Ученикот направил масакр во училиштето во Белград: Убиени осум деца, чувар и професорка?


Осум деца, припадник на обездедувањето и професорка се убиени кога 14-годишно момче пукаше во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јави Б92, потенцирајќи дека засега нема официјална потврда.

Момчето упаднало на час по историја и почнало да пука кон учениците, потврдено е за Б92.

Едно дете е животно загрозено и во моментов е на операција каде му се третира повреда на главата. Други две деца се хоспитализирани со прострелни рани и во моментот се на интензивна нега.

Напаѓачот е уапсен.

Сведоштво на една ученичка

Една ученичка во истото училиште сведочиз а тоа што се случувало утрово.

Како што вели, за време на самото пукање се качила на катот во училиштето и слушнала звуци кои наликувале на петарди.

„Слушнав звуци, мислев дека децата фрлаат петарди. Но потоа видов дека обезбедувањето падна на подот, а потоа се вратив, не ми дозволија да се качам горе. Наставничката по физичко сакаше да се качи горе, но ѝ реков да не оди, бидејќи чуварот падна на подот, дека е пукано во него, па отидовме на безбедно“, вели Евгенија.

Таа додаде дека слушнала дека ученикот кој пукал влегол во паралелка и почнал да пука.

„Едно момче е застрелано во ногата, едно девојче е рането и мислам дека уште две момчиња. Беше страшно“, изјави потресената ученичка од училиштето во Врачар.

Според пишувањата на медиумите, момчето испукало дури 20 куршуми.

„Бев долу, имавме физичко образование, слушнав пукотници, континуирано… Не знаев што се случува, се допишувавме преку смс пораки, некои деца не одговараа и се плашевме…“ таа вели.

Како што додава, тогаш сите биле евакуирани.

„Сите се сместивме во една мала соба во училиштето, па не префрлија во гимназијата, таму беше безбедно, а потоа излеговме. Прво не ѝ кажав на мајка ми, за да не ја стресам, но потоа ѝ кажав дека сум безбедна“, вели Евгенија.

Како што додава, таа и ученикот кој утринава пукаше во училиште учеле во ист клас.

„Беше тивок, изгледаше убаво, имаше добри оценки. Не беше отворен со сите, но не би очекувала да се случи вакво нешто”, заклучува девојката.