Мерцедес започна со тестирање на новата верзија на „W14“


 Германскиот Формула 1 тим Мерцедес веќе започна со тестирање на ажурираниот болид од 2023 година со пошироки странични понтони.  Како што објави „Auto Motor und Sport“ моделот на новиот автомобил веќе активно се однесува во аеродинамичниот тунел.  Претходно, намерата за промена на концептот на актуелниот болид ја искажа и шефот на Мерцедес, Тото Волф.  Пилотите […]

8 март во историјата – Почна Февруарската револуција во Русија која доведе до крај на царството


  Во Русија, Февруарската револуција (позната како таква поради руската употреба на јулијанскиот календар) започн на 8 март 1917 година кога во Петроград избувнаа немири и штрајкови поради недостигот на храна. Една недела подоцна, вековното царско владеење во Русија заврши со абдицирање на Николај Втори, а Русија направи драматичен чекор поблиску кон комунистичката револуција. До […]

Финансиски хороскоп за пролет 2023 година


Финансиска астро прогноза за март, април и мај 2023 година Овен (21 март – 19 април) Во март ќе има мали трошоци, но приходите ќе бидат редовни и стабилни. Април ќе ве израдува со пријатни подароци и неочекувана заработка. Во мај ќе има можност да си најдете нова вокација која ќе доведе до успешни одлуки. […]

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс се повлекува од функцијата


САД – Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс ќе се повлече од функцијата овој месец, објави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, јави ДПА. Прајс е на функцијата од јануари 2021 година. Тој ќе остане во одделот и ќе работи директно со Блинкен. За време на администрацијата на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, брифинзите за […]

Потпишување договор за коридорите 8 и 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“


Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот за коридорите 8 и 10 д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“.   На настанот по овој повод ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички […]

Меѓународен ден на жената: Празник посветен на правата на жените и светскиот мир


Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки […]

Дваесет години Клуб на пратенички: Има уште многу на што да се работи


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска на 8 Март – Меѓународниот ден на жената првпат ќе се одржи седница за напредокот во родовите прашања во земјава. Седницата воедно ќе значи и одбележување на 20-годишнината од основањето на Клубот на пратенички, кој е и иницијатор на одржување на една ваква седница, која треба да резултира […]

Оперската дива Пендачанска на осмомартовски концерт во НОБ


На сцената на Националната опера и балет, вечер со почеток во 20:00 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран. На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски(баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Диригент на […]

Mузејски тури со кустос-водич за изложбата на Лубарда во МСУ


Поради големиот интерес за новоотворената изложба на дела од уметникот од светски ранг Петар Лубарда на 11, 18 и 25 март од 13 до 14 часот, МСУ – Скопје ќе организира музејски тури со нашиот кустос – водич, Бојана Јанева, информираат од МСУ. „Сите кои сакаат одблиску да го запознаат ликот и делото на Лубарда […]

Неколку улици во центарот на Скопје и Криви Дол денеска без вода


Корисниците на улиците „Пролет“, „Светозар Марковиќ“ и „Мирче Ацев“ во центарлниот дел на Скопје, денеска од 9 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради изведување на водоводен приклучок Ф150мм. на улица Пролет бб, јавува Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Од претпријатието исто така известуваат дека во исто време прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците […]

Американски разузнавачи сугерираат дека „Северен тек“ бил саботиран од проукраинска група


Украина- Нови разузнавачки информации што биле прегледани од американски официјални лица сугерираат дека минатогодишниот напад на гасоводот „Северен тек“ го извршила проукраинска група, пренесе денеска весникот  „Њујорк тајмс“. Нема докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленскии или највисоките украински функционери биле вклучени во операцијата, ниту дека сторителите дејствувале по инструкции на некој украински владин функционер, пишува весникот […]

Тампере меѓу четирите градови домаќини на ЕП во кошарка


Германија – Фински Тампере ќе биде еден од четирите градови домаќини на групната фаза од Европското првенство 2025 година, кое заеднички ќе го организираат Финска, Летонија, Полска и Кипар, соопшти европскиот огранок на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА). Натпреварите ќе се играат во „Тампере Дек арена“ со капацитет од 11.000 седишта, која беше отворена во 2021 година. Финска втор пат […]

Барселона демантира поткуп на судии


Шпанија– Претседателот на фудбалски прволигаш Барселона, Жоан Лапорта, рече денеска дека неговиот тим „никогаш не поткупил судија‘. Неговата реакција доаѓа откако во јавноста беше изнесен сомнеж дека Барселона во минатото уплатила одредена сума пари на сметката на поранешниот судиски менаџер Хозе Марија Енрикез Негреиро. „Нека биде јасно дека Барселона никогаш не поткупила судија, ниту планира […]

Сончево со умерена облачност, температурата до 18 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен […]

Груби ги нарече хистерични реакциите за играњето фудбал во неговиот кабинет


Не гледам ништо неморално и неетично во тоа што игравме фудбал во мојата канцеларија, коментарите  се недолични, порача вицепремиерот Артан Груби во врска со фотографиите и видеото кои ги објави попладнево, на кои се гледа како со уште пет министри од партијата играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата. Груби посочи дека пораката […]

Пролетта решила да дојде ден пред 8 Март


Утре е Денот на жената – 8 Март. Убав ден – борбен ден. Ќе го одбележат маршови, пораки големи колку и борбата на жената за еднаквост. Ќе се прослави како и секоја година и ќе се заборави на него до следната година. Денеска пак, пролетта реши да дојде, иако календарски има уште речиси две недели […]

Во Франција на протестите против пензиските реформи се собраа 1,28 милиони луѓе


Француското Министерство за внатрешни работи вечерва соопшти дека на протестите ширум земјата против пензиските реформи имало 1,28 милиони луѓе, јави радиото Франс Инфо. „Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во Франција имало 1,28 милиони демонстранти, додека главниот синдикат CGT ја споменува бројката од 3,5 милиони собрани“, објави француското радио на својата веб-страница. Париската полициска […]

Форум на граѓани во Општина Аеродром, граѓаните неинформирани – учениците порано дома


Денес во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа првиот од низата форум кои општината Аеродром ги организира со финансиска поддршка и партнерство на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). За да се одржи овој форум на граѓани, учениците од втората смена […]

Пауел: Каматните стапки веројатно ќе бидат повисоки отколку што очекувавме


Претседателот на американската централна банка (ФЕД) Џером Пауел на сослушувањето во Сенатот предупреди дека ќе мора да продолжат со политиката на зголемување на каматните стапки подолго отколку што првично очекуваа. Тој зборуваше во условно, но пораката беше јасна. „Доколку податоците диктираат дека се потребни дополнителни зголемувања, ќе бидеме подготвени да го забрзаме темпото на зголемување […]

Птичји грип откриен во југоисточниот и северниот дел на Унгарија


Птичји грип повторно е откриен на фарма за гуски во округот Бекеш, на југоистокот од Унгарија, соопшти денеска Управата за безбедност на храната на таа земја. Констатирано е дека оваа болест е регистрирана и кај птици во заробеништво во областа Комаром – Естергом на северот од земјата, пренесе МТИ. Верзијата на птичјиот грип Х5Н1 е […]