Демонстранти упаднаа додека Макрон држеше говор во Холандија


Францускиот претседател Емануел Макрон вербално беше нападнат додека држеше говор во Холандија за време на дводневната државна посета.

Макрон ја изложуваше својата визија за иднината на Европа во Хаг, кога демонстрантите почнаа да му довикуваат „Каде е француската демократија?

Макрон требаше да одржи говор за европскиот суверенитет на почетокот на државната посета на Холандија, по неколкунеделните протести низ Франција против пензиските реформи.

Макрон неколку минути се обидуваше да ги надгласа демонстрантите кои викаа во салата.