Загадувањето со пластика може да се намали за 80 проценти со рециклирање и повторна употреба


 Загадувањето со пластика би можело да се намали за 80 проценти до 2040 година, доколку земјите и компаниите направат длабоки промени во политиката и пазарот, соопшти Програмата на ОН за животна средина (УНЕП). За да се направи ова, треба да има повеќе повторна употреба, рециклирање и повеќе преориентирање и диверзификација на пластичните производи, велат авторите […]

Во овој период од годината да не ги сушите алиштата надвор! Во ризик сте да си го влошите здравјето


Еве зошто не треба да ги сушиме алиштата надвор во овој период од годината! Во овој период од годината, многу луѓе се жалат дека поленот им прави сериозни проблеми. Кивањето, чешањето на носот и очите се само некои од симптомите на алергија кои многумина ги мешаат со настинка или вирусна инфекција. Растенијата кои ги идентификуваме […]

Кина апелира до странските мисии да ја отстранат „политизираната пропагандата“ од своите згради


  Кина ги повика странските мисии да ја отстранат „политизираната пропагандата“ од своите згради, изјавија неименувани дипломати. Тие тврдат дека барањето најверојатно се однесува на украинското знаме, што беше истакнато од почетокот на руската инвазија. Неколку недели откако Русија ја започна, како што ја нарекува својата „специјална воена операција“ во Украина, плакат со украинско знаме […]

Google ќе ги избрише налозите на Gmail кои не биле користени две години


„Гугл“ ќе ја „заостри“ својата политика во врска со неактивните Gmail налози оваа година. Оние кои сакаат да ја задржат својата адреса на Gmail ќе мора да се логираат барем еднаш на секои 24 месеци бидејќи Google објави нова политика за неактивни сметки. Според „старите правила“ од 2020 година, кога беше укинат неограничениот простор за […]

ФИТР ќе прави центар за иноваторство „MakerSpace“


  Со воспоставување на четирите нови лаборатории, младите истражувачи и креативци од денеска добиваат нови современи лаборатории опремени со најнова технологија и опрема, каде ќе можат слободно да работат на своите иновации и креативни решенија. Овие лаборатории ќе претставуваат отворен простор, каде младите ќе имаат можност да соработуваат со приватниот сектор, високообразовните и научни установи, […]

Штандот на „Брако“ привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа


„Брако“ учествуваше на Отворениот ден на средното техничко училиште „Коле Неделковски“ во Велес, во пресрет на уписните рокови на новата генерација ученици. На штандот на „Брако“ младите ученици можеа да добијат информација како и на кој начин практично ќе учат за својата струка во рамките на фабриките во склоп на „Брако“, кој е една од […]

На изборите во Црна Гора поднесени 17 листи, меѓу нив и „La casa de papel“


За парламентарните избори во Црна Гора, кои се закажани за 11 јуни, свои листи поднесоа 17 политички субјекти. До истекот на рокот на полноќ листи доставија „Правда за сите“ Владимир Лепосавиќ, листата „La casa del papel-Куќа од хартија“, движењето „Пресврт“, Движењето за промени, сојузот „Можеме за граѓанска Црна Гора“, Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ), како и […]

„Голден Арт“ со најдобра понуда во овие економски услови


Проектот “4 степени” во општина Аеродром на Голден Арт е ретка можност за купувачите на станови кои бараат исклучителна вредност и квалитет за ограничените средства со кои располагаат. Едноставно истражување на други градилишта и кај други компаниии кои градат во моментов го открива супериорниот квалитет на методологијата за градба на Голден Арт со т.н. “Голден Арт систем”. Со долгогодишна репутација […]

МОН прифатил четири предложени мерки од Сојузот на средношколци – барале тет-а-тет средби со психолозите


Сојузот на средношколци ја проследи вчерашната прес-конференција на министерот за образование и наука Јетон Шаќири на која тој ги ги презентираше десетте препораки на Владата околу менталното здравје на учениците и меѓуврсничкото насилство во училиштата.  Сојузот констатираше дека нашите четири предлог-мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од страна на […]

Оксфам: Г7 им „должи“ на сиромашните држави 13 трилиони долари


Богатите и индустријализираните земји од Г7 им должат на сиромашните земји околу 13 трилиони долари неплатена помош за развој, како и поддршка во борбата против климатските промени, процени хуманитарната организација Оксфам. Наместо да ги исполнуваат своите обврски, земјите од Групата седум и нивните банки бараат отплата на долг од 232 милиони долари дневно, објави Оксфам […]

Тој е сон на секоја жена: И Мадс Микелсен е во Кан (фото)


Данскиот актер Мадс Микелсен заедно со сопругата Хана Јакобсен присуствуваше на церемонијата на отворањето на 76. Кански филмски фестивал. Тој на црвениот тепих пристигна во целосно црно издание, додека неговата сопруга блескаше во розова облека. Мадс, кој порано беше танчер, а сега е светски популарен актер, еднаш рече дека не планира ништо: „Очигледно повеќе сакам […]

Ковачевски во Рејкјавик се сретна со Мишел, Макрон и Де Кро


  Премиерот Димитар Ковачевски на маргините од 4. Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд, имаше куси средби со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со францускиот претседател Емануел Макрон и со белгискиот премиер Александар Де Кро.  Ковачевски на Фејсбук објави дека имал срдечна средба со Шарл Мишел, како што наведува „голем пријател и […]

Австралија ја откажа средбата на „Четврката“ во Сиднеј поради отсуство на Бајден


Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска изјави дека Самитот на „Четворката“ нема да се одржи во Сиднеј следната недела без американскиот претседател Џо Бајден, кој го одложи патувањето во Австралија поради разговорите за границата на долгот во Вашингтон. Албанес најави дека лидерите на Австралија, САД, Индија и Јапонија ќе се сретнат на Самитот на Г7 во […]

Повторно дојави за бомби во училишта во Белград


Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги […]

Рецитал на пијанистот Дино Имери во Филхармонија


Во Големата сала на Филхармонија вечерва ќе настапи пијанистот Дино Имери. Концертот е насловен „Ишарет“, а на програмата се дела од Де Фаља, Момпу, Равел и Бизе. Дино Имери (1990) е еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапува на престижните сцени низ светот како гостин на врвни оркестри, рецитален уметник и како камерен музичар. Настапувал во […]

Пораст на бројот на самохрани татковци во Германија


Уделот на татковци меѓу родителите кои сами ги воспитуваат децата во Германија се зголемил од 10 на 15 отсто во последните 10 години, соопшти Сојузниот завод за статистика во пресрет на Денот на татковците, 18 мај, јави ДПА Во апсолутни бројки, самохраните татковци во 2022 година биле за 44 отсто повеќе отколку во 2012 година […]

Денвер со победа ја започна серијата со Лејкерси во конференциското финале


 Денвер нагетс ноќеска ги совлада Лос Анџелес лејкерс во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА со 132:126. Најдобар играч во победничката екипа беше Никола Јокиќ кој стигна до трипл-дабл, 34 поени, 21 скок и 14 асистенции. Во поразениот тим се истакна Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скока. Вториот натпревар во […]

Димитријевиќ МВП на плејофот во ВТБ-лигата


Македонскиот кошаркар и играч на УНИКС Казан, Ненад Димитријевиќ, ја доби наградата МВП (најкорисен играч) на плејофот на ВТБ-лигата за сезона 2022/23. Вчера УНИКС Казан го совлада Локомотив-Кубан Краснодар во петтиот меч од финалната плејоф серија (98:89, 4-1) и стана победник на ВТБ Јунајтед лигата за прв пат во клупската историја. Македонскиот репрезентативец постави личен […]

Климатските промени го натераа Лондон да ги забрза плановите за заштита од поплави


Велика Британија ги забрзува плановите за заштита на Лондон од поплави предизвикани од глобалното затоплување и зголемувањето на нивото на морето, со тоа што својот работен план за заштита на центарот на градот го забрза за 15 години. Лондон, кој се наоѓа на плимниот дел на реката Темза, на околу 80 километри од морето, моментално […]

Гувернерот на Флорида испраќа повеќе од 1.100 војници на границата со Мексико


Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, соопшти дека планира да испрати повеќе од 1.100 војници на Националната гарда и службеници за спроведување на законот во Тексас за да помогнат во обезбедувањето на границата меѓу САД и Мексико. Републиканскиот гувернер рече дека испраќа 800 војници, 200 службеници од Одделот за спроведување на законот на Флорида, 101 државен […]