Османи објаснува: Амбасадорот Тодоровски направи редица прекршувања – и финансиски и дипломатски


  Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, попладнево ја дополни информацијата за повлекувањето на амбасадорот во Прага, Чешка – Сашко Тодоровски со наведување конкретни причини за таквата одлука одобрена од Владата. Според соопштението на МНР за прекршувањата во работата на Тодоровски била направена комисија во Министерството кој во извештајот изнела материјални докази и „прецизни констатации“. […]

Европската комисија ја прошири дефиницијата, но и санкциите за корупција


  Европската комисија предложи нови правила за борба против корупцијата во ЕУ и надвор од неа, а ја прошири дефиницијата и санкциите за корупција. Комисијата сака да вклучи проневера, трговија со влијание, злоупотреба на положбата, попречување на правдата и незаконско богатење со коруптивни дела, пренесува Хина. Стандардизирањето на правните дефиниции и санкции ќе помогне во […]

Сашко Георгиев избран за нов претседател на Судскиот совет по нелегитимниот пуч


Иако смената на претседателката Весна Дамева според сите експерти е нелегитимна, денес за  нов претседател на Судскиот совет е избран Сашко Георгиев со осум гласа за и четири против. Поранешната претседателка Весна Дамева не присуствуваше на седницата. Изборот следува откако пред два дена седницата беше одложена, бидејќи членовите не можеа да ги соберат потребните осум […]

Жизел Бундхен ѕвезда на кампањата за чевли на „Џими Чу“


Лос Анџелес–  Жизел Бундхен се врати на сонце. Бразилскиот супермодел е ѕвездата на кампањата на Џими Чу за сезоната лето 2023 година, снимена од Карлијн Џејкобс, која претходно ја сними Кендал Џенер за брендот. Бундхен позира во славните модели на брендот- од папучи до сандали, како шета низ лобито на хотелот; излегува од лифт; уживање […]

И Захариева бара бугарските пасоши да се даваат на свечена церемонија


  Консултативниот совет при Министерството за надворешни работи  да почне да функционира  што е можно побрзо за да може да се решат случаите со стекнувањето бугарско државјанство од граѓани со бугарско самосвест од Македонија. Само така ќе отпаднат лицата кои сакаат да се стекнат со вакво државјанство поради бенефиции, а потоа учествуваат во антибугарски кампањи. […]

За викендот сончево и топло


За време на викендот ќе преовладува претежно сончево и топло време. Утре и во недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. До средината на следната седмица времето ќе биде променливо, локално нестабилно со дожд и грмежи, соопшти УХМР. 

Судскиот совет закажа итна седница за попладнево


Судскиот совет за попладнево со почеток во 16.30 часот закажа итна седница. Седницата на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева, закажана за завчера беше одложена, но не беше соопштена причината. -Судскиот совет на Република Северна Македонија  известува дека  439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 […]

Бугарите што тргнаа во Баница неславно завршија во полиција


Бугари се приведени кај селото Баница, Серско, Грција, тврдат од прес-центарот на бугарската партија Преродба. Според партиски извор, жандармеријата во Грција го опколила просторот околу селото каде што беше убиен и првично погребан Гоце Делчев. Првиот бугарски автомобил кој пристигнал таму бил запрен, а бугарските државјани биле однесени во непознат правец. Таму денеска патуваа оргаанизирано бугарски […]

Кој е Аџеј Банга: Од директор на картичен гигант до прв човек на Светска банка


Одборот на директори на Светска банка во средата го избра поранешниот извршен директор на „Мастеркард“, Аџеј Банга, за претседател со петгодишен мандат, задолжувајќи го експертот за финансии и развој роден во Индија да ја реконструира институцијата со цел да се справи со климатските промени и другите глобални кризи. Банга (63) беше номиниран за оваа функција […]

Претреси во Гевгелиско, пронајдени поголемо количество оружје и муниција, приведени две лица


Денеска, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода А.Д.(44) и Ж.Д.(66), двајцата од с.Богородица, гевгелиско. […]

Црвен килим за „Нешто слатко“ во „Синеплекс“: Сашко и Јелена ќе ве насмеат до солзи


Скопје со црвен килим ќе ја пречека премиерата на романтичната комедија со Јелена Јованова- Периќ и Сашко Коцев „Нешто слатко“ на 6 мај, в сабота, во „Синеплекс“. Во Љубљана премиерно беше претставена уште во февруари под наслов „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко). Филмот е во режија на стенд-ап комичарот Тин Водопивец, Јелена Јованова ја толкува главната […]

Сѐ оди според планот на ГЕРБ: Бродот тоне


ГЕРБ ги направи „сите можни компромиси“ за формирање влада со Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ): – Не попуштија под притисок и не го повлекоа Бојко Борисов ниту од политиката, ниту од медиумите, туку го направија главен преговарач со втората парламентарна партија; – Го добија претседателството на Народното собрание со „џентлменски договор“ да го […]

Најчевска до Османи: Сопругите на амбасадорите не добиваат надомест за да се шетаат туку за дипломатски задачи


Бујар Османи го приватизира Министерството за надворешни работи, му возврати Мирјана Најчевска, сопругата на доскорешниот амбасадор во Прага, Сашко Тодоровски, на Османи по информацијата дека Тодоровски предвреме е вратен од Прага заради нерегуларности, меѓу кои и лажно претставување на неговата сопруга како културен аташе во амбасадата. „Мојот сопруг поднесе оставка. Лакејот на Али Ахмети, кој […]

Убиствата во Србија го запалија алармот во МОН – ќе се ревидира воспитната компонента во образованието


Како креатори на образовните политики, Министерството за образование и наука заедно со Владата и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности веднаш започнува со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата. Очекуваме поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот […]

Српската полиција ги повика граѓаните да го заклучат оружјето по трагедијата во училиштето


  БЕЛГРАД – Српската полиција во четвртокот ги повика граѓаните да ги заклучат пиштолите откако 13-годишно момче ги употреби тие на неговиот татко во пукање во кое загинаа осум негови соученици и еден училишен чувар, испраќајќи шокантни бранови низ нацијата. Илјадници луѓе во Белград и во другите градови низ целата земја положија цвеќе, запалија свеќи […]

Македонија денес ја одбележува погибијата на Гоце Делчев


  Релаксирано, без драми, притисоци и политички уцени од Софија Македонија денес ја одбележа 120-годишнината од загинувањето на еден од нејзините најголеми револуционери, Гоце Делчев. Во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а и околу неа, беше мирно, највисоките политички претставници положуваа цвеќе пред камениот саркофаг каде се наоѓаат моштите на Делчев. Денешната атмосфера не наликуваше […]

Вистински или не, нападот со дрон на Кремљ ја вознемири Русија


  Како што велат руските официјални лица, два украински беспилотни летала долетале во срцето на Москва под превезот на темнината, стигнувајќи до Кремљ пред да бидат соборени во последен момент. Облак од прашања виси над ова тврдење. Зошто соопштението на Кремљ дојде околу 12 часа по наводниот инцидент? Зошто не се појавија извештаи за експлозии […]

ЕЦБ повторно ја зголеми каматната стапка, еурибор највисок од ноември 2008 година


  Европската централна банка денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени додека продолжува да се бори со растечките потрошувачки цени, при што стапките сега се на нивоа што не се забележани од ноември 2008 година. Одлуката доаѓа откако податоците за инфлацијата објавени претходно оваа недела покажаа дека основната стапка се зголеми на […]

Панел-дискусија по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик


По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, утре (5 мај) во Националната опера и балет во 12 часот, во организација на Министерството за култура, ќе се одржи панел-дискусија во насока на афирмацијата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. На дебатата, покрај министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе учествуваат и: заменик-претседателот на Владата за […]

Како ВИ би го направило продолжението на „Војна на ѕвездите“ режирано од Вес Андерсон


Лос Анџелес – Филмаџии, со помош на чет-ботови со вештачка интелигенција (ВИ), обмислија како би изгледал трејлер на филмот „Војна на ѕвездите“ под режисерската палка на Вес Андерсон. Резултатот, видео под наслов „Галактички кафез“ стана хит на интернет-просторот. Создаден од режисерот Кејлеб Вард во име на неговата видеопродукција, едноминутната видеоснимка е прегледана речиси два милиони […]