Тој е сон на секоја жена: И Мадс Микелсен е во Кан (фото)


Данскиот актер Мадс Микелсен заедно со сопругата Хана Јакобсен присуствуваше на церемонијата на отворањето на 76. Кански филмски фестивал.

Тој на црвениот тепих пристигна во целосно црно издание, додека неговата сопруга блескаше во розова облека. Мадс, кој порано беше танчер, а сега е светски популарен актер, еднаш рече дека не планира ништо:

„Очигледно повеќе сакам филмови, бидејќи повеќе не сум танчер. Да бев танчер ќе се пензионирав пред 20 години. Ништо не беше планирано со мене, работите се случија случајно. Никогаш во животот не сум гледал балет пред да станам танчер, никогаш не сум гледал претстави пред да станам актер. Работите само се случија и луѓето ме прашуваа дали сакам да се обидам. И немав што друго да правам, па направив“.

Актерот кој се прослави со филмовите „Hunting“, „One More Tour“, „Doctor Strange“, „Pusher“, „King Arthur“ и други е познат и како многу привлечен човек со специфична харизма и убавина.