Со помош на едноставен и евтин трик, решете се од наелектризираната облека


Денес постојат различни машини за перење со различни програми за перење алишта, но понекогаш дури и најновата технологија на која одредени производители нагласуваат не може да ви помогне да се ослободите од статичкиот електрицитет од облеката. Сепак, постои многу едноставно решение кое може да го олесни перењето на вашата облека во машина. Имено, топчињата од […]

Според белоруско КГБ полски разузнавачки агенти наводно биле вклучени во саботажа против рускиот авион А-50


Комитетот за државна безбедност (КГБ) на Белорусија денеска соопшти дека наводно агенти на полското разузнавање од редовите на „бегалците Белоруси“ биле вклучени во подготовката на саботажа против рускиот авион А-50 на аеродромот во Мачулишчи во близина на Минск.  – Резултатите од прелиминарната истрага доведоа до заклучок за вмешаност на полски разузнавачи во подготовка на терористички […]

Пожар избувна во зградата на руското Министерство за внатрешни работи


Во зградата на главната дирекција на руското Министерство за внатрешни работи во Москва денеска избувна пожар, изјави за ТАСС извор од безбедносните служби. – Пожарот изби на третиот кат во Министерството, на улица Петровка бр. 38, петта зграда, вели изворот. Над зградата се издигнал густ чад, а според првичните информации пожарот зафатил градежни материјали лоцирани […]

Дела од Мартиновски, Пандилов, Перчинков, Владимирски… ќе бидат изложени во Кунстхале, Виена


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за култура за претставувањето на колекција на Музејот на современа уметност – Скопје, во Кунстхале – Виена. Посетителите во Виена, според образложението од Министерството за култура, ќе може да видат 94 дела од колекцијата на НУ Музеј на современа уметност, меѓу кои дела на […]

Владата го одобри склучувањето на Договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д


Владата на денешната седница го одобри склучувањето на Договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д. -Владата, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот […]

Утврден законот што ќе овозможи враќање на незаконски изнесените икони во земјава


Владата го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за враќање незаконски изнесени икони во земјата на потекло, предложен од Министерството за надворешни работи и одлучи да го достави до Собранието на Република Северна Македонија.   -Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, […]

Во пожар во куќа во кочанско Оризари настрада повозрасна жена


Во пожар што претпладнево избувна во семејна куќа во кочанската населба Оризари настрада повозрасна жена, а објектот е целосно оштетен. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани, веднаш по дојавата за огнот пристигнале на местото и почнале интервенција за гаснење со три возила и петмина пожарникари. -Нешто пред 10 часот добивме повик за пожар на […]

Симптомите на пролетниот замор кој погодува многумина: Еве како да си ја вратите енергијата


Кои се симптомите на пролетниот замор – како да ја намалите летаргијата, поспаноста и слабата енергија во втората половина на март и почетокот на април! Доаѓањето на пролетта и потоплите денови обично не поврзуваат со радост, но со доаѓањето на пролетта многу луѓе се соочуваат со поспаност и пролетен замор. Пролетниот замор или пролетната летаргија […]

МТЕЛ планира инвестиции од 50 милиони евра во земјава и нови 200 вработувања


Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари работна посета на телекомуникациската компанија МТЕЛ, притоа им честиташе на менаџерите на МТЕЛ за успешното работење, за постигнатите резултати и за позитивниот развој на пазарот во Северна Македонија. Како што информираат од владината прес-служба, премиерот истакна дека МТЕЛ досега во нашата земја има инвестирано четири милиони евра, а компанијата е […]

Советниците во Град Скопје ја одбија Иницијативата на СДСМ реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Владата


Советничката група на СДСМ до Советот на град Скопје поднесе предлог за дополнување на дневниот ред со Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија. Оваа овој предлог не беше усвоен затоа што за него гласаа само девет советници, додека […]

Ватикан ќе ѝ врати на Грција три скулптури од Партенон


  Ватикан и Грција во вторникот го финализираа договорот за враќање на три фрагменти од скулптурата на Партенон кои два века се наоѓаат во колекцијата на ватиканските музеи, што е најнов случај на западен музеј кој се поклонува на барањата за реституција. Ватикан го нарече враќањето екуменска „донација“ на православниот христијански архиепископ од Атина и […]

Во јануари извозот поголем за 13,7 отсто во однос на истиот месец лани, увозот за 4,9 отсто


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2023 година, изнесува 38,29 милијарди денари и бележи пораст од 13,7 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2023 година, изнесува 52,33 милијарди денари денари, што е за 4,9 отсто повеќе во споредба со истиот […]

СДСМ се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад некои од дојавите за бомби


ВМРО-ДПМНЕ ја попречува работата на институциите во спроведување на мерките за справување со дојавите за поставени бомби во училиштата, тврди Миле Талески, пратеник на СДСМ. Според него, во јавните настапи на претставници од ВМРО-ДПМНЕ, како на пример на Весна Јаневска која повика на непочитување на новите протоколи, директно се поткопува  дејствувањето на надлежните институции во […]

Годишната инфлација и натаму двоцифрена, пораст на трошоците на живот и во февруари


Инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава изнесуваше 0,6 отсто, додека во однос на февруари минатата година и натаму е двоцифрена и изнесува 16,7 отсто, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Во самиот врв на зголемени трошоци се најосновните производи, односно храната и безалкохолните пијалаци, каде што индексот во февруари […]

Му подготвува ли Ахмети „свилен гајтан“ на Меџити?


Му подготвува ли Ахмети „свилен гајтан“ на Меџити? – е дилемата што се јавува откако лидерот на најголемата политичка партија на Албанците го именуваше шефот на дипломатијата Бујар Османи како координатор за политички процеси во чаирскиот огранок на ДУИ – финкција непозната досега во охранокот. Иако Османи молчи, одлуката ја потврди вицепремиерот Артан Груби кој […]

Си краделе сообраќајни знаци во Прилепско


Во понеделник, во 14.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од октомври 2022 година до 03.03.2023 од магистрален пат А3 Прилеп – Тополчани биле одземени 17 сообраќајни знаци, од регионален пат Прилеп – Македонски Брод биле одземени 26 сообраќајни знаци и од регионален пат Прилеп – Крушево биле одземени 11 знаци. Се […]

Алијансата за Албанците го скрои списокот за директори


Алијанса за Албанците го направи изборот на директори на институции коишто ќе му ги предложи на премиерот Димитар Ковачевски. За директор на МЕПСО ќе биде предложен пратеникот Сурија Рашиди, а за Македонски пошти советничката на Град Скопје Бујаре Абази. Со Фондот за пензиско предложен е да раководи Арсим Хасани, додека на директорската позиција во Тетовската болница доаѓа […]

Прекината расправата за избор на судии поради кавга за процедура


Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата која требаше да продолжи попладнево е прекината, откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска од СДСМ и заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова почнаа да се препираат. На дневен ред на седницата е точката за утврдување предлог за избор на судии на Уставниот суд […]

УЕФА на 20 илјади навивачи на Ливерпул ќе им ги врати парите за влезници за финалето на ЛШ


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе обесштети 19.618 навивачи на Ливерпул за финалето од Лигата на шампионите. Да потсетиме дека на финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, во кое играа Ливерпул и Реал Мадрид, во Париз, почетокот на натпреварот доцнеше 36 минути поради организациски проблеми. Најпрво, УЕФА и францускиот министер за внатрешни работи Жералд […]

Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари, за 110 денари повеќе од јануари


Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.  Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, […]