Советниците утре треба да се согласат Владата да ја преземе Универзална сала


Советниците на утрешната седница на градскиот Совет треба да се изјаснат за иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата. Иницијативата ја поднесе советничката група на СДСМ и коалицијата, поткрепена со писмото на министерката за култура, Бисера Костадиновска, која го испрати до координаторите на советничките групи […]

Топлински пумпи и фотоволтаици за комплексот базени Куманово за заштеда на трошоци за енергија


 Општина Куманово ќе инвестира десет милиони денари за топлински пумпи и фотоволатаци за комплексот базени, соопштија денеска од ЈП „Куманово Паркинг“ кои менаџираат со базените. – Советот и градоначалникот донесоа одлука за распишување тендер за избор на компании за поставување топлински пумпи во вредност од пет милиони. Вториот тендер е за поставување фотоволтаици и тој […]

До петок стабилно време, за викендот повремен дожд


До петок ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Минималната температура и утре изутрина на повеќето места ќе се спушти под нулата, а потоа во следните денови температурите ќе бидат во пораст. Во понеделник се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд и […]

Вработените во Министерството за култура и денеска на протест


И на денешниот протест вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм побараа од министерот за финансии Фатмир Бисими да ги прими и да ги слушне нивните барања. Тие уште еднаш испратија апел за зголемување на нивните плати за 30 проценти, по примерот на зголемувањето на платите во Министерството за финансии. […]

НOБ гостува во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“


Белград– Ансамблот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија на 1 април во сабота, на Големата сцена (19:30 ч.) на Народниот театар во Белград, ќе гостува со најпознатата опера на Џоакино Росини „Севилскиот берберин“, која ќе биде изведена под режисерската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Урсула Хорнер, јави дописникот на […]

Одобрен Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за 2022-2031


Донесен и одобрен е Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031 година, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Планот, како што се наведува, е донесен по долготрајни, но плодотворни консултации на експертско ниво. Според ресорното министерство, во овој транспарентен процес беа вклучени околу 70 експерти, при што […]

Мајката на повредената битолска ученичка е зачудена од однесувањето на директорката


  БИТОЛА – „Наместо да покаже емпатија кон девојчето за повредите и стресот, да ми ја донесе дома или да ја одведе на лекар, директорката ја храбреше ќерка ми дека ‘битно е жива’ и дека  е ‘голем јунак’“, вака сведочи за „Независен“,  С.Д. (38) години, мајка на девојчето од Средното медицинско училиште во Битола врз […]

Шаќири: Ги мотивираме компаниите да ги задржат младите кадри во земјава


Ние како Влада постојано работиме на подобрување на квалитетот на животот, особено на младите, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната јавна дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“. Нагласувајќи ја важноста на дебатата, организирана од Форумот за промени во образованието, […]

Комерцијална банка лани оствари нето добивка од 34,9 милиони евра, дивидендата е 500 денари за акција


Комерцијална банка АД Скопје на 29.03.2023 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2022 година со бруто-добивка во износ од 2.311 милиони денари (37,5 милиони евра). По пресметување на данокот на добивка од 161,8 милиони денари (2,6 милиони евра), нето-добивката на Банката изнесува 2.149,2 милиони денари (34,9 […]

Ковачевски разговараше телефонски со Столтенберг


  Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, попладнево разговараа телефонски за прашања што се важни за регионот и во геополитички контекст.    Според соопштението од владината прес-служба било истакнато силното единството на државите сојузнички во Алијансата, во функција на мирот, по предизвиците од бруталната воената агресија на Русија врз Украина. При тоа била […]

Започнуваат проекти за справување со аерозагадувањето и унапредување на капацитетите на општините


Започнува реализацијата на проект за справување со загадувањето на воздухот во пет општини и проект за унапредување на капацитетите на општините и поддршка на рамномерниот регионален развој, кои Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги реализира со поддршка на Шведска. Денеска беа презентирани главните цели и активности на Програмската рамка за соработка помеѓу […]

Антиќ доби нов четиригодишен мандат на чело на кошаркарската федерација


Досегашниот претседател на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, и следните четири години ќе ја извршуваа оваа функција. На денешното Изборно собрание на федерацијата, Антиќ доби 40 гласа, еден делегат гласаше против. Поранешниот македонски репрезентативец, рече дека во вториот свој мандат на чело на федерацијата, ќе работи на создавање што е можно подобри услови за сите […]

Нема да има нагло поскапување на производите по одмрзнувањето на цените, тврди Бектеши


Министерот за економија Крешник Бектеши тврди дека нема да дојде до нагло поскапување на производите кога ќе престанат да важат владините одлуки за замрзнување на цените.  Според него, производителите и трговците можат да направат калкулации согласно постечките цени на суровините и другите параметри кои се влезни во утврдувањето на финалната цена на производите. -Нема таков […]

Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина претставени на изложба во Кочани


Можностите за искористување на остатоците од земјоделството како готови производи и прототип-дизајни се претставени на изложба што денеска ја организираше граѓанското здружение за културно-уметнички дејности „Одоната” од Кочани. Изложбата е дел од проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани”, што се реализира во партнерство со Македонското модно здружение од Скопје, а […]

Иселениците лани во Албанија дозначиле 834 милиони евра, најмногу од 2008 година


Новиот имиграциски бран се огледа во парите што новите имигранти им ги испраќаат на семејствата, кои ги оставиле во Албанија, наведува весникот „Монитор“. – Според статистиката на платниот биланс на Централна банка на Албанија, депозитите на имигрантите за 2022 година достигнале 834 милиони евра, што е зголемување за 9,6 отсто споредено со минатата година и се на највисоко ниво 2008 година кога депозитите биле на […]

„Макстил“ го едуцира младиот стручен кадар на тема безбедност и здравје при работа


  Со стручни предавања и презентации, „Макстил“ започна со спроведување на нов проект за едукација од областа на безбедноста и здравјето при работа во средните стручни училишта во Скопје. Преку пренесување на знаењата и стандардите за безбедност при работа, младите се оспособуваат за безбедносните протоколи пред да бидат дел од работната средина и индустриските процеси […]

Наследникот на „Мекдоналдс“ во Русија работи со големи загуби


  Мрежата на ресторани за брза храна „Вкусно – и точка“, која го замени „Мекдоналдс“ по заминувањето на американската компанија од Русија, се покажа како неисплатлива уште во првата година од работењето. На крајот на 2022 година, компанијата „Система“, која работи со синџир ресторани, пријави нето загуба од 11,3 милијарди рубљи (146 милиони долари), пишува […]

Белен до пратениците: Не грижете се, македонскиот јазик ќе опстане во ЕУ


Не грижете се, македонскиот јазик ќе опстане во ЕУ, како си сите други јазици во Северна Македонија, им порача денес на пратениците австрискиот претседател Александер ван дер Белен, кој престојува во прва официјална посета на земјата.  Белен, како и претходно на прес конференција, ги охрабри да ги поддржат уставните измени, уверувајќи ги дека тоа ќе […]

Бектеши: Со РКЕ работиме по 1 јули да се врати евтината дневна тарифа за струјата


Заедно со Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Со тоа би можело да имаме […]

Намален бројот на ученици во учебната 2022/2023 година


Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2022/2023 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185.099, што претставува намалување за 0,8 отсто во однос на претходната учебна година. Бројот на учениците во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2022/2023 година, изнесува 69.227, што претставува намалување за 2,5 […]