Џејмс Рубин по Подгорица доаѓа во Скопје на разговори за справување со руските дезинформации


Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, по посетата на Подгорица, се очекува да дојде во Скопје на разговори со македонските власти за борбата против дезинформациите.   Рубин вчера по средбите што ги имаше во Подгорица, изјави дека е убеден оти Црна Гора повеќе нема да се […]

Девизните резерви на крајот на март 4,16 милијарди евра


 Девизните резерви на крајот на март годинава изнесувале 4.159,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 258,7 милиони евра, соопшти Народна банка.  Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,4%), по што следуваат валутите и депозитите (26,9%) и монетарното злато (9,7%).

Државата ќе му плаќа пенали на „Бехтел“ ако не се продолжи работното време, вели Николоски


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во Тема на денот на ТВ Сител изјави дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали кон конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да ги гради коридорите 8 и 10д. Според Николовски, […]

Нетанјаху потврди дека Галант останува министер за одбрана


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва потврди дека Јоав Галант ќе остане министер за одбрана и истакна дека израелските безбедносни сили ќе се спротивстават на тероризмот на „сите фронтови“. „Во изминатите денови, ние (Нетанјаху и Галант) работевме на сите фронтови соочени со повеќе предизвици. Има сериозни разлики меѓу нас, но решив да ги оставам зад нас. […]

Тридневна жалост во Македонска Каменица поради трагичната смрт на двајца млади каменичани


Советот на општина Македонска Каменица вечерва прогласи тридневна жалост, поради трагичниот настан кој вчера се случи во областа Пиемонт, Италија, каде во сообраќајна несреќа животот го загубија двајца жители од Македонска Каменица. Одлуката за прогласување на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица  беше донесена едногласно на вечерашната итна Седница на Советот на Општина Македонска Каменица. […]

Дончиќ: Навивачите да не се грижат, среќен сум во Далас


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ демантираше денеска дека на крајот на оваа сезона во НБА лигата ќе ги напушти редовите на Далас, пренесуваат американските медиуми. Дел од медиумите претходно објавија дека Дончиќ е незадоволен од клупската политика и се заканил дека ќе замине ако Далас не ангажира засилувања до почетокот на новата сезона. Далас сезонава остана без пласман […]

(Фото) „Џејмс Веб“ го фотографира Уран: Се гледаат прстени, облаци и поларна капа


Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ (JWST) сними неверојатна фотографија од Уран; неговите правливи прстени, облаците кои летаат над ледениот џин и поларната капа. Со повеќето телескопи, тешко е да се видат прстените околу Уран, бидејќи тие се составени од темни карпи и прашина, кои рефлектираат многу малку сончева светлина. Досега директно ги снимиле само два телескопи; […]

ОН: Итно се потребни 800 милиони долари за да се спаси Авганистан од глад


Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска објави дека итно ѝ се потребни 800 милиони долари за помош на Авганистан во следните шест месеци бидејќи таа земја е во најголема опасност од глад во изминатите 25 години. Од враќањето на талибанците на власт во 2021 година, хуманитарните агенции им обезбедуваа на Авганистанците храна, образование […]

Маж палел куќи во Мерово


Во неделата, околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и во блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на […]

Русија загубила 10.000 парчиња воена опрема во Украина што е документирана


  Во текот на годината и пол месеци од војната во Украина, руската армија загубила 10.009 парчиња воена опрема, според податоците од 10 април од експертите на „Орикс“ кои ги следат загубите на двете страни. „Орикс“ ги зема предвид само оние загуби што се документирани – фотографии или видео. Затоа, реалните размери на материјални загуби […]

Русија и Украина разменија вкупно 206 заробеници


Русија и Украина разменија голем број воени заробеници откако Москва се согласи да ослободи 100 Украинци во замена за 106 Руси. Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Володимир Зеленски, објави на Телеграм дека меѓу ослободените украински воени затвореници има бранители на Мариупол и фабриката Азовстал. Руското Министерство за одбрана соопшти дека заробените војници биле разменети по преговори. […]

Умре и мајката на двете убиени сестри во пукањето на Западен Брег


  Мајката на двете британско-израелски сестри убиени во пукање на окупираниот Западен Брег почина од повредите здобиени во инцидентот. Маја и Рина Ди, 20 и 15, беа убиени во петокот кога врз нивниот автомобил беше пукано од осомничен палестински напаѓач. Нивната мајка Луси (позната и како Леа) 45, која била во автомобилот со нив, се […]

Директорот на битолската болница поднесува оставка по последните случувања


  БИТОЛА – Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски се одлучил  да даде оставка од функцијата по последните трагедии  што го тресат битолското здравство.  Д-р Обедниковски за „Независен“ кусо потврди дека утре официјално ќе поднесе оставка од функцијата директор од морални причини.  „Утре ќе ја депонирам оставката како директор на Битолската клиничка болница. […]

Започна оценувањето на мостри ракии во рамки ,,Тиквешка ракијада 2023″ во Кавадарци


 Попладнево започна оценувањето на мостри ракии во рамки на меѓународниот фестивал ,,Тиквешка ракијада 2023″ во Кавадарци. Фестивалот што ќе се одржи на 24 мај, е во организација на Здружението на производители и мали дестилерии за жестоки алкохолни пијалоци, ,,Ж”та, во соработка со кавадаречката локална самоуправа и Вински музеј.     Панче Арсовски, претседател на ,,Ж’та”, информираше […]

Габриел Ескобар утре во посета на Тирана


Специјалниот пратеник на Соединетите американски држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре ќе допатува во официјална посета на Албанија.   Според медиумите тој ќе престојува од 11 до 13 месецов а посетата се случува во пресрет на изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај.   Утре попладне Ескобар  ќе оствари […]

РК Еурофарм Пелистер обезбеди пласман во полуфиналето на СЕХА


Ракометарите на Еурофарм Пелистер неочекувано лесно и убедливо го совладаа Татран Прешов со 36:26 и обезбедија пласман во полуфиналните натпревари од ракометната СЕХА лига. Битолчани првиот натпревар го завршија со 8 голови предност (37:29), а попладнево во Прешов, домашниот тим го совладаа со 10 голови предност, односно 36:26. Пред реванш средбата тренерот Александар Јовиќ најави […]

Забранет влез во метрото во Техеран за жените без хиџаб


Жените кои не носат хиџаб нема да можат да влезат во метрото во Техеран, објави денеска иранската државна телевизија. Во метрото во главниот град на Иран ќе се формираат специјални групи кои ќе го следат спроведувањето на новото правило. Многу Иранки, особено оние во големите градови, одбија да ги почитуваат правилата за носење хиџаб и најавија продолжување […]

Гоце Делчев на мурал во Куманово


Кумановски уметници Младен Трендевски, Дејвид Стоилковски, Дарко Трајковски и Горан Стојанов од Здружението „Форма“ го нацртаа муралот на револуционерот Гоце Делчев на ѕид од кумановската гимназија која го носи името на великанот. Во денешната изјава за медиумите, Трендевски вели дека идејата за овој мурал се родила уште пред една година. – Ја споделивме идејата, имаме […]

Извршена евтаназија на болното бело тигарче оставено пред Зоолошката во Атина


Атина – Тримесечното бело тигарче кое пред шест седмици во лоша состојба беше напуштено пред Зоолошката градина во Атина, и покрај напорите на ветеринарите во изминатиот период, не успеа да се излечи,а поради сериозните здравствени проблеми, евтаназијата беше единственото решение, јави дописничката на МИА од Атина. -Малата Хасија денеска безболно си замина во просторот каде што живееше […]

Спасовски во работна посета на Брисел


Утре, (11.04.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во работна посета на Брисел, Белгија, заедно со претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, како и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски. Министерот Спасовски ќе ја посети Канцеларијата на Советот на европските полициски синдикати (CESP) каде што […]