Ковачевски: За една година и три месеци инсталирани над 190 мегавати од обновливи извори на енергија


Акумулираното знаење од времето кога бев во приватниот сектор направи кога дојдов за премиер да имаме комплетно променета регулатива во делот на инвестиции во обновливи извори на енергија (ОИЕ) и затоа од моето назначување на функцијата до сега, за период од една година и три месеци, во државата се изградени, инсталирани и веќе пуштени во […]

Чествување на Хусто Хорхе Падрон, лауреат на СВП за 1990 година, во Струга


НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија организираат свечен настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон. Настанот ќе се одржи во Паркот на поезијата- Струга на 11 април (вторник) 2023 година во 12 ч.  Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 1990 година, но и голем пријател на Струшките […]

Бесими и Ангеловска-Бежоска во САД на Пролетните средби на Светската банка и ММФ


Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до сабота ќе престојува во работна посета на САД, каде ќе оствари средби со високи претставници во седиштето на ОН, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Од Министерството за финансии информираат дека тој ќе оствари средби со заменик-генералниот секретар на ОН Амина Мохамед и регионалниот директор за Европа […]

Инфлацијата во Грција во март намалена на 4,6 отсто


Инфлацијата во Грција во месец март дополнително се намалила и изнесува 4,6 отсто, намалување што се должи на падот на цените на електричната енергија, бидејќи инфлацијата на храната и прехранбените производи бележи зголемување за 14,3 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно официјалните податоците од Службата за статистика, инфлацијата во земјата минатиот месец е пониска […]

Со „Отворен Балкан“ се забрзува евроинтеграцијата, вели координаторот Марјан Забрчанец


  Иницијативата „Отворен Балкан“ не само што ја забрзува нашата европска интеграција, туку и создава услови ние практично да спроведуваме дел од европските стандарди заедно со земјите од регионот, како подготовка за она што ќе се случува после нашиот влез во ЕУ со сите земји членки, изјави во интервју за „Локално“ Марјан Забрчанец, национален координатор […]

Како компаниите и инвеститорите ќе го користат дигиталниот асистент АДА


  Првиот чекор во користењето на новиот дигатален асистент АДА, е интернете страницата ada.gov.mk  и скенирање на кјуар кодот. Една од најзначајните можности што ги овозможува АДА, базиран на вештачка интелигенција е директната комуникација со потенцијалните инвеститори кои добиваат целосен извештај. „Во моментот кога инвеститорот ги има сите информации добива службена белешка за целиот процес, […]

Елизабета Дуковска избрана за уставна судијка


  Досегашната судијка на Апелацискиот суд од Скопје, Елизабета Дуковска, денеска беше избрана за судија во Уставниот суд. За неа гласаа 64 пратеници во Собранието. Дуковска ќе ја замени Валентина Маркудова чиј деветгодишен мандат истече во декември 2022 година. Елизабета Дуковска беше предлог на Судскиот совет. Таа а е судијка од 2004 година и работела […]

Потпретседателот на Врховниот суд на Грција си поднесе оставка


Потпретседателот на Врховниот суд на Грција и претседател на граѓанскиот сектор во судот Христос Ѕанерикос денеска си поднесе оставка, по реакциите во земјата откако јавно излезе со став за новиот амандман на Владата поврзан со учеството на изборите на партијата на осудениот поранешен пратеник од Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина. Амандманот на […]

Ученичка од Прилеп најдобриот пишувач на есеи на англиски во светот


Петтоодделенката Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп го освои првото место во светот на меѓународниот натпревар или уште како што се нарекува Олимпијадата за англиски јазик, Hippo, во новоформираната категорија за пишување на есеи.  Златаревска вели дека отсекогаш го сакала англискиот јазик, а ова не и било прв пат да биде учесник на […]

Светското шаховско екипно првенство за сениори ќе се одржи во Струга


На последниот состанок на управниот одбор на Светската шаховска организација (FIDE), кој се одржа на 4 април во Мексико, на Шаховската федерација на С. Македонија (ШФМ) и беше доделена организацијата на Светското екипно првенство за сениори. По пауза од 50 години и одржувањето на Шаховската Олимпијада во далечната 1972, ова е прв настан од светски […]

РФМ: Иста парична казна и за „Вардар“ и за „Пелистер“ и два натпревара без публика


Надлежната комисија при Ракометната федерација на Македонија денес ги изрече казните за вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер поради инцидентите кои ги предизвикаа нивните навивачи на неодамнешното дерби во Скопје. Вардар следните два натпревара на домашен терен ќе ги игра без присуство на публика и ќе треба да плати парична каза во висина од 150.000 […]

Власта попушти пред археолозите, осум закони за коридорите влегоа во процедура


  Спорната измена на Законот за заштита на културното наследство беше повлечена од страна на  предлагачите денес на седницата на Собранието, но останатите осум закони што треба да отворат пат за побрза изградба на коридорите 8 и 10д влегоа во процедура по скратена постапка. Во гласањето не учествуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, иако го пренесоа својот […]

Бебе починало во стомакот на родилка во битолската гинекологија?


  БИТОЛА – Бебе вчера наводно починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена. Кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата […]

Арбр Адеми, претставник на ДУИ во работната група за уставни измени


Пратеникот Арбр Адеми ќе биде претставник на Демократската унија за интеграција во работната група на Министерството за правда за уставни измени. Вечерва на полноќ истекува рокот до кога парламентарните партии и институциите треба да номинираат свои претставници во работната група за уставни измени. Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за […]

Компири и друга шверцувана стока од Македонија запленети кај преминот Горица-Стење


Албанските власти заплениле поголема количина компири и друга шверцувана стока кај граничниот премин Горица-Стење која со помош на цариник и вработен во граничната полиција две лица се обиделе да ја внесат од македонска на албанска територија. Во акцијата уапсени се две лица жители на село Орман, општина Малиќ, цариникот, како и еден полицаец од преминот Горица, кои се товарат […]

Министерот Бочварски ја поддржува иницијативата на Општина центар за конфискација на диоградбите


Во однос на  конфискација на бесправно изградени објекти,  Министерството за транспорт и врски ја поддржува иницијативата на општина Центар како едно од решенијата општините во иднина поефикасно да се справат со нелегалното градење, сметајќи дека потребно е прецизно дефинирање на сите законски одредби што ќе ја регулираат оваа материја. Ова беше заклучено на денешната средба […]

Пендаровски ги чека законите за автопатиштата, па ќе види дали ќе ги потпише


  Претседателот Стево Пендаровски прво сака да ја види конечната верзија на сетот закони за автопатските делници за да одлучи дали ќе го потпише указот за нивно спроведување. Пендаровски одговарајќи на новинарски прашања во Ново Село истакна дека не може од сега да се знае во каква конечна верзија ќе бидат тие законски решенија, затоа […]

Пропадна повикот од Град Скопје за приватните превозници, објавен нов


Повторно пропадна јавниот повик на Град Скопје за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. Овој беше трет повик, откако на првите два не се пријави ниту еден превозник.  Денеска на веб-страната на Градот беше објавен нов оглас, со идентични услови како и на претходниот. Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. […]

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари за литар


Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06  отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат […]

Хилари Свонк на 48 години роди близнаци


Лос Анџелес– Двократната оскаровка Хилари Свонк објави дека родила близнаци, машко и женско бебе, станувајќи мајка на 48 години. Среќната вест ја објави за Велигден, споделувајќи фотографија на која ги држи близнаците. (Фото: Инстаграм) „Не беше лесно, но вредеше. Среќен Велигден! Објава од чистиот рај“, напиша Свонк на Инстаграм. Хилари не ги соопшти имињата на […]