ЕСМ со најголемо производство на електрична енергија во последните десет години


Вчера АД ЕСМ произведе 21.611 MWh електрична енергија, што е најголемо дневно производство во последните 10 години, соопшти генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на заедничката прес конференција со министерот за економија, Крешник Бектеши. Во моментот АД ЕСМ работи со сите капацитети, и ги задоволува потребите за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и […]

МОН ги повикува сите засегнати да дадат сугестија за новите наставни програми и ревидирање на постојните


Водејќи се по принципите на транспарентност и инклузивност во креирањето на образовните политики, Министерството за образование и наука ја вклучува јавноста во реформирањето на националниот образовен систем. Еден од приоритетите во овој процес е унапредување на содржината на наставните програми во основното и средното образование и во таа насока, МОН ги повикува сите заинтересирани, засегнати […]

Eдиција со најпознатите дела од Агата Кристи претставена на „Денови на литературата“


Инспирирано од детективските романи на легендарната писателка Агата Кристи, вчеравечер (9 февруари), во „Литература суперстор“ во „Скопје сити мол“ се одржа тематската книжевна дружба, која беше во рамките на „Денови на литературата“. На настанот, во стилот на ерата на Кристи, беше претставена колекционерската едиција со најпознатите дела од Кристи, кои се во издание на „Арс […]

Грковска: Со членството во ГФЦЕ имаме силен сојузник во борбата со сајбер нападите


  Заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска, денеска имаше средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп, Воутер Венстра, претставник на Секретаријатот на GFCE, Глобалниот форум за сајбер експертиза, претставници на академската заедница и претставниците на институции во земјата. На средбата се разговараше за потребата од заеднички координиран пристап […]

Вработените во МАНУ во штрајк, бараат да се промени законот за да се зголемат ниските плати


  Веќе два дена штрајкуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) поради ниските плати. Според нив, само со отворање на Законот за МАНУ може да се реши проблемот што го имаат.. „Синдикатот ги вклучува вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ – стручните, административните и техничките […]

Компаниите што не ги поевтиниле производите ќе останат без повластена цена на струјата


Компаниите од прехранбената индустрија што користат повластена цена на струја и кои не ги намалиле цените согласно договореното со Владата ќе ја изгубат оваа поволност, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тоа ќе се знае на крајот на месецов согласно податоците од Државниот пазарен инспекторат. Оние што ги намалиле цените ќе продолжат да ја […]

Руската армија доживеа фијаско во офанзивата во Донецк, јавуваат руските воени дописници


  Обидите на руската армија да го сврти бранот на војната и да започне голема офанзива во насоката Донецк под водство на новиот командант, началникот на Генералштабот, Валери Герасимов, се претворија во фијаско. И покрај засилувањата во форма на десетици илјади мобилизирани, фрлени на фронтот од резервите и борбата за дисциплина со забраната за употреба […]

Во Грција уапсен македонски државјанин со 45 килограми канабис


Во полициска акција во близина на грчкиот град Кукуш (Килкис) уапсени бил 27-годишен државјанин на Северна Македонија под обвинение дека во автомобилот пренесувал 45 килограми канабис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, уапсениот првично не застанал на знаците на полицијата, се обидел да побегне, зголемувајќи ја брзината и во обид да заврти полукружно […]

Најголемото училиште во Аеродром станува целосно инклузивно


Основното училиште „Лазо Ангеловски“, кое воедно е и најголемо училиште во Општина Аеродром и Македонија, станува целосно инклузивно и достапно за сите ученици. Со инвестиција од речиси 4 милиони денари од буџетот на општината и донација од општествено-одговорна компанија, училиштето ќе биде соодветно опремено за целосна инклузија на сите дечиња. Откако во изминатиот период училиштето […]

Рекорден профит на нафтените компании, само петте најголеми заработија 200 милијарди долари


  Додека 2022 година предизвика тешкотии за многу луѓе ширум светот поради зголемената инфлација, војната во Украина и климатските катастрофи, за најголемите западни нафтени и гасни компании тоа беше година на невиден бум и рекорден раст на профитот. Само петте најважни корпорации од индустријата за фосилни горива имаат заработено повеќе од 200 милијарди долари. Во […]

„Ало автобуска, немате сајт“ – Македонскиот автобуски превоз заглавен во минатиот век


Во држава во која не постои доверлив патнички железнички сообраќај, единствен начин економично да се патува од еден до друг македонски град е со автобус. Но, во 2023 година, кога сите информации се на интернет, во С. Македонија не може да се купи автобуска карта онлајн, а најголемиот број автобуски станици низ земјава немаат ниту […]

Путин ќе ѝ се обрати на нацијата на 21 февруари


  Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата, соопшти денеска Кремљ. Обраќањето на Путин ќе биде три дена пред првата годишнина од почетокот на руската воена офанзива во Украина. „На 21 февруари претседателот на Руската Федерација ќе се обрати пред Федералното собрание (кое ги обединува двата дома на […]

Најбезбедното место во авионот е она што никој не го сака


  Кога резервирате лет, размислувате ли некогаш кое седиште ќе ве заштити најмногу во итен случај? Најверојатно не. Повеќето луѓе резервираат седишта за удобност, како што е просторот за нозете или погодност, како што е лесен пристап до тоалетите. Честопати летачите може да го резервираат своето место што е можно поблиску до предниот дел за […]

Радев сега и се заканува на ЕУ со вето, се претвора во втор „Орбан“


Додека претседателот на Украина Володомир Зеленски бараше од лидерите на ЕУ повеќе оружје за да ја истурка Русија од окупираните територии, бугарскиот претседател, усогласен со Кремљ, побрза да повика на „мировни разговори“ со Владимир Путин и вети дека ќе стави вето на санкциите на ЕУ за руското нуклеарно гориво. Со тие коментари Радев практично се […]

Никарагва ослободи 222 политички затвореници и ги депортира во САД


  Никарагва ослободи 222 од 245 опозициски затвореници што ги држеше затворени. Ослободените затвореници, кои се критичари на претседателот Даниел Ортега, беа депортирани во САД. Американскиот Стејт департмент го поздрави потегот, за кој рече дека е направен „еднострано“ од владата на Никарагва. Меѓу ослободените има и опозициски политичари кои планираа да се кандидираат против Ортега […]

„Пипи долгиот чорап“ на сцената на „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


Во театарот „Војдан Чернодрински“  во Прилеп се подготвува претставата „Пипи долгиот чорап“ од Астрид Линдгрен, во режија на Кристина Димитрова. Драматизацијата на популарниот текст е на Ивана Нелковска. Ова е самостоен проект на театарот „Војдан Чернодрински“, а премиерата ќе очекува набрзо. Димитрова вели дека како театарски режисер често размислувала кои книги, претстави, серии и филмови […]

Поради снег во Јапонија откажани 100 летови, блокирани се патишта, возовите доцнат


  Поради обилен снег во поголемиот дел од Јапонија, откажани се 100 летови и блокирани се десетици патишта, додека нарушен е и железничкиот сообраќај, објавија јапонските власти од авионските и железничката компанија. Домашните авиокомпании, меѓу кои и АНА, Japan Airlines и други откажаа вкупно 100 летови поради снегот, објави јапонското минтсерство за сообраќај. Делови од […]

Пендаровски ги нарече херои нашите спасувачи во Турција


Претседателот Стево Пендаровски објави фотографија од македонските војници кои учествуваа во спасувањето петгодишното дете од урнатините во турскиот град Кахраманмараш. – Ова се припадниците на нашата Армија кои заедно со турските тимови го спасија малиот Сулејман од рушевините по силните земјотреси во Турција, напиша Пендаровски на Фејсбук. Од Генералштабот на Армијата синоќа информираа дека македонскиот […]

Жан Митрев се жали дека бил дел од жртвите на мрежата на „ДоказМ“


„Жан Митрев“, по информацијата на Обвинителството за претресот во домот на Марјан Стаменковски, сопственикот на „Доказ.мк“, се огласи со тврдење дека клиниката се соочила со блокирана смета три недели на која имало средства во вредност од 1,5 милиони евра само три дена откако порталот го најавил тоа во јавноста. „Клиниката Жан Митрев во континуитет изминативе […]