Тренчевска: Креаторите на политиките не треба да седат во канцеларија, туку на терен да разговараат со граѓаните


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Студио 10, на Телевизија 24, зборуваше за говорот на омраза, кон жените кој е многу раширен во државата. Таа посочи дека за тоа придонесуваат социјалните мрежи каде луѓето можат да си кажат се што сакаат. „Мене лично повеќе ме повредува кога атакуваат врз моето семејство отколку кога изнесуваат квалификации […]

Амстердам гради огромен бордел, ЕУ агенција не го сака покрај својата зграда


Европската агенција за лекови ЕМА не е задоволна со планот на градот Амстердам да изгради „еротски центар“ во близина на нејзиното седиште, објави регулаторното тело за лекови. Амстердам со години размислува за преселување на легалната проституција понастрана од историскиот кварт на црвените фенери, а во февруари накави три можни локации. Две се во близина на […]

Порака од претседателот Пендаровски по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жените


По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жените, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Денеска кога ја одбележуваме децениската борба за социјална, економска и политичка еднаквост на жените, да се потсетиме дека секоја жена има право на слободен избор за своето тело, семејство, образование, занимање, работа, кариера, развој, политичко дејствување и учество во јавниот […]

Муцунски подели рози на жените кои ги чистат улиците на Аеродром


Денеска светот го празнува Меѓународниот ден на жената, а градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претседателот на советот Дејан Митески утрово се сретнаа и го честитаа празникот токму на жените кои со својата работа секојдневно даваат значаен придонес за нормално функционирање на општина Аеродром. „Утрово се сретнав со жените кои дел од комуналните служби во општината […]

Америка сака да ги отргне африканските суровини од контролата на Кина


  Најголемата африканска конференција за рударство, Рударската Индаба, е сон на секој антрополог. На неа доаѓаат корпоративни извршни директори, алфа мажи подготвени да склучат големи зделки за големи пари. Има инженери во светли корпоративни костуми кои личат на тим за турнир на пикадо, како и шарени африкански делегации, облечени во шарени крпи или конгоанки со […]

ЕВН Македонија повторно ги отвори вратите на музејот „Матка“


Единствениот музеј за електрична енергија во земјата, музејот „Матка“ на ЕВН Македонија, од денес е повторно отворен за посетителите. Првиот ден на новата сезона се одбележа со настан за енергетската ефикасност на кој експерти од компанијата објаснија зошто разумното користење на енергијата е од посебна важност. На целодневниот настан учествуваа стипендисти на компанијата на техничките […]

На раководни позиции во Министерството за економија 65 отсто се жени


Родовата еднаквост е предуслов за слободно, развиено, демократско, праведно и отворено општество. 8-ми Март е Меѓународен ден на жената преку кој се одбележува борбата за политичка, економска и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите. За да го испочитуваме овој меѓународен празник треба секојдневно да дејствуваме против родова стереотипизација. Чест ми е денеска да кажам што […]

ОН: Во Авганистан најмалку се почитуваат правата на жените во светот


САД –   Специјалната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации и шефица на мисијата на ОН во Авганистан, Роза Отунбаева денеска, на Меѓународниот ден на жената, соопшти дека Авганистан под талибанската влада се уште е држава која најлошо  од сите држави во светот се однесува спрема правата на жените и девојчињата. Отунбаева додаде дека е […]

Камелијата како вечна тема на „Шанел“


Франција– Цвеќето камелија како вечна тема и можеби најсилната инспирација на модната куќа „Шанел“, беше главен мотив и на ревијата на последниот ден од Модната недела во Париз. Голема камелија „никна“ на модната писта, но и помали „цветаа“ на чевлите или како копчиња на фустаните од колекцијата на куќата за висока мода. Според модната куќа, […]

Остар пад на Волстрит по пораките на Пауел за каматните стапки


Американските индекси претрпеа силен пад во вторникот по пораката на гувернерот на ФЕД Џером Пауел дека каматните стапки ќе бидат малку повисоки од очекуваното. Дау Џонс индастриал авериџ (Dow Jones Industrial Average) падна за 574,98 поени или 1,72 отсто за да заврши на 32.856,46. S&P 500 изгуби 1,53 отсто за да се затвори на 3.986,37 […]

Оксфорд забрани секс меѓу професори и студенти


Англија – Универзитетот Оксфорд објави дека од 7 април на академските работници кои имаат каква било одговорност со луѓе кои сѐ уште се студенти, ќе им биде забрането да стапуваат во интимни односи со тие лица. Во соопштението објавено во „Тајмс“ се вели дека наставниците и професорите „ќе бидат строго обесхрабрени“ да влегуваат во каков било […]

Зеленски: Со заземањето на Бахмут Москва би имала „слободен пат“ кон источна Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека во случај на заземање на Бахмут, за кој со месеци се водат борби, руската армија ќе има „слободен пат“ да ги окупира градовите во источна Украина. – Разбираме дека по Бахмут би можеле да одат понатаму, би можеле да одат во Краматорск, во Словјанск, патот би бил слободен за […]

Опасност од искривено дрво во паркот „Жена борец“, ЦУК ги извести „Паркови и зеленило“ и Град Скопје


Денеска, по добиена пријава од граѓани, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги известил ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје и побарал итно отстранување на дрвото што е исушено, пукнато кај коренот и опасно навалено пред паѓање кај Градскиот трговски центар во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје. -ЦУК ја следи ситуацијата […]

Работници на „Амазон“ во Калифорнија ја изгубија колективната тужба против компанијата


Компанијата „Амазон“ победи во колективна тужба поднесена во име на речиси 7.000 работници на „Амазон“ од американската сојузна држава Калифорнија, барајќи надомест за вработените кои работеле од далечина за време на пандемијата на корона вирус. Американскиот окружен судија Винсент Чабриа во Сан Франциско изјави дека назначениот обвинител Дејвид Вилијамс не докажал дека „Амазон“ требало да […]

Цвеќето поскапе, вниманието „поевтини“


Денес е 8 Март – празник кој наводно припадничките на женскиот пол не го слават, не се дотеруваат, не одат на фризер, не очекуваат подароци, како мајки, сопруги, партнери, вработени, домаќинки… наводно, денес е нормален ден, кој од наутро ви почнува со нервози заради доцнењата на автобусите, сообраќајните турканици, стопирање на улиците заради градежни зафати, […]

Спасовски: Во МВР 48 проценти од раководните позиции им се доверени на жени


Во рамки на Министерството за внатрешни работи 48 проценти од раководните позиции им се доверени на жени. Исполнетноста на принципот на застапеност на жени на раководни позиции е евидентна и во рамки на Бирото за јавна безбедност, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.    – Така, жените се на раководни позиции на Оддели како […]

Грузија протестира против законот за „странски служби“


  Демонстрантите се судрија со полицијата во главниот град на Грузија, Тбилиси, откако парламентот го поддржа контроверзниот предлог-закон за кој критичарите сметаат дека ја ограничува слободата на медиумите и го задушува граѓанското општество. Полицијата за брзи интервенции употребила водени топови и солзавец за да ги растера граѓаните собрани пред зградата на законодавниот дом. Дел од […]

Средношколци фармацевти изработија спрејови за кожа, ќе ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки


Средношколци, идни фармацевти, изработија спрејови за кожа и ќе ги подарат на жени вработени во училиштето и на сограѓанки. Се работи за ученици од I-6 клас, фармацевтски техничари, од Средното кавадаречко училиште „Ѓорче Петров”.    – По повод празникот на жената 8 Март, тие заедно со својот професор – ментор Блаже Ѓорчев, изработија нов производ […]

Крлежа и крлежијанството како институција


Како појавата на романот на Добрица Ќосиќ „Далеку е сонцето“ требаше да биде пандан на огромниот опус на Мирослав Крлежа. Романот на Ќосиќ беше производ и на тимска работа Како ориентација во интелектуалната елита, особено кај левоориентираната интелигенција, крлежијанството се појавува во првата Југославија. Се заснова на литературното дело на Крлежа и погледите на уметноста. […]

Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор со соседни општини од Македонија и Албанија


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска ќе изврши увид во работите за подобрување на системите за заштита од пожари во рамки на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен противпожарен штит“, во близина на Општина Врапчиште во село Градец. Како што појаснуваат од Министерството за локална самоуправа, проектот „Прекуграничен противпожарен штит“ е за подобрување на системите за […]