„ЕСМ Продажба“ потпиша договор за набавка на природен гас за април 2023 со „Макпетрол“


„ЕСМ Продажба“ донесе одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април 2023 година за потребите на топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку „ЕСМ Продажба“. Природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60е/MWh, а добавувач ќе биде фирмата […]

Со вештачка интелигенција создадоа фотографии од „апсење“ на Трамп


Фотографии од „апсење“ на Доналд Трамп кои можеби сте ги виделе на социјалните мрежи се дефинитивно лажни – тие се создадени од вештачка интелигенција. Но, некои од овие фотореалистички креации се доста убедливи. Други повеќе личат на фотографии од видео игра. Нишката на Твитер на Елиот Хигинс, основачот на Bellingcat, на која се гледа како […]

Кинеската Влада најави дека ќе се спротивстави на евентуална принудна продажба на ТикТок


 Кинеската Влада денеска соопшти дека ќе се спротивстави на можните планови на САД да го принудат кинескиот сопственик на ТикТок да ја продаде апликацијата поради наводни безбедносни ризици и предупреди дека таквиот потег ќе ја поткопа довербата во американските инвеститори. Ако веста е вистинита, Кина решително ќе се спротивстави на тоа, изјави портпаролката на кинеското […]

Нетанјаху ги повика лидерите на опозицијата да ги запрат протестите


  Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика денеска лидерите на опозицијата „веднаш да ја запрат анархијата“ по, како што рече, нападот врз министерот за земјоделство Ави Дихтер, за време на денешниот протест против планот за реформи во правосудството. На видео снимките на социјалните мрежи се гледа како жена демонстрант замавнува со копје од знаме кон […]

Пендаровски и Ковачевски ѝ се заблагодарија на Бербок за силната германска поддршка


  Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски на посебни средби со германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, ѝ се заблагодарија за големата поддршка што Берлин ѝ ја дава на Македонија во изминативе 30 години. Според соопштението од кабинетот на претседателот, на средбата се разговарало за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, партнерството во […]

Град Скопје и Измир од денеска се збратимени градови


Делегација од Град Скопје денеска е во службена посета на градот Измир, Република Турција, каде е одржана работна средба со градоначалникот Мустафа Тунч Сојер и е потпишан протокол за збратимување помеѓу Скопје и Измир. -Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка […]

Членки на ОБСЕ го активираа Московскиот механизам за Белорусија


Неколку десетици членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа денеска го активираа Московскиот механизам на ОБСЕ за истрага за кршење и злоупотреба на човековите права во Белорусија. Московскиот механизам на ОБСЕ, кој последен пат беше активиран на 28 јули 2022 година во врска со Русија, дава можност земјите-членки на ОБСЕ да испратат експертски мисии за да помогнат во решавањето […]

Тренчевска: САСА е пример за современ руднички комплекс кој се грижи за благосостојбата на вработените и родовата еднаквост


 Во рамки на активностите посветени на економското зајакнување на жената, кои се спроведуваат во текот на месец март во склоп на кампањата „Гласна и храбра“, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го посети рудникот САСА. На средбата со раководниот и техничкиот тим на САСА, министерката се запозна со сите позначајни аспекти од работата […]

Мицкоски сепак се сретна со Бербок


  Во исклучително густата агенда на посетата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, сепак се најде време и за средба со делегација на ВМРО-ДПМНЕ во резиденцијата на германскиот амбасадор. Иако таа на прес-конференцијата не навести таква можност. Дојче веле објави фотографии и видео од средбата на која се гледа дека Мицкоски во германската […]

Пазарните инспектори казниле 175 субјекти во износ од 6,2 милиони денари


Државниот пазарен инспекторат во периодот од 13.03 до 19.03.2023 година изврши над 650 инспекциски надзори на целата територија на земјата, при што биле наплатени и издадени над 175 прекршочни платни налози со вредност над 6.230.000 денари, соопшти ДПИ. Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување […]

Шаќири на координативен состанок со претставници на ЕУ делегацијата во Скопје


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска одржа координативен состанок со претставници на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, на кој се дискутираше за три важни закони за унапредување на квалитетот на образовниот процес во државата, а кои во моментов се во постапка на дискусија и усвојување. Станува збор за Законот за средно образование, […]

За воз од Битола до Лерин и до Солун треба согласност и од Грција, вели Бочварски


Проектот железничка пруга Битола-Меџитлија е завршен и има употребна дозвола и е во функција, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Според министерот Бочварски, во наредниот период работни групи на техничко ниво од Северна Македонија и Грција треба да ги договорат деталите за целосно ставање во функција на железничката линија. -Оваа делница поврзува […]

Мицотакис: Грчкиот банкарски систем е силен и депозитите на граѓаните се заштитени


Наспроти светската финансиска бура што се разви во последните седмици, сакам уште еднаш да ги уверам сите грчки штедачи дека грчкиот банкарски систем е силен и дека нивните депозити се заштитени, порача премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис од Брисел пред почетокот на Самитот на ЕУ. Мицотакис истакна дека економски, Грција е во многу позајакната позиција […]

Поради дефекти без вода корисниците од неколку скопски улици


Поради два улични дефекта на водовдна цевка ф100мм. на улица „Модест Мусоргски“ раскрсница со „Лајош Кушут“ прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Модест Мусоргски“, „Андри Барбис“, „Карл Либнехт“ и дел од „Карл Хрон“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15.30 часот до завршување на санацијата на […]

Вработени во Банката на Русија на итен курс по кинески


  Отсечена од западниот финансиски систем, Банката на Русија има намера да ги обучува своите вработени на кинески со цел професионално да комуницираат со партнери од Кина. Барањето на Централната банка за обезбедување образовни услуги за изучување на кинескиот јазик „во областа на професионалните комуникации“ се појави на страницата на Сбербанк, пишува „Комерсант“, истакнувајќи дека […]

Бербок порача пратениците да мислат на иднината на Македонија, а не на партијата


  Аналена Бербок денеска од Скопје ја испрати пораката на Германија до македонските политичари и партии да не потклекнат пред важната пречка за забрзување на евроитегративниот пат и да ги изгласаат уставните измени. Германската министерка за надворешни работи на прес-конференцијата со нејзиниот македонски домаќин, Бујар Османи, рече: „Кога станува збор за спроведување на договореното и […]

(Видео) Како да засадите рози оваа пролет во саксија: Пробајте го овој трик со компир


Како да засадите рози во саксија – еден трик со компири може да ви помогне да имате прекрасна романтична градина со рози на терасата. Пролетта е идеален период од годината да се посветите на негување на градината, цвеќиња и преуредување на балконот. Важно е во овој период од годината да се посветите на кастрење и […]

Унгарија нема да го уапси Путин доколку дојде во земјата


Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљаш, појаснувајќи дека за тоа не постои правна основа. Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Минатиот петок судот во Хаг издаде налог за апсење […]

Извесна е само неизвесноста: Што порачаа банкарите на средбата на Виенската иницијатива во Скопје


  Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска Бежоска, денеска порача дека инфлацијата забавува, но дека со цел да се сузбие на среден рок, порастот на платите треба да се усогласи со порастот на продуктивноста. Зборувајќи на средбата на Виенската иницијатива во Скопје, на панелот посветен на клучните предизвици за носителите на политиките: Монетарната и фискалната […]

(Видео) Тотален бунт во Франција, милиони луѓе на улица


  Во цела Франција денеска се одржуваат масовни протести во кои учествуваат милиони луѓе. Сообраќајот беше блокиран во многу градови, работници го блокираа терминалот на парискиот аеродром. Масовните протести продолжија откако претседателот Емануел Макрон вети дека ќе продолжи со пензиската реформа што предизвика критики и го налути населението. Paris airport Charles de Gaulle occupied, roads […]