За пет години државата ќе добие нови 110 километри автопатишта за 1,3 милијарди евра


  Во наредните пет години Македонија ќе добие нови 110 километри современи автопатишта вредни 1,3 милијарди евра во најголемиот проект во патната инфраструктура во историјата на земјата. За таа цел денеска во Скопје беше потпишан договор со меѓународниот конзорциум „Бехтел и Енка“, кој треба да изгради четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д: Тетово […]

Туристи на длабочина од неколку стотини метри снимиле медуза поголема од нивната подморница


Во водите околу Атлантикот воочено е ретко и невообичаено суштестви, а се работи за огромна медуза со пипци долги повеќе од девет метри. При истражување на брегот околу Антарктикот туристите во приватна подморница успеале да го снимат ова необично суштество, кое досега е видено 126 пати. Медузата била поголема од подморницата во која се наоѓале […]

НАСА ја најави „Артемис 2“, четворица астронаути ќе летаат околу Месечината


 Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА соопшти дека, според досегашниот тек, е на добар пат да ја оствари својата мисија со луѓе околу Месечината следниот ноември, по успешниот пробен лет без посада. Притоа е објавено ажурирање за програмата „Артемис“ за испраќање луѓе на Месечината. Инаку, првата мисија „Артемис 1“ заврши успешно во декември кога капсулата […]

Џез во „Паблик Рум“ – концерт на Такси Конзилиум


Овој четврток, 9 април, во рамките на посветено курираниот музички серијал „Јавна Проба“ ќе настапи реномираниот џез состав Такси Конзилиум.  „Јавна Проба“ е резултат на потребата за поширока презентација и промоција на квалитетна домашна авторска музика во полето на поп, рок и џез музичка сцена од различна генерација на веќе докажани музичари и надоаѓачки таленти кои […]

Камион удри во три лица кои стоеле покрај автопат – еден загинат, возачот е во бегство


Триесетгодишен маж загина кога во него удрил камион, по чијшто возач трага полицијата. Мажот со уште две лица стоеле покрај паркинарно возило, кога кон нив влетал камион и ги удрил тројцата, јавува Макфакс. Останатите се здобиле со повреди и биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата. Настанот се случил вчера на автопатот Северна […]

Агелер: Зајакнување на правосудството е главен приоритет за САД


  Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за Амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде Амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и […]

Романија купува американски тенкови Абрамс


Романските воени претставници најавија дека државата ќе купи баталјон тенкови Абрамс од САД, со што Букурешт ќе стане трет корисник на тој тип тенкови во Европа, по Полска и Украина. Според порталот Балканска безбедносна мрежа, одлуката на Букурешт се заснова на заклучоците од анализата на Министерството за одбрана за итната модернизација на оклопните единици, која […]

Концерт место цвеќе: Дамите уживаа во поп-класичната музика на триото „Џентлемен“ во Охрид


Бројна публика меѓу која преовладуваа припадничките на понежниот пол синоќа го проследи концертот на триото „Џентлмен“ што се одржа во црквата „Света Софија“ во организација на НУ „Охридско лето“. Триото „Џентлмен“ е формирано по урнекот на светските поп-класични состави од професионалните оперски пејачи, тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимагловски и баритонот  Кристијан Антовски. На нивниот […]

Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Македонија и Албанија


Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор во соработка со соседните општини од Македонија и Албанија е проект што треба да се реализира до август 2024 година, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен противпожарен штит“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична […]

Ботовите создаваат илузија на популарноста, тие не ги убедуваат луѓето, туку шират лаги


  Во текот на изминатите 11 месеци, некој создаде илјадници лажни, автоматизирани сметки на Твитер – можеби стотици илјади од нив – за да понуди голема поплава на пофалби за Доналд Трамп. Покрај објавувањето восхитувачки зборови за поранешниот претседател, лажните профили ги исмеваа критичарите на Трамп од двете партии и ја нападнаа Ники Хејли, поранешната […]

Место да обучуваат, увезуваат здравствени работници на штета на посиромашните држави


Во април 2020 година, за време на првата фаза од пандемијата, Романија се соочи со најголем број на инфекции со корона и смртни случаи во цела Европа. Не само поради сомнежот за вакцината – едноставно немаше доволно медицински персонал да се грижи за пациентите. Според Виенскиот институт за меѓународни економски студии  ниту една друга европска […]

Принцезата Медлин се враќа во Шведска со семејството по пет години живот на Флорида


САД– Америка губи еден од своите кралски жители. Принцезата Медлин од Шведска ќе се врати во својата родна земја откако живее на Флорида од 2018 година, објави во вторникот шведската палата. „Принцезата Медлин и г-дин Кристофер О’Нил, заедно со нивните деца, ќе се преселат во Стокхолм во август 2023 година“, се вели во соопштението, додавајќи […]

Во документите мора да се почитува официјалниот македонски јазик, вели министерката за култура


– Сведоци сме на она што се случува секојдневно во говорниот и во пишаниот македонски јазик и затоа носењето на Законот за употреба на македонскиот јазик претставува навистина многу голем чекор. Со него ќе се дорегулираат правните норми за заштита и негување на македонскиот јазик и што треба секоја институција да направи за да може […]

Стопанска комора: Да се повлече новиот закон за игри на среќа


Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која […]

 НАТО ќе помогне да изградиме отпорност кон хибридните закани


Делегација на НАТО предводена од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс Апатураи, имаше состамок на експертско ниво  на кој домаќин беше секретарот на Советот за координација на безбедносно- разузнавачката заедница Даниела Илиоска. На состанокот се говорело за  за хибридните закани и напади со кои се соочуваме како земја изминатиов период.  -Граѓаните се безбедни […]

Светот го одбележува Денот на жената, но злоупотребите и нееднаквоста не се намалуваат


  Стотици илјади луѓе треба да учествуваат на демонстрации, митинзи и шарени настани ширум светот во среда за да го одбележат Меѓународниот ден на жената, датумот востановен за да ги слави жените и да бара еднаквост за половина од населението на планетата. Иако има голем напредок во десетици земји, ситуацијата во места како Авганистан и […]

Ангеловска-Бежоска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на корисниците на банкарски услуги


  „Задолжително информирање на потрошувачот за условите под кои ги користи платежните услуги, како и информирање за надоместоците за најчесто користените услуги на платежната сметка ‒ со новата законска рамка се зајакнува заштитата на корисниците на платежните услуги во земјава“, вели во интервју за „Марили“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и посочува дека Народната […]

Зоран Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа


   Претседателот на Собранието, Талат Џафери на почетокот на 107. седница информира дека Зоран Димитровски поднел оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа. Џафери потенцира дека Димитровски не сакал да го користи правото да ги образложи причините за оставка и со ова му престанува функцијата. Оставката на Димитровски следува по излегувањето на неговата партија Демократски […]

(Во живо) Потпишување на договор за Коридор 8 и 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“


Проследете потпишувањето на договорот за Коридор 8 и 10 д  помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“. На настанот ќе говорат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и […]