Маж палел куќи во Мерово


Илустрација

Во неделата, околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и во блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и се работи на расчистување на случајот.