Публиката танцуваше на „Кантон 6“ на „Катовице ЏезАрт Фестивалот“


Во концертната сала на Катовице Миасто Огродов (Katowice Miasto Ogrodów), иако седната, публиката танцуваше за време на настапот на „Кантон 6“ кој ја одушеви со современиот електро-џез, комбинација на електроника и тромбон во живо и музика инспирирана од автохтониот бит и фолклор на нашата земја. За впечатливоста на настанот придонесе и адекватната визуелизација од архивски снимки […]

Белорускиот дисидент, Роман Протасевич, осуден на осум години затвор


  Белорускиот опозициски активист, кој беше уапсен откако неговиот лет со  „Рајанер“ принудно слета во Минск, е осуден на осум години затвор. Роман Протасевич беше извлечен од авионот и уапсен под обвинение за поттикнување немири во мај 2021 година. Во четвртокот, регионалниот суд во Минск го прогласи за виновен за серија прекршоци поврзани со неговата […]

„Заедно“ во Брисел: Илхан Ќучук отвори изложба на уметници од Бугарија и Македонија во Европскиот парламент


Заедничка изложба наречена „Заедно“ на уметници од Бугарија и Северна Македонија беше отворена синоќа во зградата на Европскиот парламент во Брисел од европратеникот Илхан Ќучук. Специјален гостин на настанот беше претседателката на ЕП Роберта Мецола. Според неа, Европската Унија и Парламентот се посветени на унапредување на долгорочните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. „Ќе продолжиме […]

Арбер Адеми: Ако има една изборна единица, мора да има и отворени листи


  Работната група за реформи во изборното законодавство одржа конститутивна седница на која како претседател е избран Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК. Оваа работна група  ќе има првенствена задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а потоа ќе работи на нов Изборен законик. Во работната група се вклучени претставници на политички партии, […]

Ле Мер инсистира на договор за намалување на цените на храната до есен


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска најави дека следната недела ќе се сретне со трговците на мало и добавувачите за да разговара за начините да се прекине инфлаторната спирала на цените на храната до есен. Француските трговци со храна се согласија на просечно зголемување на цената од 10 отсто во годишните преговори во […]

Протестираат болните од цистична фиброза, министерот за финансии ги викна на разговор


Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза штотуку беа повикани на состанок со министерот за финансии. Пациенти со цистична фиброза денеска протестираат пред Министерството за финансии бидејќи, како што велат, немаат одговор од надлежните институции, до каде е набавката на лекот „трикафта“ за сите на кои им е неопходна. „Сакаме лек, не комодитет“ и „Нема да […]

Лога уште чека записник од разрешувањето на Дамева


Министерот за правда, Кренар Лога,се уште не го добил записникот од седницата на Судскиот совет, која се одржа на 26 април, на која беше разрешена претседателката Весна Дамева. -Денеска проверивме пред да дојдеме овде и дека такви записници не се пуштени кај нас. Немаме никаква информација освен тоа што вие го имате дадено како медиуми. […]

СДСМ поднесе законски измени, ќе нема веќе камати десетици пати поголеми од долговите


  СДСМ и парламентарното мнозинство предложи законски измени со кои се ограничува каматата за да не може да биде поголема од долгот.Станува збор за предложени измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување.Со овие измени казнената камата нема да може да биде поголема од долгот. Односно, кога износот на стасаната, а не исплатена […]

Клубот на Македонците во Бугарија ќе биде преместен поради притисоците


  Откако вчера претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков објави дека македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ ќе биде затворен, денеска од ОМО Илинден-Пирин информираа дека станува збор за шпекулации. Копретседателот на партијата, Стојко Стојков за „Локално“ кратко изјави дека Кирјаков е манипулатор и провокатор. -Тој работи против сите македонски активисти и […]

Посебен режим на сообраќај за денеска и утре во Скопје – 120 години од смртта на Гоце Делчев


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од 19 часот денеска (03.05.2023 – среда) и утре (04.05.2023 – четврток), по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. […]

„Самсунг“ ја забрани употребата на ChatGPT и други алатки за вештачка интелигенција


Заедно со „Самсунг“, некои банки од Вол Стрит ја забранија или ограничија употребата на алатки за вештачка интелигенција во деловните процеси. Самсунг неодамна имаше проблеми со протекување на сопствените доверливи деловни податоци, така што е воведено ново правило – да не се користат популарните алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT, Google Bard и Bing од […]

Тренчевска: СИДА се нашите долготрајни партнери во делот на унапредување на родовата еднаквост


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како предводник на делегацијата на студиската посета во Стокхолм, Шведска денеска се сретна со претставниците на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – (SIDA). Кои се главни поддржувачи на проектот „Советодавни услуги за администрацијата на Република Северна Македонија на централно ниво за интегрирање на родовата перспектива- (GEF)“. На средбата […]

Лога: Демократијата зависи од слободата на говор и независноста на медиумите


Министерот за правда Кренар Лога им го честиташе 3 Мај- Светскиот  ден на слобода на медиуми на сите новинари, сниматели, фоторепортери , медиуми и медиумски работници. ,,Новинарите мора да работат професионално и одговорно и да бидат ослободени од секакви притисоци. Слободно новинарство е еднакво на квалитетно новинарство. Слободни и независни медиуми се неопходни за промоција […]

Прва конференција за недвижности поддржана од „Гранд Скопје“: Најновите трендови тема на разговор помеѓу експертите


За прв пат на македонскиот пазар, локални и меѓународни професионалци за недвижности ќе се сретнат на едно место, за да разговараат за најновите трендови, перспективи и предизвици со кои се соочува индустријата за комерцијални недвижности. Оваа единствена можност ја креира првата Конференција за недвижности која на 10 мај ќе се одржи во Скопје, а на […]

Тестовите сè уште не се испечатени: Ќе се полага ли државна матура?


Над 15.000 матуранти се во неизвесност и под притисок за тоа дали ќе се полага државната матура, откако 29 вработени во Државниот испитен центар (ДИЦ) пред една недела почнаа штрајк. Тие велат дека се стопирани сите процеси што се во надлежност на Центарот, меѓу кои е организацијата на државната матура. Лука Павичевиќ од Сојузот на […]

Мјанмарската хунта помилува повеќе од 2.000 политички затвореници


Мјанмарската хунта помилува повеќе од 2.000 политички затвореници за да го одбележи денешниот будистичкиот празник. Војската уапси илјадници демонстранти и активисти по државниот удар во февруари 2021 година, кој стави крај на краткиот демократски експеримент на Мјанмар и ја втурна земјата во превирања. Помилувани се 2.153 затвореници кои отслужуваат казна според Кривичниот законик по повод […]

УПОЗ: Контиунирано и сериозно се кршат правата од работен однос во УЈП


Синдикатот на УПОЗ, како потписник на Колективниот договор во Управата за јавни приходи, денеска преку соопштение реагира на, како што велат, континуираното и сериозно кршење на правата од работен однос во оваа институција. Според УПОЗ, во оваа институција долг временски период се ограничуваат правата на вработените со носење на поединечни акти на работодавачот, не се […]

Грција на 107 позиција на глобалниот индекс за слободата на медиумите, последна во ЕУ


На 107-та позиција во светот според индексот за слободата на медиумите се најде Грција во извештајот за 2023 година на Репортери без граници и е најлошо позиционирана, како на Балканот, така и во Европа, со исклучок на Турција, јави дописничката на МИА од Атина.  Минатата година Грција беше една позиција пониско, меѓутоа, оваа година поените […]

Ученикот направил масакр во училиштето во Белград: Убиени осум деца, чувар и професорка?


Осум деца, припадник на обездедувањето и професорка се убиени кога 14-годишно момче пукаше во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави Б92, потенцирајќи дека засега нема официјална потврда. Момчето упаднало на час по историја и почнало да пука кон учениците, потврдено е за Б92. Едно дете е животно загрозено и во моментов е на операција каде […]

Колку точно брашно има во чаша од 2 или 2.5 децилитри- еве како да не погрешите


Во продолжение дознајте колку грама брашно има во чаша од 200 и 250 милилитри. Брашното е разновиден производ што го користат илјадници луѓе секој ден. Често се случува итно да се употреби некоја состојка, но или немате вага или е расипана. Обично, луѓето користат прибор за јадење како замена за овој тип на опрема. Лажиците […]