По Полска и Унгарија го забрани увозот на украинско жито


По одлуката на Полска да го забрани увозот на украинско жито и друга храна, Унгарија, исто така, привремено го блокира увозот на украинско жито и некои други земјоделски производи за да го заштити својот домашен пазар, изјави унгарскиот министер за земјоделство Иштван Наѓ.

„Владата е посветена на застапување на интересите на унгарската земјоделска заедница, поради што, во отсуство на значајни мерки на ЕУ, привремено го забранува увозот на жито и маслодајни семиња со потекло од Украина“, рече тој, пренесува 24hu.