На преминот Богородица за излез од државава активни сите сообраќајни ленти


Заради зголемената фреквенција на патници и возила за Велигденските празници на граничниот премин Богородица за излез од државата во функција се ставени сите човечки и технички капацитети и работат петте сообраќајни ленти за автомобили и по една за автобуси и камиони, информираа од МВР за МИА.

-Заради извршување на редовните гранични проверки времето за чекање за излез изнесува околу 30 минути, велат од МВР.

Завчера од 10 часот до вчера во истото време на Богородица преминале вкупно 10.893 патници, од кои 6.320 се македонски државјани, а 4.573 се странци.