Бугарите во Македонија ќе можат да гласаат на седум места на изборите


Едно огласачките места ќе биде во бугарскиот конзулат во Битола (Фото: А. Блажевска)

 

Според интерактивната карта за гласањето на Бугарите во странство на изборите в недела на 2 април во македонија ќе бидат отворени седум избирачки места. Две од нив се во официјални државни претставништва – амбасадата на Бугарија во Скопје и генералниот конзулат во Битола, додека другите се во хотели, приватни објекти или во трговски центар.

Освен во Скопје и Битола, Бугарите ќе можат да гласаат и во Струмица, Тетово, Охрид, Кавадарци и Прилеп.

Во рокот за гласање на изборите се пријавиле само 169 бугарски граѓани. Но тој број може да биде поголем на денот на гласањето, бидејќи има и такви што не се пријавиле, но ќе можат да го дадат својот глас в недела.

На последните избори во октомври 2022 правото на гласање го искористиле 650 лице со бугарско државјанство. Тогаш најмногу гласови доби ГЕРБ на Бојко Борисов – 31 отсто, а втора беше ВМРО на Красимир Каракачанов. Трета беше партијата на поранешниот премиер Кирил Петков, Продолжуваме со промената. Во Македонија, според пописот од 2021, како Бугари се изјасниле 3.504 лица.

Бугарската изборна комисија одреди 737 гласачки места во странство. Интересно е што во Србија, каде што има поголемо бугарско малцинство отколку во Македониј,а ќе има само четири избирачки места. Но затоа во Албанија ќе има дури пет, од кои едно во Корча, што е најблиску до Мала Преспа, макде што се најмногу концентрирани Македонците. Софија веќе подолго време прави напори за бугарска асимилација на Македонците што живеат во Албанија. За време на денешната посета на Скопје албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка изјави дека има такви информации, но дека тоа се само спорадични случаи. (Н.В.)