Бугарските избори преку политичката пропаганда


  „Неделава не заборавајте да ги смените стрелките на часовниците. Идната недела, не заборавајте да ја смените власта“. Со ваква политичка порака коалицијата на Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија ги повика гласачите во Бугарија в недела да излезат и да гласаат на петите избори за две години во земјата. И покрај ваквата политичка состојба, […]

Еурофарм Пелистер: Индивидуи под дејство на алкохол или други опојни средства го деградираат македонскиот спорт


Раководството на македонскиот ракометен вицепрвак, Еурофарм Пелистер ги осуди инцидентите на вчерашното дерби со Вардар во кои учествуваа припадници на двете навивачки групи.   Во продолжение соопштението на битолчани го пренесуваме во целост:   РК Еурофарм Пелистер се оградува од вчерашното однесување на дел од навивачите и со резигнираност гледа кон настаните кои се случуваа […]

Македонија ги одбележа трите години членство во НАТО


  Означувајќи го како еден од наважните денови во поновата македонска историја Македонија денеска одбележа три години од членството во НАТО, што претставува гаранција за нејзината безбедност. „Горд сум и што моите, нашите деца овој ден ќе го изучуваат како еден од најсветлите денови во нашата историја. Затоа што овој ден ја гарантира и нивната […]

Павиќевиќ: За МОН се прифатливи нашите барања, освен датумот за првиот екстерен испит


Три од четирите барања на Сојузот на средношколци, кои пред десет дена ги усвои нивното Генерално собрание, се прифатливи за Министерството за образование и наука, соопшти претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имале со министерот Јетон Шаќири. Не е прифатливо само барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен […]

Маската повеќе не е задолжителна во превозните средства во Грција


Од денеска Грција ги укинува задолжителната употреба на маска во превозните средства и задолжителниот тест за невакцинираните работници, што воедно беа и последните мерки што важеа за заштита од Ковид-19, објавија грчките медиуми. Одлуката за укинување на задолжителната маска во јавниот и такси превозот, беше соопштена пред десет дена, а сега со објавената министерска одлука […]

Бугарите во Македонија ќе можат да гласаат на седум места на изборите


  Според интерактивната карта за гласањето на Бугарите во странство на изборите в недела на 2 април во македонија ќе бидат отворени седум избирачки места. Две од нив се во официјални државни претставништва – амбасадата на Бугарија во Скопје и генералниот конзулат во Битола, додека другите се во хотели, приватни објекти или во трговски центар. […]

Посебен режим на сообраќај во вторник и среда 


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре, вторник и среда, (28/29.03.2023), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, д-р Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по […]

„Кадилакот“ на Ататурк реставриран


Анкара – Возило „Кадилак“ од 1935 година што го користел основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, е реставриран по пет години работа на него, објавија турските медиуми. – Процесот на реставрација на овој автомобил траеше долго поради пандемијата и доцнењето во наоѓањето оригинални делови… Автомобилот го користеле и наследниците на сестрата на Ататурк во јужниот округ […]

Најпреведуван шпански автор: Маркес го надмина Сервантес


Нова студија покажува дека Габриел Гарсија Маркес го „претрка“ Мигел де Сервантес за најпреведуваниот шпански автор на овој век, пренесува „Гардијан“. Сепак, Сервантес и понатаму останува најпреведуваниот шпански автор во последните осум века. Наодите за ваквата промена доаѓаат откако Институтот Сервантес, кој работи на промоција на шпанскиот јазик и култура, започна да обравотува податоци за да ја […]

Романите на Агата Кристи претрпеа цензура и бришење на расни референци


Голем број романи на Агата Кристи се одново напишани поради модерни чувствителности, и во нив се отстранети расистички термини и изменети се делови од текстот, пишува Индепендент. Веста доаѓа неколку недели откако книгите на Роалд Дал и Јан Флеминг беа слично уредени следејќи ги сензитивните критики. Мистериите на Поаро и на Мис Марпл претрпеа уредувања така […]

Принцот Хари и Елтон Џон тужат заради нарушување на приватноста


ЛОНДОН – Британскиот принц Хари и пејачот Елтон Џон изненадувачки  се појавија пред Високиот суд во Лондон, додека тие и уште петмина започнаа тужба против издавачот на весникот „Дејли мејл“ поради долгогодишно наводно прислушување телефони и нарушување на приватноста. Хари, помладиот син на кралот Чарлс, поднесе тужба против Associated Newspapers (ANL), заедно со Џон – […]

Арсовска повторно ќе бара поддршка од советниците за набавка на еко-автобуси


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ќе се обиде од советниците да добие поддршка за набавка на еколошки автобуси. На дневен ред на седницата на Советот, која е закажана за 30 април, повторно ќе се најде предлогот за долгорочно задолжување на Град Скопје кај домашна банка за купување нови автобуси. Советот на Град Скопје првиот […]

„Уанвеб“ ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск – лансирани последните 36 сателити од првата група


Британската сателитско-комуникацика компанија „Уанвеб“ (OneWeb) ги лансираше последните 36 сателити во склоп на мрежата од првичните вакви 616 уреди, со коишто ќе му конкурира на „Старлинк“ на Илон Маск и ќе понуди глобална интернет-покриеност уште оваа година. Директорот на „Уанвеб“, Нил Мастерсон рече дека успехот на компанијата е резултат на обемна и напорна работа, и […]

ИТ-секторот сѐ уште се смета за доминантно машка професија


Жените во ИТ-секторот не се поштедени од дискриминација, ниту од сајбер насилството, и сето ова влијае на менталното здравје на сите жени и девојки вработени во овој сектор, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на дискусијата на тема „Дискриминација сокриена во екранот – еднаква плата и вознемирување на Жени од ИТ“. […]

ИРЛ за „Нечиста крв“ добитник на наградата за истражувачко новинарство на ЗНМ


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска ги додели годишните новинарски награди. Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребала“ ја доби Истражувачката репортерска лабораторија за „Нечиста крв“.      Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја доби Драган Ѓоргоски.     Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење му припадна […]

Битиќи за потребата од преквалификација: Некои работни места од пред 30 години веќе не постојат


Тие што сметаат дека нашата држава дава подобри услови за живот, ќе го најдат патот, исто како нашите сограѓани кои веруваат дека поквалитетен живот можат да најдат во Западна Европа, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со увозот на работна сила во земјава. Според него, долгорочните решенија, […]

До 31 март отплата на долгови за вода на рати и без камата


Граѓаните на град Скопје кои имаат заостанати долгови за вода можат да склучат договори со ЈП Водовод и канализација – Скопје за отплата на рати без камата до крајот на месецов. -ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата […]

Вештачки идиотизам


Нема ништо ново за „четботовите“ кои се способни да одржуваат разговор на природен јазик, да ја разберат основната намера на корисникот и да понудат одговори врз основа на претходно поставени правила и податоци. Но, капацитетот на таквите чет-ботови е драматично зголемен во последниве месеци, што доведе до виткање раце и паника во многу кругови. Многу […]

Се воведува систем за кариерно следење на матурантите од средните стручни училишта по дипломирањето


Во насока на подигнување на степенот на вработливост кај младите, Министерството за образование и наука започнува процес на воспоставување на систем за следење на кариерите на матурантите по дипломирањето во средните стручни училишта, како активност дефинирана во Стратегијата за образование 2018-2025 година.  Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба […]

Нема да има ветинг ако нема меѓународна поддршка


  Без меѓународна поддршка, министерот за правда Кренар Лога не планира да спроведе ветинг во судството, иако лично смета дека мора да се спроведе.   „Во Министерството нема никаков документ поврзан за ветингот, нема ни буква ‘В’. Ние стоиме на ставот дека мора да има ветинг, но во овој ветинг мора да се вклучат ЕУ […]