ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата во февруари досега изнесува 156,26 евра за мегават час


Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 10 февруари просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 162,97 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 169,99 евра за мегават час. Просечната цена на електричната енергија во текот […]

Алтернатива не излегува од владата, но нема да гласа за новата?


Алтернатива не планира да ја напушти владината коалиција, но нема да гласа за реконструкција на Владата, дознава од свои извори  „360 степени“. Од партијата, пак, официјално порачаа дека се уште ја разгледуваат одлуката и ќе ја донесат во недела. „Најтесното партиско раководство на Алтернaтивa е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои […]

Ковачевски: Никој не ја злоупотребува кризната состојба со електричната енергија


    Зголеменото производство на струја се должи на  зголемената побарувачка од страна на ЕВН хоум поради ниските температури, но исто така и зголемените потреби за електрична енергија од останатите субјекти со кои имаме склучено договор. Кризната состојба со електричната и со топлинската енергија ќе трае се додека е во важност одлуката што е донесена […]

Макрон до Пендаровски: Во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет


  Францускиот претседател Емануел Макрон испратил писмо до шефот на македонската држава Стево Пендаровски во кое изразува честитки и поддршка за постигнатиот напредок на патот кон евроинтеграциите во последната година. Макрон му честита на Пендаровски и за одржувањето на првата меѓувладина конференција за земјава за пристапување кон ЕУ, нагласувајќи дека со постигнатиот договор со Бугарија, […]

„Адора инженеринг“ донираше финансиски средства за настраданите во земјотресот во Турција и регионот


  Компанијата „Адора инженеринг“ донираше финансиски средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес, кој однесе многу невини човечки животи и предизвика огромна материјална штета во Турција и Сирија. Во овие моменти најважна е солидарноста, а македонскиот народ сочувствува со нашите пријатели од Турција и погодениот регион. Адора изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во земјотресите, […]

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата


Јаболката, праските и црешите се најпогодени од забраната за увоз на македонското овошје што ја воведе Русија. Забраната стапи во сила кон крајот на минатата година, а надлежните интензивно работат на нејзино укинување и се надеваат дека тоа ќе се случи до пролет. Во меѓувреме, велат, многу е тешко да се најдат алтернативни пазари за овие три […]

Гир: Европското знаменце не треба да се злоупотребува за скратување на дискусијата при носењето на важни закони


Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир смета дека европското знаменце треба да се употребува само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавната дебата при носењето на важни закони. -Нема да коментирам поединечен закон, но сакам да го потенцирам генералниот […]

Предложен притвор за сопственикот на порталот „Доказ м“


Скопското обвинителство денеска предложи мерка притвор за сопственик на портал, осомничен за четири дела, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци. По барање на ОЈО-Скопје, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка синоќа бил […]

Кој проект или манифестација најмногу доби во годишната програма за култура?


Министерството за култура денеска, на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk), ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година. Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година траеја од 17 октомври до 25 ноември. Рокот беше продолжен за […]

Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии


  Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов. Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот.  -Од страна на Комисија составена од членови од неколку […]

И жените земјоделки ќе користат платено отсуство за мајчинство


  Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека годинава, преку досега најголемиот агро буџет од 200 милиони евра, целосно ќе се реализираат новите мерки и програми и ќе почне примената на новиот модел за субвенционирање. -Почнуваме со примена на новиот модел за субвенционирање што носи поголеми субвенции кај сточарите, се зголемува […]

Во Брисел продолжува билатералниот скрининг од Кластер 2 „Внатрешен пазар“


  Во Брисел продолжуваат билатералните скрининг-состаноци од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, а на денешната билатерална скрининг-агенда е состанокот Поглавје 4, „Слободно движење на капитал“. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), преговарачкиот тим го предводи заменичката на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која во воведниот говор пред експертите на Унијата, посочи дека Северна […]

Компаниите ја бараат Црна Гора во „Отворен Балкан“, земјава потенцијален домаќин на Саемот за храна


    Северна Македонија се очекува да биде домаќин на Саемот за храна што ќе го организира Иницијативата „Отворен Балкан“. За терминот на саемот кој би требало да се одржи годинава, допрва ќе се одлучува, а разговорите се во тек. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, се работи за манифестација како што […]

Рекорден студ и снег во Романија; минус 31 степен и над два метри снег


Романија Најниската температура за оваа зима е измерена во Романија. Во четвртокот наутро термометрите во Инторсура Бузулуи покажаа минус 31 степен, пренесува Digi24. Областа е позната и како „Малиот Сибир“ поради екстремно ниските температури што се евидентираат таму секоја година. На 8 јануари 2015 година беа забележани минус 34,6 степени Целзиусови, а на 10 јануари […]

Откриена мистериозна темна галаксија – не емитира видлива светлина


  Галаксиите постојат во различни форми и големини, но основната структура е главно иста. Во средината обично се наоѓа голема црна дупка, а околу полно ѕвезди, гас и огромна количина темна материја која служи како лепило за сите тие составни делови. Иако, темната материја е темна, галаксиите се осветлувани од ѕвездите, гасовите и загреаните материјали. […]

Културата во 2023: Година на значајни јубилеи и годишнини


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конфренција по повод резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година истакна дека оваа година, според исходот од конкурсите, културата останува во духот на разновидноста, традицијата и националниот идентитет. „Станува збор за проекти од јавен интерес, кои ќе […]

Целосно се реконструира пругата Ногаевци – Неготино


Инвестираме преку 1 милијарда евра во подобрување на транспортната инфраструктура, пред се во изградба на нови патни и железнички траси, со што обезбедуваме ефикасна и одржлива мрежа која ни ја олеснува регионалната интеграција и поврзување со соседите, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Хари […]

УЈП и ДИТ ќе разменуваат податоци, ќе се зајакне увидот врз работодавците кои доцнат со плати


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, денеска потпишаа Договор за размена на податоци и соработка. Со овој документ се унапредува меѓуинституционалната соработка, и се овозможува поголем увид во тоа кој работодавачи согласно, законски предвидениот рок, задоцнето или воопшто не поднеле МПИН пресметка за плати, […]

Одвоени 1,5 милион денари за манастирот во Матејче, ќе се заштити како културно наследство во опасност


Манастирот Успение на Пресвета Богородица во село Матејче, еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност во нашата земја, кој е разурнат во воениот конфликт во 2001 година и подолго време е мета на вандализам и кражби, ќе биде заштитен како културно наследство во опасност, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска на денешната прес конференција. […]

Бектеши не очекува да поскапи струјата од 1 јули


    Министерот за економија Крешник Бектеши не очекува да се зголеми цената на електричната енергија од 1 јули годинава. За промена на начинот на пресметката веќе се прават анализи, а една од можните мерки е да се продолжи со 10 проценти ДДВ наместо со 18 во сметките за струја. -Во координација со Регулаторната комисија […]