Лога-Агелер: САД се силни поддржувачи на нашиот европски пат и реформите во правосудството


Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Н.Е Анџела Агелер на која се разговараше за соработката со САД како стратешки партнер во областите поврзани со реформите во правосудството, законодавната агенда, борбата против корупцијата. Министерот Лога рече дека дигитализацијата во правосудството е клучен процес за зајакнување на капацитетите, одговорноста и […]

НБА ги укина тестовите за марихуана


Њујорк– Раководството на НБА лигата во иднина веќе нема да ги тестира играчите на марихуана, јавија американските медиуми, пренесувајќи детали од новиот колективен договор меѓу лигата и Здружението на професионални кошаркари. Двете страни наскоро треба да го потпишат новиот повеќегодишен договор, кој ќе вклучува клаузула со која марихуаната ќе биде симната од лигашката програма за […]

Охрид ќе се наполни за Велигденскиот викенд


Повеќе од половина ќе бидат исполнети сметувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера за продолжениот Велигденски викенд, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ), Крсте Блажески. Најголем дел од посетителите, според него, ќе бидат гостите од земјава и од соседството. – Исполнетоста на хотелите за празничниот викенд ќе биде 50 до 60 проценти. Додека приватните […]

Во февруари 700 луѓе заразени со овчи сипаници, а повеќе од 3.000 од грип


Во С. Македонија во текот на месец февруари, пријавени биле вкупно 3.087 случаи на грип, а во ноември оваа бројка била 202, наведено е во последниот извештај на одделот за заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, кој се однесува на акутните заразни заболувања. Најчесто акутно заразно заболување во февруари е овчи сипаници, со вкупно 700 пријавени […]

Шестмина загинати во престрелка во Луисвил


Шест лица загинаа денеска меѓу кои и еден полицаец, во вооружен инцидент во центарот на американскиот град Луисвил, во сојузната држава Кентаки, јави Си-ен-ен. Во престрелката помеѓу напаѓачот и полицијата повредени се шест луѓе. Според медиумите, пукањето се случило во банка. На местото на пукањето пристигна градоначалникот на Луисвил, Крег Гринберг. Тој го нарече инцидентот „трагичен“. Полицијата […]

Битиќи: Финансискиот криминал не застарува, ќе се гонат сите кои биле соучесници во затајување данок


Финансискиот криминал не застарува и ќе се гонат сите оние кои биле соучесници при неговото извршување, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. – Оваа Влада е неприкосновена во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Од 2020 година имавме вицепремиер со надлежност за сузбивање на корупцијата и […]

Протечени разговори од Русија го покажаа гневот на елитата од војната на Путин


Минатиот месец протече снимка од разговор меѓу две лица за кои се тврди дека се познатиот руски музички продуцент Јосиф Пригожин и бизнисменот (и поранешен руски сенатор) Фархад Ахмедов. На снимката, ниту еден од нив не штедеше зборови за да го искритикува претседателот Владимир Путин за војната во Украина и општата состојба на работите во […]

Ковачевски вели нема конфликт на интереси при купувањето државно земјиште од компанијата во која удел има и неговата сопруга


  Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема конфликт на интереси со владината одлука компанијата, каде што има удел неговата сопруга, да дооформи градежна парцела во Радовиш на државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен, истакнувајќи дека е изземен од одлучување и присуство на седница доколку се дискутира за правни субјекти наведени во […]

Турската морнарица го доби најголемиот воен брод досега


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе присуствува на церемонијата на примопредавање на најголемиот турски воен брод TCG Anadolu, кој од денеска ќе ѝ биде достапен на морнарицата на оваа земја. Овој брод ќе биде и првиот воен брод на кој ќе може да слетаат беспилотни летала. TCG Anadolu има капацитет да префрли сили […]

Ѓорѓиевски: Со ребалaнсот создаваме можност за реконструкција на салата „Расадник”


Општина Кисела Вода издвои средства од својот Буџет заради отпочнување на процес за темелна реконструкција на салата „Расадник”. Како што информираат од општината едногласно, на денешната Седница на Советот на Општина Кисела Вода, била поддржана иницијативата на градоначалникот Ѓорѓиевски за создавање на финасиска конструкција која има за цел да овозможи реконструкција на ова место. –Еднакво […]

(Фото) Доктори од Ниш работеа 12 неплатени викенди за да ја укинат листата на чекање за операции


„По речиси 100 дена и 12 последователни викенди во текот на кои персоналот од Клиниката за кардиохирургија во Ниш работеше без парична надомест, листата на чекање за кардиоваскуларни операции во оваа клиника повеќе не постои“, објасни директорот на клиниката, д-р Драган Милиќ. Тој вели дека во оваа установа сега постојат само листи на закажување. „Листата […]

„Огнените“ од ДУИ сакаат да учествуваат во уставните промени


   „Огнените“ во ДУИ сакаат да бидат дел од процесот на уставни измени, иако не се поканети. Во соопштението што го испратија денес тие порачаа дека цврсто ги подржуваат уставните измени и за нив тие се приоритет над приоритетите. -Сакајќи во овој процес да имаме активна а не само набљудувачка улога, иако официјално не смe […]

Бајден планира да се кандидира на изборите во 2024 година


  Американскиот претседател Џо Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека „сè уште не е подготвен да го објави тоа“. За време на неформален разговор при велигденската церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на колку настани има намера да учествува во претседателската резиденција, тој рече дека планира да се кандидира […]

(Видео) Вака правилно се чисти мангото


Манго е вкусно овошје, кое можете да го користите во подготовка на слатки и солени јадења. Има многу витамини Ц, А, Б, како и минерали. Одлично е ако сакате да го исчистите телото и да го зајакнете имунитетот. Можете да го јадете како овошје, но и да направите салата или одлична торта. Во следниот текст […]

Дали патријархот Вартоломеј се меша во внатрешните работи на МПЦ-ОА?


  Веста дека вселенскиот патријарх Вартоломеј унапредил во високи чинови монаси и свештеници на МПЦ-ОА предизвика чудење во свештеничките кругови во Македонија и меѓу црковните аналитичари. Особено затоа што тоа е невообичаена постапка и е надвор од нормативните и други акти на МПЦ-ОА. Зоран Бојаровски од порталот „Рацин“, пренесувајќи го толкувањето на познавачите на внатрешјното […]

Инвестициите на Макстил оваа година ќе надминат 14 милиони евра


Макстил АД Скопје за оваа година планира да започне обемна инвестициска програма вредна 14.623.800 евра. Компанијата овие средства ќе ги насочи за унапредување на производствените процеси, за зголемување на безбедноста и заштита при работа за вработените, за зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на производите. Инвестициите ќе започнат оваа година, а дел од нив ќе имаат и подолг рок на имплементација од 12 месеци. […]

(Видео) Живко Мукаетов: Инвестициите во „Алкалоид“ остануваат наша трајна определба


Проследете ја видео изјавата на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, Живко Мукаетов, на церемонијата организирана деновиве од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, на која што „Алкалоид“ АД Скопје беше прогласена за водечки инвеститор во регионот.   Деновиве, по повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од […]

ДКСК бара широка јавна расправа за законите за коридорите


  Неопходна е поширока јавна расправа за деветте предлог-измени на закони поврзани со Коридорите 8 и 10д, со цел да се намалат ризиците од можни злоупотреби, од корупцијата, како и од законски решенија, чија имплементација ќе создаде дополнителни проблеми и затоа тие не треба да се носат по скратена постапка, смета Државната комисија за спречување на корупцијата. – ДКСК смета за […]

Од синоќа 50 рудари се заробени во рудникот „Трепча“


  Во рудникот „Трепча Југ“ од синоќа околу 50 рудари се заробени на 900 метри под земја. Рударите се заробени 12 часа, а причината е проблем со струјата, јави порталот Лајми, пренесува Косово онлајн. Според порталот, рударите од ноќната смена, кои почнале со работа на полноќ, останале заробени во рударското окно. “Во моментов состојбата е […]

Триумф на конзерваторите – се зголемува бројот на тигрите во Индија


  Тигрите некогаш талкаа низ Азија, нивниот број стигна до 100.000 на почетокот на 20. век, пред видот да падне на работ на истребување. До 2006 година, нивната популација во Индија – дом на поголемиот дел од преостанатите диви тигри во светот – достигна рекордно ниско ниво од само 1.411 единки. Но, се чини дека […]