Симон Трпчевски:  Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер на врвовите на класичната музика


Создавањето на посебен простор за Националниот џез оркестар е решение и идеја поздравена и од едно од нашите најеминентни музички имиња, како Симон Трпчевски кој во својата поддршка за Македонска филхармонија вели:

„Уметноста и културата се сржта на еден народ. Лично, многу ја почитувам џез музиката како и нејзините исполнители. Таа е од огромно значење за шареноликоста на нашата музичка и културна сцена. Ако има потреба поддржувам изградба на посебен простор за нив со сите услови за креативност, во кој секако ќе уживаме сите заедно. Додека, пак, салата на Македонската филхармонија, се надевам ќе остане да биде исклучиво дом на нашиот најреномиран оркестар и музички амбасадор на Македонија. Салата на Македонската филхармонија треба да остане стожер, пред сé на врвовите на класичната музика, без правење преседан невиден во филхармониските институции во светот, секако со концертна отвореност за високи музички дострели какви што се и тие на нашите џез музичари“, истакнува Трпчевски.