Растот минималната, а стагнирањето на другите плати, може да доведе до „бел штрајк“


Работникот работи, ама не го дава својот максимум, мотивацијата паѓа или според економскиот речник во фирмите доаѓа до „бел штрајк“. Штипскиот економист, Глигор Ивановски вели дека растот на минималната, а стагнацијата на останатите плати во една приватна компанија или институција, наместо да решава, креира многу по сложени проблеми. Ивановски посочи дека ваквата слика во државата […]

Нема да биде затворен патот од село Виничани до Градско за претстојните празници


Патниот правец од село Виничани до Градско за претстојните празници (14, 15, 16 и 17 Април 2023) нема да биде затворен, но патниот правец е во изградба и брзината на движење е прилагодена на 40 км/ч. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Лула: САД да престанат да ја охрабруваат војната во Украина


Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва вчера на вториот, последен ден од неговата посета на Кина истакна дека САД мора да престанат да „охрабруваат војна“ во Украина и „да почнат да зборуваат за мир“. Тој истакна дека меѓународната заедница треба да ги убеди рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски дека мирот е во интерес на целиот […]

Министерството за култура ја усвои жалбата, ОФФ-фест ќе се одржи


ОФФ-фест ќе се одржи. По поднесената жалба од страна на организаторот на фестивалот „ОФФ-фест“ до Министерството за култура, за корекција на одлуката за поддршка на 22. фестивалско издание, таа е уважена и организаторот објави дека ќе биде одржан. Претходно, Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ги охрабри да поднесат формално правна жалба, наместо препукување на социјалните […]

Симон Трпчевски:  Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер на врвовите на класичната музика


Создавањето на посебен простор за Националниот џез оркестар е решение и идеја поздравена и од едно од нашите најеминентни музички имиња, како Симон Трпчевски кој во својата поддршка за Македонска филхармонија вели: „Уметноста и културата се сржта на еден народ. Лично, многу ја почитувам џез музиката како и нејзините исполнители. Таа е од огромно значење […]

Кусометражен ВИ филм на Зоран Попоски е финалист на филмскиот фестивал во Далас


Кусометражниот филм „Уништен свет“, создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), во режија на на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски е финалист на 53-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Далас, Тексас. Филмот на Попоски е номиниран во категоријата меѓународен кусометражен филм и видео. Фестивалот во Далас е еден од најстарите и најреноминарните меѓународни филмски […]

НБА: Далас заработи казна од 750 илјади долари поради намерно загубен натпревар


Раководството на американската професионална кошаркарска НБА лига го казни Далас со 750.000 долари поради кршење на правилата за натпреварување. Далас на последните два натпревари од регуларниот дел на сезоната одмораше неколкумина од своите клучни кошаркари, иако сè уште беше во можност да избори пласман во плејин. Тоа од челниците на НБА беше оценето дека тимот […]

Лекарска комора го осуди инцидентот во болницата во Тетово, итно ќе се испита случајот


 Лекарската комора најостро го осудува инцидентот кој се случи во болницата во Тетово во кој видео снимка од пациенти се објави на социјалните медиуми. -Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот […]

Крушево полно со гости за Велигденските празници


 Крушево е веќе резервирано за Велигденските празници. Исполнети се околу 90 насто од капацитетите со гости и посетители. Градот располага со околу 1000 легла, од кои 400 во хотелското и 600 во приватното сместување. Според Томе Христоски, градоначалник на Крушево, градот е привлечен поради мирот, спокојството што ги нуди и богатата историја. – Исполнети се […]

Велигден во Грција: инфлација, поскапени цени, но и зголемена раздвиженост на граѓаните


 Инфлацијата во Грција оваа година донесе поскапа велигденска трпеза, минимално зголемени цени на јагнешкото месо, но сепак, тoa не ги спречи Грците масовно да се подготвуваат за Велигден, како и масовно да заминуваат од урбаните средини, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од Институтот на потрошувачи ИНКА оваа година цените на прехранбените продукти за […]

Макрон го потпиша Законот за пензиски реформи, синдикатите најавија протести


Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска го потпиша Законот за пензиската реформа откако вчера истиот беше одобрен од Уставниот совет. Францускиот министер за труд Оливие Дусопт изјави дека очекува реформите да стапат во сила на почетокот на септември. Реформата, што предизвика масовни протести, предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години […]

Тешеира останува во притвор до судењето


Осомничениот за протекување на доверливи документи од Пентагон, 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек Тешеира вчера беше изведен пред судот под обвинение дека незаконски копирал и задржал доверливи документи. Тешеира останува во притвор до судењето, а сослушувањето за притвор е закажано на 19 април. Тој е обвинет за незаконско копирање и […]

Крајот на ерата на нуклеарна енергија во Германија ги разгоре дебатите за нуклеарките


Со одлука на германската Влада денеска ќе бидат исклучени од мрежата за снабдување со електрична енергија последните три реактори на нуклеарните централи. Првично беше планирано последните три нуклеарни централи Емсланд, Исар 2 и Некарвестхајм 2 да бидат исклучени на крајот на минатата година, но нивната работа беше предложена поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија […]

Младинците на ШК „Алкалоид“ со одличен резултат на Меѓународен турнир во Србија


 Скопскиот Шаховски клуб „Алкалоид“ имаше успешен настап на традиционалниот Меѓународен турнир во српскиот град Крагуевац на кој триумфираше Дино Табаковски, додека Кирил Николовски го освои шестото, а Стефан Мелник седмото место во конкуренција на 23 играчи со рејтинг до 2.000 поени. Табаковски, иако десетторангиран на стартната листа, по 9 одиграни кола освои 8 поени (две […]

Црковно-државна делегација присуствуваше на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим


 Со благослов на неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан црковно-државна делегација престојува во Ерусалим.   -Во вечерните часови, кога го празнуваме боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот наш Исус Христос, во храмот на Воскресението беше отслужена Утрена богослужба на којашто беа испеани и трите статии со кои го опеваме […]

Агресивната кампања за привлекување инвеститори заменета со промотори во амбасадите


Процесот на промоција и брендирање на државата за привлекување инвестиции и промоција на туризмот почна пред 15-тина години. Во тој период, промоцијата се одвиваше агресивно, со правење мрежа од економски промотори низ повеќе светски центри, присуство на конференции, саеми, организирање роуд шоуа… Со промената на владејачката структура, се промени и начинот на промоција, кој сега […]

15 април во историјата – Умре Пол Пот, архитектот на геноцидот во Камбоџа


  Пол Пот, архитектот на полињата за убивање во Камбоџа, умира од навидум природна смрт во 1998 додека отслужува доживотна затворска казна, што му ја изрекоа сопствените Црвени Кмери. Црвените Кмери, организирани од Пол Пот во џунглата во Камбоџа во 1960-тите, се залагаа за радикална комунистичка револуција која ќе ги избрише западните влијанија во Камбоџа […]

Додека се чекаат пари за поголема заштита и реставрираните делови на Тетовското Кале повторно се оштетуваат


На Тетовското Кале изградено во Османлискиот период единствениот реставриран објект на крајот на март е оштетен поради природна непогода, односно летнаа ќерамидите, а се изгледа дека така и ќе остане во иднина, со оглед дека државните установи за заштита на историски споменици велат дека немаат доволно средства за обнова. Оштетениот објект, тогашна трпезарија за османлиската […]

Анестезиолог од тетовската болница во живо на Тик-Ток прикажувал пациентки од гинекологија


Лице кое било вработено во тетовската болница како анестезиолог во живо на социјалната мрежа Тик-Ток пренесувал видео од одделот за гинекологија на кое може да се забележат и пациентки, јави ТВ21. Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде […]

Експерти од Трезорот на САД ќе работат на унапредување на капацитетите на Министерството за финансии


Експерти од Трезорот на Соединетите Американски Држави ќе дадат поддршка за унапредувањето на капацитетите на Трезорот на Министерството за финансии. Денеска, во Вашингтон, министерот за финансии, Фатмир Бесими потпиша спогодба со заменик помошник секретарот на Трезорот на САД, Џејсон Орландо, со кој се овозможува техничка помош за поддршка на јакнењето на капацитетите во нашиот трезор. […]