Во налетот на циклонот „Фреди“ над 400 жртви во Малави, Мозамбик и Мадагаскар


Во налетот на циклонот „Фреди“ во Малави загинаа 326 лица, соопштија синоќа локалните власти за новиот биланс на жртви и додадоа дека од крајот на февруари од него загинале повеќе од 400 лица. -Бројот на загинати во катастрофата се зголеми од 225 на 326 жртви, бројот на раселени лица е повеќе од двојно зголемен, надминувајќи […]

Поранешниот премиер на Израел ги повика светските лидери да се дистанцираат од Нетанјаху


Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт синоќа ги повика светските лидери да се дистанцираат од премиерот Бенјамин Нетанјаху и да го покажат својот „презир“ кон планот на неговата влада за драстично менување на судството. – Секој лидер кој се дефинира себеси како пријател на Израел, треба да се спротивстави на израелската влада. Израелската влада е антиизраелска […]

Советот за стабилизација и асоцијација ЕУ – Северна Македонија, за прв пат заседава во Скопје


Во Скопје денеска ќе се одржи 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски. На состанокот ќе учествуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и […]

Во Германија откажани над 600 летови поради штрајк на четири аеродроми


 Поради штрајк на четири аеродроми во Германија денеска ќе бидат откажани над 680 летови. Штрајковите што ќе се одржат на аеродромите во Дизелдорф, Келн/Бон, Штутгарт и Карлсруе/Баден-Баден ќе резултираат со откажување на 681 лет, објави Здружението на германски аеродроми (ADV). Од нив ќе бидат погодени околу 89.000 патници. Синдикатот Верди повика на штрајкови откако преговорите […]

Повторно ќе се затвори популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос


Од безбедносни причини и по препорака на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП), популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, повторно ќе биде затворена за туристите, објавија грчката новинска агенција АНА-МПА. Препораката за повторната забрана за пристап до плажата доаѓа откако на 8 март годинава при посетата на местото, научниот тим од ОАСП […]

Дебата за мотивирање на македонските студенти во Словенија да се вратат во државава


 Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Стопанската комора на Северна Македонија, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Економскиот факултет од  Универзитет во Љубљана (School of Economics and Business – SEB LU) денеска ќе организираат две панел-дискусии на тема: „Враќање и задржување на домашниот млад високообразован кадар од Република Словенија во Република Северна Македонија…и како“. […]

Средношколците и студентите со своите барања пред МОН – полесна државна матура и подобар студентски стандард


Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) денеска пред Министерството за образование и наука организира предупредувачки протест за да го актуализира нивното барање за олеснување на полагањето државна матура. На протестот ќе се придружи и движењето „Студентски отпор“ од каде што соопштија дека ќе го искажат нивниот револт зашто институциите, како што […]

Облачно и ветровито


Времето денеска ќе биде умерено облачно со умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени. Во Скопје ќе преовладува умерено облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до […]

Црвениот крст одбележува 78 години од основањето


Црвениот крст одбележува 78 години од основањето и 28 години од полноправно членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Како што информираат од Црвениот крст, во текот на годината планираат да одржат бројни настани со кои ќе ја одбележат годишнината. Централниот настан ќе се одржи денеска во Скопје, каде се […]

Според кинескиот хороскоп овие знаци во март ќе имаат најмногу пари


Кинеските астролози велат дека март ќе биде доста стабилен и без пресврти на судбината за повеќето хороскопски знаци… Сепак, овој месец ќе биде идеален за правење планови за иднината, а кога се во прашање финансиите, за некои ќе биде особено корисен. Според кинескиот хороскоп, трите знаци ќе бидат придружени со неверојатна среќа на ова поле. […]

Шок во Холандија; „Ова не е нормално“


Холандската партија на фармери постигна изненадувачки успех и ќе биде единствената најголема партија во Горниот дом на парламентот по покраинските избори. Движењето Фармери-Граѓани (БББ) е основано во 2019 година по големите протести на земјоделците. Според прелиминарните податоци за изборите, треба да освои 15 места во Сенатот со речиси 20 отсто од гласовите, пренесува Би-би-си. „Ова […]

Собранието изгласа законски измени за побрз пристап до лекови, главно за ретки и други специфични и тешки болести


Собранието вечерва на 106-тата седница донесе Закон за дополнување на Законот за лекови и медицински средства и изгласа измени на Законот за здравствено осигурување откако претходно собраниската Комисија за здравство одржа итна седница. Со дополнувањето на Законот за лекови и медицински средства ќе биде можна директна набавка на лек преку посебни договори меѓу државата и […]

Моцартовата соната, сепак, нема лековито дејство врз пациентите со епилепсија


Новото истражување на психолозите од Универзитетот во Виена покажува дека нема научни докази дека сонатата на Моцарт KV448 има лековито дејство врз луѓето кои страдаат од епилепсија. Музиката на Волфганг Амадеус Моцарт се смета дека има неверојатно позитивно  влијание, особено во последните 50 години. Извештаите за можниот позитивен ефект од слушањето на сонатата на Моцарт […]

Делови од Центар и Гази Баба утре ќе останат без струја


Од ЕВН Македонија известуваат дека на ден 17.03.2023 година (петок) без електрична енергија ќе останат: Во периодот од 9 до 12 часот, дел од ул.„Владимир Полежиновски“ во општина Центар. Во периодот од 9 до 14 часот, ул. „13-ти Август Охридски договор“ од бр. 10 до бр. 28 во општина Гази Баба.

ОБСЕ објави дека 30.000 руски војници загинале кај Бахмут


  Од мај, руската редовна армија и приватната воена компанија „Вагнер“ изгубија меѓу 20.000 и 30.000 војници убиени и ранети во обидот да го освојат Бахмут, рече Јан Стабс, висок воен советник на британската делегација во ОБСЕ. „Ова е огромна загуба на животи за вкупно напредување од околу 25 километри“, рече тој на Безбедносниот форум […]

Од отпад до уметничко дело


На иницијатива на „Пакомак“ и „Нула отпад“ за почиста и поздрава средина повторно се објавува конкурс за уметнички дела од амбалажен и електронски отпад „Trash for Аrt“. За најдобрите дела направени само од електричен отпад следуваат специјални награди. Наградниот конкурс „Trash for art 2023“ е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат […]

Вучиќ: Во Охрид нема да има никаков судбоносен ден


Нормализација на односите со Приштина не е ниту де факто, ниту де јуре признавање на Косово изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќањето на јавноста, додавајќи дека под нормализација подразбира „да се има подобри односи со Албанците, да се почитуваме едни со други, да ја развиваме работата и да гледаме заеднички во иднината“, јави дописникот […]

Претседателот на Црна Гора го распушти Парламентот


 Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска го распушти Собранието, што е увертира за распишување вонредни парламентарни избори врз основа на спорните измени на Законот за претседател.  Во своите јавни настапи правниците не се договорија дали Ѓукановиќ треба да постапи согласно спорниот закон, чија уставност е под знак прашалник, пренесе Бета.  „Се распушта 27. свикување […]

Новите скафандери на астронаутите на НАСА ќе бидат во црна боја


Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (NASA) и компанијата со седиште во Тексас, Axiom Space, претставија нов дизајн за вселенски костим што би можел да го носи првата жена и личност која не е бгелец, што ќе одат на Месечината. Вселенските костуми претставени во Вселенскиот центар Хјустон се прототипови, иако компанијата вели дека костимите за […]

Врнежи од слаб снег на неколку патни правци низ државата


Врнежи од снег со слаб интензитет вечерва има на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од Авто мото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна […]