центарот на НАТО за кооперативна сајбер одбрана (NATO CCD COE)


Украина официјално се приклучи на Центарот за извонредност на НАТО за кооперативна сајбер одбрана (NATO CCD COE), со седиште во Естонија. „Денеска, националното знаме на Украина беше официјално подигнато во седиштето на Кооперативниот центар на НАТО за извонредност за кибер-одбрана во Талин, со што се означи официјалното пристапување на Украина во ЦЕК на НАТО за […]

ЕУ и еврозоната во првиот квартал милиметар од стагнација


Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) во 20-члената еврозона порасна за 0,1 отсто во првиот квартал во споредба со претходниот квартал кога стагнираше, објави Евростат. Во ЕУ БДП порасна за 0,2 отсто, што е за 0,1 процентен поен пониско од прогнозата на Евростат на крајот на април. Во последните три месеци од минатата година е намален […]

Апокалиптични слики од поплавите во Италија – евакуирани околу 900 лица


Околу 900 лица се евакуирани од своите домови поради поплавите во Италија предизвикани од новиот бран дождови. Над 500 лица се евакуирани во областа Равена, а 200 од нив во Болоња. Сите останати исто така се евакуирани од регионот Емилија Ромања, јавува АНСА. Околу 900 доброволци за цивилна заштита помагаат во итните случаи, вклучувајќи ги […]

Дуелот на македонските ракометари со Франција го отвора ЕУРО2024


Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го одреди распоредот и локациите на кои ќе се игра ЕУРО2024 кое ќе биде отворено со дуелот меѓу македонската ракометна репрезентација и Франција на 10 јануари идната година. Натпреварот на македонските ракометари против трикратниот европски првак ќе се игра во Меркур – Шпил Арена во Дизелдорф со почеток во 18:00 […]

Измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање поминаа на Комисијата за европски прашања


Собраниската Комисија за европски прашања попладнево ја заврши расправата за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, и го проследи на натамошна постапка во Собранието. Во попладневниот дел од работата, Комисијата не усвои ниту еден од седумте предложени амандмани за предлог-законското решение од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш […]

Принцот Хари ги тужи британските власти: Не му дозволиле да плати за да има полициско обезбедување


Адвокатот на принцот Хари денеска пред судот во Лондон изјави дека на овој член на британското кралско семејство треба да му се дозволи да ја оспори владината одлука која му го ускрати правото да плати за полициска придружба за време на неговата посета на Велика Британија. Адвокатот на Хари побарал од судијата да му дозволи […]

Почнаа градежни активности за минихидроцентралата Мала Река кај Кочани, здруженија реагираат за користењето на локалниот пат


Градежна механизација и работници ги почнаа подготвителните работи за изградба на мини хидроцентралата Мала Река кај браната Гратче кај Кочани. Активностите се однесуваат на пробивање пристапен земјен пат до локацијата на која треба да се гради објект за електромашинскиот дел на хидроцентралата и за поставување на цевководот. Според одговорните лица во фирмата изведувач, градежните работи […]

Александар Јорданов „исвиркан“ во македонскиот парламент


  Попладнево се случи бугарско сценарио во македонскиот парламент. Европарламентарецот Александар Јорданов, кој е член на коалицијата ГЕРБ-СДС и на групата Европски народни партии, се обиде да испровоцира инцидент тврдејќи среде расправата на Мешовитиот комитет Македонија- ЕУ дека Гоце Делчев е Бугарин, дека браќата Миладиновци објавиле бугарски народни песни а ги нарекле македонски само затоа […]

Во наредниот период променливо облачно со дожд и засилен ветер


Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. […]