Милијардерот Ричард Бренсон стана амбасадор на платформата на Зеленски, испрати порака до Западот


Милијардерот Ричард Бренсон стана амбасадор на платформата на Володимир Зеленски за собирање средства UNITED24, откако украинскиот претседател лично го покани да ја преземе оваа улога.

Размислувајќи за неговото неодамнешно патување во Украина, Бренсон рече дека сретнал луѓе кои „мора да се борат со рацете зад грб“ поради недостаток на поддршка.

Седумдесет и двегодишникот посетил згради разурнати од војна, ќелии на полициската станица „претворени во одаи за мачење“ од руски војници и се сретнал со маж со церебрална парализа кој го преживеал нападот во Буча, пренесува Индекс.хр.

„Секој дел од оваа посета беше незаборавен и трогателен“, рече тој.

Бренсон го повика Западот да ја зголеми поддршката за Украина по посетата на оваа земја разурната од војна.

Тој апелираше до владите, компаниите и граѓанското општество да ја поддржат Украина со забрзување на испораката на напредно оружје и „прекинување на сите врски со Русија“.

„Важно е да се запамети дека украинскиот народ не се бори и не гине само за Украина, туку и за Европа и слободниот западен свет“, рече тој.