Апасиев отиде на гробот на Енвер Хоџа да го велича како голем државник


  Тричлена делегација на Левица, предводена од претседателот на партијата, Димитар Апасиев, се закрена да отиде во Тирана за да положи цвеќе на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, кој ја направи Албанија во најосамена и најзатворена земја во Европа и да го слават како голем државник. Човекот кој ја претвори Албанија во земја на бункери […]

„Учителот, страдањето и учеништвото“ – изложба на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов во Скопје


Уметничката галерија „Метаноја“ кани на отворањето на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, во четврток на 13 април 2023 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања. Тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето како феномен – […]

Грковска: Нема причина да не се објави договорот за коридорите, освен ако тоа не е предвидено со клаузула


Вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, вели дека не гледа причини Договорот за изградба на коридорите 8 и 10 д со „Бехтел и Енка“ да не биде објавен, освен, доколку тоа не е предвидено со клаузула во самиот договор. -Јас не гледам причина зошто договорот да не биде објавен. Станува збор за стратешки договор од […]

Стилски двобој во Холандија- Максима или Брижит


Амстердам- Холандската кралица Максима блескаше во црвена тоалета и тијара како наследство додека му се придружи на кралот Вилем-Александар на државниот банкет што се одржа во чест на францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит во вторникот вечерта. Одржан во раскошната околина на Кралската палата во Амстердам, државниот банкет беше блескав централен дел од […]

Лисичани не сакаат бетонизација, Општина Аеродром им предложила спорен ДУП


До утре трае јавната анкета за Деталниот урбанистички план за градскиот кварт ЈИ09 блок 09.01, кој од 30 март е изложен во просториите на ООУ „Димитар Македонски“, каде граѓаните може да поднесуваат забелешки и предлози за тоа што сакаат да има на тој простор. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават […]

Оставка на министерката и протести- Филхармонија со одлучен став дека две национални установи не можат да функционираат под еден покрив


Филхармонијата останува на својот став дека две национални установи не можат да функционираат под еден покрив и најавува јавни протести и оставка од министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ако Владата не ја промени одлуката за привремено сместување на новоформираниот Оркестар за џез музика (ОЏМ) во зградата на Филхармонијата, соопшти на денешниот прес, Тина Иванова, директорката […]

Демонстранти упаднаа додека Макрон држеше говор во Холандија


Францускиот претседател Емануел Макрон вербално беше нападнат додека држеше говор во Холандија за време на дводневната државна посета. Макрон ја изложуваше својата визија за иднината на Европа во Хаг, кога демонстрантите почнаа да му довикуваат „Каде е француската демократија? Макрон требаше да одржи говор за европскиот суверенитет на почетокот на државната посета на Холандија, по […]

Радев тврди дека повеќепати го канел Пендаровски


Во последните години најмалку десет пати го поканував претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски да ја посети Бугарија, рече денеска бугарскиот претседател Румен Радев на маргините од конститутивната седница на новоизбраниот состав на Народното собрание, коментирајќи ја синоќешната изјава на шефот на македонската држава дека во последните две години немал ниту еден конструктивен разговор […]

Маричиќ: Не правиме уставни измени „на мускули“, не сакаме да губиме време


  Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска изјави дека работната група за уставни измени по празниците ќе се состане и ќе ги формулира предлозите, по што за нив ќе се отвори јавна дискусија.    -Jа користиме комплетната временска рамка што ја имаме и поаѓаме од една претпоставка дека сите ќе се постават одговорно и […]

Ковачевски до Мицкоски: Ти нема да гласаш, не си релевантен за уставните измени!


За премиерот Димитар Ковачевски, ставовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се нерелевантни бидејќи тој не е пратеник, а  процесот ќе се одвива во Собранието каде што ќе гласаат пратениците. Тој верува дека Собранието има демократски капацитет и дека ќе ги усвои измените.   -Претседателот на опозицијата не е пратеник, па така тој е нерелевантен […]

Ковачевски ги повика САД и Турција да кажат дали некој барал мито за коридорите


Премиерот Димитар Ковачевски возврати денес дека тоа што обвинува Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ за договорот со „Бехтел и Енка“ е лага и дека во договорот од 400 страници се дефинирани сите услови за изградба на автопатот и дека денес ќе бидат презентирани сите детали. -Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство во изминатиот период потврдија дека […]

„Мала книга на стапици“ – промоција на новото издание од Горан Стефановски на ФДУ


Вечерва, во 19, 30 часот , на Академската сцена на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје ќе биде промовирано новото издание на „Мала книга на стапици“ од великанот Горан Стефановски – значајно име со кое сите се гордееме, во издание на ТРИ. Промотори се Сашко Насев и Весна Петрушевска.    „Горан Стефановски уште одамна ни […]

Далас Блек танцовата компанија од САД вечер на Танц фест


Во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, вечер во 20 часот во МНТ ќе се изведе претставата „Забрзување и Вознесувања“ на Далас Блек танцовата компанија од САД. Публиката ќе има можност да проследи пет извонредни кореографии: „Распарчување“ на Грегори Долбашиан, „Танц на срцето“ на Mи’Кал Стромил и „Како вода“, „Патот до еден“ и Погубување на […]

„Ако се родат некакви чувства“ – љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче преточена во роман на Блаже Миневски


Излезе од печат романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, посветен на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче, во издание на „Матица македонска“ од Скопје. -Ова најново дело на познатиот писател го отвора прашањето за тоа дали може да се биде среќен без чувства, трансформирајќи ја дилемата „да се биде или не“ во максимата „да се чувствува или да се умре“. Големата […]

Почнува изградбата на паркот „Радост“ во Аеродром


  На крстосницата на булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“, денеска почнува изградба на парк, а тоа место (до ПСС) претходната локална власт го планираше за изградба на општинска зграда. Откако Тимчо Муцунски стана градоначалник, беа избришани маркиците за изградба на две згради на тој простор и се одлучи да се изгради парк. За оптинска зграда […]

Како би изгледала Хрватска да не е членка на ЕУ


Започна со страв. Кога на крајот на 2000 година во Загреб беше организиран голем заеднички самит на лидерите на ЕУ и земјите од регионот (Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, тогашната СР Југославија и Хрватска), десницата збесна. Објаснувањата за, всушност, големиот надворешно-политички успех од самата организација на ваква средба на највисоко можно ниво беа дочекани со […]

„Треска на четврточната вечер“- диско перформанс на актерки во Јавна соба


Четири млади актерки засукаа ракави и мошне решително истапија на  музичката сцената.  Актерките: Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви во четврток 13  април во Public Room во 21 часот организираат невиден диско перформанс кој е една фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке, каде публиката не престанува да игра, се смее […]

Велигденски концерт „Воскресение твоје“ во „Света Софија“ во Охрид 


Во организација на НУ „Охридско лето“ а по повод големиот верски празник Велигден вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт „Воскресение твоје“  со Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“ од Скопје под диригенската палка на Летка Димовска Полизова a ќе настапат солистите Надежда Рубен, Јасмина Димитровска […]

„Првите кралеви на Европа“ – во Чикаго отворена изложба со македонски артефакти


Во музејот Филд во Чикаго, САД, е отворена изложбата „Првите кралеви на Европа“, која прв пат на едно место прикажува повеќе од 700 извонредни предмети – вклучувајќи накит, оружје, оклоп. Експонатите доаѓаат од 27 музеи од единаесет земји од Југоисточна Европа и тоа од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Романија, Словенија, Србија, […]

Вчера биле прегазени тројца пешаци, полицијата пак, со акција за прекршоците на пешаците


Двајца пешаци во Скопје  и Скопско, и уште еден во Тетово, вчера биле прегазени со автомобили, додека преминувале улица, нотира полицискиот билтен. Имено, во 8.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(57) од с.Долно Лисиче, удрило во пешакот […]