Амстердам гради огромен бордел, ЕУ агенција не го сака покрај својата зграда


Европската агенција за лекови ЕМА не е задоволна со планот на градот Амстердам да изгради „еротски центар“ во близина на нејзиното седиште, објави регулаторното тело за лекови.

Амстердам со години размислува за преселување на легалната проституција понастрана од историскиот кварт на црвените фенери, а во февруари накави три можни локации.

Две се во близина на новата зграда на ЕМА, која се наоѓа во близина на големи хотели и финансискиот дел на градот.

Загриженост

ЕМА во 2019 година ги пресели своите вработени во Амстердам, напуштајќи го Лондон откако Велика Британија излезе од ЕУ.

Агенцијата во соопштението вели дека се многу загрижени поради плановите за тој центар, кој ви требало да вклучува околу 10о работни простории за сексуалните работнички, како и барови за забава.

Промената на локацијата од традиционалните црвени фенери е мотивирана од загриженоста потади неугодност, дилање дрога и пијаснтва, велат од ЕМА.

„Лоцирањето на еротски центар во непосредна близина на ЕМА веројатно ќе донесе исти негативни влијанија и на соседното подрачје“, додаваат.

Градоначалничката: Сакам тоа да биде еротски центар со стил

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, сака да изгради повеќекатен „еротски центар“, а од архитектите побара да ја дизајнираат зградата која содржи соби за сексуални услуги, како и барови и забавни центри.

Халсема вели дека сака да ја подобри ситуацијата во која се наоѓаат сексуалните работници и да се намали влијанието на организираниот криминал.

„Се надевам дека можно е да се створи еротски центар со стил, а не место на кое се собираат само ситни криминалци и најзагрозени жени“, вели таа за „Осбервер“.

халсема додава дека е свесна оти многумина од жителите нема да сакаат тој да се наоѓа во нивна блзина.

Проституцијата во Холандија е легална од 2000 година

Агенцијата вели дека е загрижена за сигурноста на својот персонал и посетителите и дека има спогодба со холандската влада кој гарантира „сигурност и мир“ во нејзините канцеларии.

Проституцијата во Холандија е легална од 2000 година, а пред тоа со децении беше толерирана во квартот на црвените фенери.

Но, овој кварт се менува последните годони затоа жто жителите се жалаат на претеран туризам. Во февруари градот објави план за забрана на пушње марихуана во овој кварт.