Ставете ловоров лист во машината за перење алишта


Бројните трикови како спас во домот секогаш се неисцрпна тема која многумина ги мачи, а доколку и вие сте од оние што имаат голем проблем со перењето алишта плашејќи се да не ги офарбате, ова дефинитивно ќе ви помогне. Веројатно ни на крај памет не ви паднало да ставите ловоров лист во машината за перење […]

Анкета: Трамп го истисна Десантис во трката за избор на републикански претседателски кандидат


Доналд Трамп го презеде водството во трката за номинација претседателски кандидат од републиканците, што засега се води меѓу него и гувернерот на Флорида, Рон Десантис, се дознава од анкетата денеска објавена од весникот „Волстрит џорнал“.  Поранешниот претседател на САД ја гради подршката низ повеќе делови на главниот електорат на републиканците на национално ниво, додека гувернерот […]

„Twitter“ почна да ги отстранува сините ознаки на корисниците кои не плаќаат за таа услуга


Почна чистката на сините ознаки на Твитер, кои биле верифицирани во претходниот режим на компанијата. Сината ознака на Твитер во главно укажува на тоа дека профилот припаѓа на некој што му плаќа на Маск – еден од најбогатите луѓе на светот – за оваа привилегија. Бришењето на претходниот систем за верификација на Твитер, кој беше […]

Променливо облачно и нестабилно од утре до средината на следната седмица


Од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер. Како што соопшти УХМР, постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен […]

Ковачевски: Сите министерства, институции кои работеа на договорот „Бехтел и Енка“ им се на располагање на пратениците, експертите, невладините


Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10-д има ниво на доверливост, но тоа не значи дека некој нешто сака да сокрие, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски, во интервју за дневникот на Сител, потсетува на обврзувачките процедури кои ги има во секој вид договор, односно за нивото на доверливост. […]

Битолскиот Совет се претвори во политички циркус, де има де нема мнозинство


  БИТОЛА – Навидум непромислен потег на претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска од независната листа „Поинаку“ го извади од колосек Советот и сега таа молчи. Вчера Илиевска, иако е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, даде пауза откако советниците на СДСМ си заминаа незадоволни од работата на јавните претпријатија, па ВМРО-ДПМНЕ си избраа нов […]

Трајно намалени цени на најбараните и најкупуваните производи од потрошувачите


  Трајно намалени цени на над петстотини производи од секојдневната потрошувачка кошничка – е целта која пред себе си ја поставија во „Жито маркети“ за оваа пролет. Во годината кога овој национален малопродажен синџир слави три и пол децениски јубилеј постоење, една од клучните работи на што ќе посвети посебен фокус, како што велат оттаму, […]

Ѓоковиќ за болниот пораз од Лајовиќ: Далеку сум од моето ниво


  Новак Ѓоковиќ на два турнира губи два пати во раната фаза. Прво тоа беше на силниот мастерс во Монте Карло, а денеска на релативно скромниот по силина АТП 250 Српска опен во Бања Лука. Српскиот тенисер Душан Лајовиќ го кршеше, го кршеше и најпосле го скрши светскиот рекет број 1 со 2:0 во четвртфиналето, […]

Вучиќ се повлекува челното место на СНП на 27 мај, а на Видовден формира Народно движење


Претседателот на Српската напредна партија (СНП), Александар Вучиќ, на партиското собрание објави дека на 27 мај се повлекува од лидерската позиција и посочи дека не знае кој ќе биде негов наследник, бидејќи има три или четири имиња кои се вои игра. „Верувам дека на 27 мај ќе избереме ново раководство на СНП. Оттогаш не би […]

Саудијци купија кули за мобилни оператори во три земји во регионот


„Јунајтед груп“ (United Group) фокусирана на Југоисточна Европа во четвртокот соопшти дека се согласила да ја продаде целата своја инфраструктурна единица за мобилни кули во Бугарија, Хрватска и Словенија на „Тавал“, подружница на „Стц. Груп“ (Stc Group) со седиште во Саудиска Арабија, во зделка целосно во готовина проценета на  1,22 милијарди евра. Според договорот, „Тавал“ […]

Како ароганцијата и мобингот врз службениците му пресудија на Доминик Рааб?


ЛОНДОН – Десната рака на Риши Сунак е без работа, откако истрагата покажа дека малтретирал државни службеници. Но, ова е Вестминстер, 2023 година – што значи дека бескрајната културна војна штотуку најде нова цел. Доминик Рааб поднесе оставка како британски заменик премиер и секретар за правда во петокот, откако извештајот на адвокатот Адам Толи покажа […]

За еден работен час во ЕУ во просек се добиваат 23 евра, саатницата зголемена во сите земји


Во Европската унија во 2022 година просечната цена за еден работен час изнешуваше 22,9 евра, што е за 4,4 отсто повеќе во споредба со 2021 година, објави Евростат. Цената на еден час работа во еврозоната изнесувала 25,5 евра, односно е зголемена за 4 отсто во однос на претходната година. Во рамките на еврозоната, просечните саатници […]

Нивоата на морињата растат двојно побрзо, лани достигнаа рекорд


Нивото на морињата во светот расте двојно побрзо отколку во првата декада од мерењето, во периодот од 1993 до 2002 година и минатата година достигна рекордна бројка, соопшти денеска Светската метеоролошка организација. Топењето на големите глечери и рекордното затоплување на океаните, што предизвикува ширење на водата, придонесе за просечно зголемување на водата за 4,62 сантиметри […]

Локализиран пожарот во Прилеп, пожарникарите остануваат на терен


Големиот пожар што околу 13 часот ја зафати прилепската конфекциска фабрика „Тила“ е локализиран, но сè уште пожарникарите работат да ги доизгаснат некои горливи материјали во објектот. Според командирот на прилепската противпожарна единица Кристијан Момироски, пожарникарите довечер ќе останат на теренот. – Пожарот е локализиран, отстранета е опасноста да не бидат зафатени соседните објекти. Кога […]

За Голем или Источен петок на гости во манастирот „Свети Архангел Михаил“ и во Варош во Прилеп


Повеќе стотини верници денеска на Голем или Источен петок, прв по Велигден го посетуваат манастирот „Свети Архангел Михаил“, вгнезден под Марковите кули во Прилеп. Верниците стигнаа да запалат свеќа, да остават велигденско јајце и да налеат од лековитата вода што извира од под манастирот. Велат, за здравје, оти денеска е денот и на лековитите води. […]

Модните компании во ЕУ под истрага


Француската полиција е вклучена во истрагата на антимонополската агенција на ЕУ за прекршување на правилата на европските луксузни компании, објави полициски портпарол. Европската комисија денеска соопшти дека антимонополската агенција извршила рација во неколку компании од модниот сектор во неколку земји од ЕУ, но не ги наведе имињата на компаниите кои потенцијално ги прекршиле правилата. Ројтерс […]

Почина осуденик во штипскиот затвор


 Почина осуденик во Затвор – Штип, потврди и директорот Мики Тодоров. Станува збор за возрасно лице, кое вчера со возило на Итната медицинска помош било однесено во Клиничката болница во Штип на Интерно одделение, каде останало неколку часа, а утринава е отпуштено. Осуденикот починал само што бил вратен во Затворот и за тоа биле известени […]

Ова се најголемите должници на Европа


Долгот на еврозоната во четвртиот квартал од 2022 година изнесува 91,6 отсто од нејзиниот БДП. Ова е за 1,4 отсто помалку отколку на крајот на третиот квартал, објави денеска Евростат. Во споредба со четвртиот квартал од 2021 година, долгот на ЕУ падна за четири отсто. Највисок национален долг во земјите на ЕУ во четвртиот квартал […]

Ла Лига: Барселона во моментов не е во состојба да го врати Меси


Претседателот на шпанската фудбалска лига (Ла Лига), Хавиер Тебас, оцени дека Барселона во моментов нема финансиски можности да го врати во своите редови Аргентинецот Лионел Меси, но додаде оти се надева дека ситуацијата ќе се промени. „Денес не би можел да биде регистриран, но има уште доста време“, рече синоќа Тебас на конференција за новинари во Мадрид, додавајќи оти се чека […]

Германија сопре: Штрајк на железничарите и аеродромските работници


Штрајкот на работниците во транспортниот сектор изутрината прекина голем дел од железничкиот сообраќај, а одлуката за прекин на работата е последица на барањата за значително зголемување на платите како одговор на постојаниот раст на цените. Штрајкуваат исто така и работниците во секторот на воздушниот транспорт, односно на аеродромите во Хамбург, Келн/Бон, Дизелдорф, Штутгарт и аеродромот […]