Милијардерот Ричард Бренсон стана амбасадор на платформата на Зеленски, испрати порака до Западот


Милијардерот Ричард Бренсон стана амбасадор на платформата на Володимир Зеленски за собирање средства UNITED24, откако украинскиот претседател лично го покани да ја преземе оваа улога. Размислувајќи за неговото неодамнешно патување во Украина, Бренсон рече дека сретнал луѓе кои „мора да се борат со рацете зад грб“ поради недостаток на поддршка. Седумдесет и двегодишникот посетил згради […]

Адеми дебитираше во Кина, избори пенал за реми


Репрезентативецот на Македонија и доскорешен играч на загребски Динамо, Аријан Адеми, дебитираше за својот нов клуб во Кина, Пекинг Гуан во ремито 1:1 против Меижоу Хака. По долги 13 години минати во Динамо, Аријан Адеми на 31-годишна возраст реши да се впушти во својата прва авантура во странство. Со години се шпекулираше за заминување на […]

(Видео) Од „ајфон 11“ прави „ајфон 12 про“ само со промена на куќиштето


Еден Нигериец предизвика огромни реакции на интернет откако покажа како може да го смени куќиштето на „ајфон 11“ (iPhone 11) за да изгледа како „ајфон 12 про“  (12 pro). Во видео споделено на Тик-Ток, човекот им го покажал на луѓето деталниот процес додека ги отстранувал деловите од телефонот од неговата стара обвивка. Видеото воодушеви многу […]

Во прекин патниот правец Берово-Струмица на потегот од Владимирската до Русинската крстосница


 Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека патниот правец Берово-Струмица на потегот од Владимирската до Русинската крстосница е во прекин за сите видови на возила. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива непречено. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поделените финансиски лидери повикуваат на единство


  На овонеделните состаноци во Вашингтон на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка висеше една голема тема: глобалната економија се распаѓа и треба да се врати назад. Финансиските власти пренесоа страшни предупредувања за растечките дислокации во трговијата и соработката. Војната на Русија во Украина предизвика огромно нарушување во глобалната трговија. Тензиите меѓу САД и Кина […]

Маск подготвува нов стартап за вештачка интелигенција


Шефот на „Тесла“ и на „Твитер“, Илон Маск, планира да лансира стартап со вештачка интелигенција што ќе се натпреварува со Open AI, компанијата која го произведе напредниот систем ChatGPT. Според Фајнешел тајмс, Маск веќе составува тим од експерти и инженери кои ќе работат на новиот проект. Тој се здоби со илјадници Nvidia процесори за овој […]

Полска забрани увоз на украинско жито


Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор. Големи количества украински жито, што е поевтино од тоа што е произведено во Европска Унија, заврши во Полска и други централноевропски земји, што доведе до намалување на цената и ја погоди продажбата на локалните земјоделци. Тоа создаде […]

Куба се соочува со недостиг на горива


 Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел денеска изјави дека земјата се соочува со недостиг на горива поради непочитување на договорените обврски од државите кои требаа да испорачаат бензин. Тој додаде дека за непочитување на договорите „виновна е сложената енергетска ситуација (во светот)“. Диаз-Канел наведе дека Куба располага со помалку од 400 тони бензин на дневна основа, а за нормално функционирање потребни се од 500 […]

Суспендиран од работа анестезиологот од Тетовската болница кој објавуваше снимки на „тик-ток“


Изразувам големо жалење што еден здравствен работник вака се однесувал и ќе направиме се за во иднина да не ни се случи вакво нешто, порача министерот за здравство д-р Фатмир Меџити на денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, на која дадоа повеќе детали за настанок од синоќа кога […]

За Велигден бесплатно паркирањето во Охрид, во вторник слободен влез во музеите низ градот


По повод големиот христијански празник на Христовото воскресение „Велигден“ Јавното претпријатие „Билјанини извори“ донесе одлука на 16 април бесплатно да биде паркирањето возила на јавниот градски простор во Охрид. Од Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ пак известуваат дека за 18 април – Светскиот ден на културното наследство, бесплатни да се посетите на кутурно-историските […]

Блинкен: Протекувањето на разузнавачките податоци не влијае врз соработката на САД со партнерите и сојузниците


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во главниот град на Виетнам, Ханој, изјави дека протекувањето на воените разузнавачки податоци нема да влијае врз соработката на Вашингтон со партнерите и сојузниците. Врз основа на разговорите што ги имав, не слушнав ништо што би влијаело на нашата соработка со сојузниците и партнерите, наведе Блинкен, додавајќи дека […]

Португалија бара фудбалските судии да користат бели картони


Португалија е единствената земја во светот во која фудбалските судии можат да им покажуваат на играчите бели картони за „ферплеј“, а оваа едукативна мерка планира да ја протурка во професионалниот фудбал на меѓународно ниво. Националниот план за етика во спортот (ПНЕД), државна организација која делува в рамки на португалскиот Институт за спорт и млади, го воведе […]

Српската Влада го усвои пакет мерките договорен на состанокот со косовските Срби


 Српската Влада на денешниот состанок усвои пакет мерки, што беше договрен меѓу претседателот Александар Вучиќ и косовските Срби на средбата во Рашка пред два дена, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Владата, пакет мерките опфаќаат пет точки, а во првата Србија бара итна реакција на меѓународната заедница кон косовските власти за прекинување […]

Во сообраќајна несреќа во Индија загинаа 13 музичари


Тринаесет музичари загинаа откако автобусот со кој се превезувале излета од патот во западниот дел на Индија. Музичарите се враќале од градот Пуна, каде имале настап. Во сообраќајната несреќа повредени се 29 лица. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство и најави финансиска помош за семејствата на настраданите. Во Индија чести се сообраќајните несреќи поради несовесно […]

„Фич“: Девизните резерви повисоки за 270 милиони евра, банкарскиот сектор е стабилен


Македонската економија покажа отпорност на глобалните шокови. Макроекономската стабилност е задржана, поддржана од конзистентната поставеност на политиките и долгорочната стабилност на девизниот курс. И покрај притисоците од увозните цени на енергентите врз трговскиот дефицит, во 2022 година девизните резерви забележаа раст од 270 милиони евра. Со тоа девизните резерви и понатаму остануваат на ниво коешто според […]

„Фич“ ги подобри изгледите на македонската економија од негативни во стабилни, кредитниот рејтинг останува „ББ+“


Агенцијата „Фич“ го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен, давајќи потврда на политиките што се спроведуваат. Од Агенцијата нотираат дека отпорноста на домашната економија кон влијанијата на глобалната пандемија и конфликтот во Украина, како и макроекономската стабилност која се одржува со кредибилна и кохерентна финансиска политика конзистентна со долго одржуваниот […]

Се интензивираат борбите помеѓу паравоените Сили за брза поддршка и суданската армија


 Покрај истрели и експлозии што се слушааат во Картум, престрелка има и во северниот судански град Мерове. Аларабија ТВ објави снимки на кои се гледа како се издигнува час над воениот камп во Мерове. По неколкудневните тензии, паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и суданската армија денеска потврдија дека биле нападнати нивните позиции во главниот град на Судан, Картум. […]

Во Штип „Велигденски хепенинг“


 Општина Штип и ЈП „Исар“ по вторпат за најмалите организираат „Велигденски хепенинг“. Во ЗОО паркот имаше  манифестација со многу музика и игра, како и настап на дечињата од детските градинки во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов порача дека со оваа манифестација сакаат да ги спојат сите граѓаните, од најмлади до возрасните. -Организираме „Велигденски […]

На преминот Богородица за излез од државава активни сите сообраќајни ленти


Заради зголемената фреквенција на патници и возила за Велигденските празници на граничниот премин Богородица за излез од државата во функција се ставени сите човечки и технички капацитети и работат петте сообраќајни ленти за автомобили и по една за автобуси и камиони, информираа од МВР за МИА. -Заради извршување на редовните гранични проверки времето за чекање […]

Шестмина загинати во сообраќајка во Грција, ја предизвикал возач кој превезувал нелегални мигранти


Во сообраќајна несреќа во североисточниот дел на Грција во близина на градот Александруполи, животот го загубија шест лица, откако автомобил со нелегални мигранти за да ѝ побегне на полицијата возел во спротивна насока и се судрил со патничко возило, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, автомобилот што ја предизвика […]