Работниците внимателно да ги следат претстојните огласи за коридорите 8 и 10-д, порачуваат од ЈПДП


Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска преку соопштение до медиумите посочува дека изградбата на коридорите 8 и 10-д е можност за нови работни места за нашите граѓани и за перспективна еконономија. „Коридорот 8 и Коридорот 10-д е можност за нови вработувања“, велат од ЈПДП и додаваат заинтересираните работници внимателно да ги следат претстојните огласи […]

Мажи тепале жени во Прилеп, Куманово, Зрновци, Охрид…


  Денешниот полициски билтен изобилува со пријави од жени кои биле нападнати од мажи, што нивни сопрузи, што познаници. Така, во четвртокот, во 16.30 часот 26-годишна жена од кумановско село пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Ј. Истиот ден, во 22.45 часот Ј.С.(38) од Охрид пријавила дека околу 22.30 часот во […]

Албанија екстрадира турски државјанин, измамил 391.000 граѓани за две милијарди долари


Албанските власти екстрадираа турски државјанин, баран со меѓународна потерница издадена од Турција, за измама на 391.000 граѓани, преку криптовалути, со економска штета од две милијарди долари. Беше уапсен на 30 август минатата година, во јужното албанското приморско гратче Химара, во рамки на полициската акција „Мозок“, реализирана од локалната полициска управа на Елбасан, во соработка со […]

Хрватска: За извикот „За дом спремни“ ќе се казнува и до 4.000 евра


  Хрватскиот Сабор во петокот го измени Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и драстично ги зголеми казните за прекршоци кои сега изнесуваат четири илјади евра. Со парична казна од 700 до 4.000 евра ќе се казнуваат најтешките прекршоци, меѓу кои се истакнување симболи и честитки чија содржина изразува или поттикнува омраза, како […]

Економската слобода овозможува граѓаните да преземат одговорност: Интервју со Роберт Доар


  На претстојниото Самит на Македонија2025 што ќе се одржи наредната недела во Скопје меѓу клучните говорници ќе биде Роберт Доар, претседател на Американскиот институт за претпријатија, еден од најстарите и најпочитуваните истражувачки центри за јавна политика во САД. „Независен“ ја има привилегијата да ги сподели со македонската јавност видувањата на г. Доар за важноста […]

„Што?!“: Орбан со еден збор ги потопи надежите на Украина да стане членка на НАТО


  Проблематичните односи на Унгарија со соседна Украина повторно се зголемија во петокот кога премиерот Виктор Орбан ги отфрли соништата на земјата за НАТО со твит од еден збор. “Што?!” Премиерот извика во објава на Твитер одговарајќи на изјавата на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во четвртокот во Киев дека „заслуженото место на Украина […]

Се прави нова реонизација на штипските училишта, со цел да се избегне сегрегација


По пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за сегрегација во две училишта во Штип и Битола, Општина Штип повторно прави обиди да го реши проблемот со формирање на чисти ромски паралелки во Општинското осново училиште (ООУ) „Гоце Делчев“. Раководителката на Секторот за образование во Општина Штип, Снежана Санева вели дека се прави […]

Учениците од Конче, за Денот на планетата Земја, засадија вишни и цреши


Учениците од седмо, осмо и деветто одделение, од ООУ „Гоце Делчев“ од селото Конче, кои членуваат во екосекцијата по биологија, со бројни активности го одбележаа Денот на планетата Земја – 22 април. Заедно со нивниот ментор, на часовите по билогија изработија екосистем со рециклирачки материјали – гуми од возила, во кои посадија растенија од локалитетот […]

Пожар во текстилната фабрика „Тила“ – зафатени сончевите колектори


Околу 13 часот избувна пожар на покривната конструкција на текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп. Зафатени се покривот на фабриката и сончевите колектори. Пожарникари со противпожарни возила од ППЕ Прилеп повеќе од еден час се обидуваат да го локализираат пожарот кој се уште гори. Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало […]

Наш приоритет е енергетската транзиција и енергетската независност: предавање на Ковачевски во Виена


  Северна Македонија се усогласува со вредностите на европското семејство, со политиките на ЕУ, безбедносни аспекти, и економски развој, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски на денешното предавање на престижната дипломатска академија во Виена. Ковачевски потенцираше дека со јасни стратегии Владата управува со европските фондови. Потврда за тоа, како што истакна премиерот е фактот што […]

(Видео) Огромен црн облак го прекри Истанбул, денот се претвори во ноќ


Огромен црн облак го прекри Истанбул пред неколку дена и денот го претвори во ноќ, пишува Newsweek. Снимките на социјалните мрежи покажуваат како Истанбул изгледал како темна ноќ среде бел ден. „Облак со дебелина од  7 километри помина над Истанбул. Во меѓувреме, сонцето исчезна на 5 минути, а денот се претвори во ноќ. Некои коментираа […]

Бизнисмени од Неготино незадоволни од бавна постапка за пренамена на земјоделско во градежно земјиште


Бизнисмени од Неготино се незадоволни од бавна постапка за пренамена на земјоделско во градежно земјиште, на локално ниво. Поединци од нив велат дека постапката поминала на државно ниво и дека сега, како што додаваат, заглавила. Според нив, сето ова ги кочело во реализацијата на нивните инвестиции во Г 8 зоната во градот.  Велат дека ќе […]

Украл лаптопи и ги продал, полицијата ги врати на сопственикот


 Денеска, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Р. (30) од Струмица, во чиј дом бил извршен претрес со судска наредба, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба. Во извршен службен разговор во полициска станица, осомничениот признал дека на 11.04.2023 извршил кривично дело тешка кражба во деловни простории, сопственост […]

Се мереле вредности на бучава во локали во Центар, казните до 13.000 евра


Општина Центар продолжува со контроли за мерење на бучава и гласна музика во рестораните, кафе баровите и кафеаните на територија на Општина Центар. Во координирана акција која ја придружуваше и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Секторот за инспекциски работи при Општина Центар преку Инспекцијата за животна средина и Комуналната инспекција вчера вечер во доцните […]

Еден починат и четворица повредени во тешка сообраќајка кај селото Ќојлија


Во четвртокот,  во 18 часот било пријавено дека на регионален пат во атар на село Ќојлија, Скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од село Ќојлија, и патничко моторно возило “даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од село Долно Коњари. Во […]

Британскиот вицепремиер Доминик Раб поднесе оставка по жалбите дека малтретирал државни службеници


Вицепремиерот на Велика Британија, Доминик Раб денеска поднесе оставка по истрагата по жалбите дека малтретирал државни службеници. Раб поднесе оставка од позициите министер за правда и вицепремиер на британската Влада еден ден откако британскиот премиер Риши Сунак ги доби заклучоците од истрагата. Сунак започна петмесечна истрага по бројни поплаки за однесувањето на Раб. Тој ги […]

Голем број аналитичари ги намалија препораките за акциите на „Тесла“


„Тесла“ ги објави резултатите од првиот квартал кои ги разочараа дури и нејзините најжестоки фанови на Волстрит. Пет циклуси на намалувања на цените досега оваа година на „Тесла“, дизајнирани да ја поттикнат побарувачката, ги намалија просечните продажни цени толку значително што оперативните маржи паднаа од повеќе од 19 отсто пред една година на 11,4 отсто. […]

(Во живо) Премиерот Ковчевски држи предавање на Дипломатската академија Виена


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска ќе одржи предавање на Дипломатската академија Виена во Виена Австрија.    Тема на конференцијата каде ќе говори премиерот Ковачевски е: „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“.    Предавањето ќе започне во 12 часот. Дипломатската академија Виена каде ќе се обрати […]

МСУ со успешна изложба во Виена – „Кунсхале“ претесна за посетителите


Преку 1.000 љубопитни посетители беа на големото отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ со дела од уникатната колекција на Музејот на современата уметност – Скопје, која ќе биде отворена се до 28 јануари 2024 година. Галерискиот простор на Кунстхале, буквално беше […]

БРАКО испорача 17 возила во САД и Обединетото Кралство


Во текот на април БРАКО испорача 17 возила за одржување хигиена во урбани средини во САД и Обединетото Кралство. Повеќе од половината од нив се електрични возила, додека останатите се возила на класичен погон. Овој пат клиентите имаа најголем интерес за моделите со рачно управување, во кои е вграден најсовремен систем за рециркулација на воздухот со што е зголемен капацитетот […]