Почина војник на хрватската војска, откако беше претепан од другар


  Младиот војник Јаков В. (21) брутално е претепан ноќеска на главниот плоштад во Пожега, Хрватска. Лекарите се бореле за неговиот живот, но тој починал утрово во 9.20 часот, од здобиените повреди, јавија хрватските медиуми. Полицијата го уапси М.К. (20) кој се сомничи дека го претепал младиот војник, а двајцата се од исто место и […]

Приведен криумчар на мигранти од Сирија


Утрово, околу 6.10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица и Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода И.Б.(22) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 11 лица […]

Пендаровски: Велигден да ни донесе оптимизам и инспирација за добри дела


 Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до сите православни верници, како и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата. […]

Ковачевски за Велигден: Со храбри и совесни одлуки да ги осигураме мирот и благосостојбата


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, упати писмо со честитки за најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, како и до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ- ОА и до сите верници кои денеска го чествуваат празникот. „Победата на […]

16 април во историјата – Откриени се халуциногените ефекти на ЛСД


  Во Базел, Швајцарија, Алберт Хофман, швајцарски хемичар кој работи во фармацевтската истражувачка лабораторија „Сандоз“, случајно консумира ЛСД-25, синтетичка дрога што ја создал во 1938 година како дел од неговото истражување за медицинската вредност на соединенијата на лизергинската киселина. По земањето на лекот, формално познат како диетиламид на лизергинска киселина, д-р Хофман бил вознемирен од […]

Џафери за Велигден: Постевме заедно и заедно споделувавме трпеза


Претседателот на СОбранието Талат Џафери, го честита Велигден. „Дозволете од име на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија и од мое лично име да Ви го честитам големиот христијански празник – Велигден“ стои меѓудругото во честитката на претседателот на Собранието, Талат Џафери. „Празниците оваа година се поклопуваа или се менуваа едни со други наизменично […]

Мицкоски со честитка за Велигден: Мудроста и разумот да бидат главните двигатели на сите одлуки


Лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го честита големиот христијански празник Велигден. Прочитајте ја неговата порака: „Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам најголемиот христијански празник – Воскресението Христово Велигден. Ви посакувам безброј мигови на среќа, на спокој и на љубов за вас и […]

Заштедете при резервација: Ова се деновите во месецот кога авионските билетите се најевтини


Кога ги бараат најевтините авионски билети, многумина го бараат најдоброто време од годината или најдобриот месец, недела или дури и најдобро време од денот за да купат авионски билети. Но, има многу фактори кои влијаат на цените, така што не постои златно правило кое важи за сите летови, ниту пак има одредено време од денот, […]

По Полска и Унгарија го забрани увозот на украинско жито


По одлуката на Полска да го забрани увозот на украинско жито и друга храна, Унгарија, исто така, привремено го блокира увозот на украинско жито и некои други земјоделски производи за да го заштити својот домашен пазар, изјави унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ. „Владата е посветена на застапување на интересите на унгарската земјоделска заедница, поради […]

Интер прв пат загуби три последователни средби на домашен терен во Серија А


 Поранешниот италијански шампион, Интер синоќа загуби на домашен терен од Монца (0:1) во 30. коло од  Серија А. Претходно во првенството, миланезите загубија на домашен терен од Јувентус и од Фиорентина  со ист резултат. Така Интер за првпат во историјата доживеа три последователни порази со „сува мрежс“ дома во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги моментално […]

Во пожар во станбена зграда во Дубаи загинаа 16 луѓе


Пожар во станбена зграда во Дубаи однесе 16 животи, а уште девет се повредени, пренесе АФП, повикувајќи се на локалните медиуми. Пожарот избувнал вчера во зграда во Ал-Рас, една од старите населби во градот, во која живеат многу странски работници. „Прелиминарните податоци покажуваат дека пожарот е резултат на непочитување на безбедносните и безбедносните барања во […]

Умерен земјотрес во Босна и Херцеговина


Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја потресе синоќа Босна и Херцеговина. Бил почувствуван и во Србија. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил во близина на Шамац. Засега нема информации за некаква материјална штета.

Облачно со дожд на Велигден


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Наутро ќе има дожд во западните делови, а попладне и во вечерните часови локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во […]

Православните верници го слават Велигден


Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент […]

Ковачевски: Ова е посебен Велигден и значаен момент во македонската црковно-национална меморија


Непосредното пренесување на Благодатниот оган во земјава е уште еден значаен момент во македонската национална и црковна меморија, што го прави посебно овогодишното чествување на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, порача премиерот Димитар Ковачевски, кој на скопскиот аеродром ја пречека македонската државна и црковна делегација која директно од Ерусалим го донесе Благодатниот оган. […]

Европскиот пазар на недвижности би можел да се најде во големи проблеми


Расте загриженоста за здравјето на европскиот пазар на комерцијални недвижности, при што некои инвеститори се прашуваат дали тоа би можело да биде следниот сектор што ќе експлодира по минатомесечната банкарска криза. Повисоките каматни стапки ги зголемија трошоците за задолжување и ги намалија вредностите во секторот на недвижности, кој владее во последните години во услови на […]

Во напад врз Славјанск во Украина најмалку 11 мртви


  Бројот на загинати во руските ракетни напади врз источниот украински град Славјанск се искачи на 11. Спасувачките тимови извлекоа тела на две лица од урнатините на една куќа, соопшти службата за итни случаи на земјата, а се уште се трага по пет лица кои остана во станбена зграда погодена од урнатините. Други жители исто […]

Човек во затвор во Атланта жив изеден од стеници?


Човек кој почина во затворска ќелија во американскиот град Атланта бил „жив изеден од инсекти и стеници“, изјавил адвокатот на неговото семејство, пренесе Би-би-си во саботата. Лашаун Томпсон беше осуден на прекршочна пријава и беше предаден на психијатриското одделение во затворот во округот Фултон, откако беше оценет како ментално болен. Адвокатот на неговото семејство, објави […]

Патнички авион под оган среде хаосот во Судан


Патнички авион кој требаше да полета од Судан за Саудиска Арабија се најде под оган за време на борбите во Картум, соопшти авиокомпанијата на Саудиска Арабија. Ербас А330 кој летал за Саудиска Арабија „се нашол сред стрелба“ пред неговото планирано полетување за Ријад, соопшти Саудиска Арабија. „Потврдено е дека сите членови на персоналот на авиокомпанијата […]

Благодатниот оган директно од Ерусалим пристигна во Скопје


На Меѓународниот аеродром Скопје вечерва беше пречекана државната и црковната делегација која за првпат директно од Ерусалим го донесе Благодатниот оган. На церемонијата во базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим присуствуваа голем број делегации од држави од светот, меѓу коишто, рамноправно беше и македонската државна и црковна делегација во чиј состав беа […]