Соборен нов објект што летал над САД


Објект на голема надморска височина соборен е над Алјаска во последниот час, соопшти Белата куќа. Портпаролот Џон Кирби рече дека објектот бил „со големина на мал автомобил“ и бил над ретко населена област кога бил соборен. Претседателот Џо Бајден донесе одлука за соборување на објектот од непознато потекло, рече Кирби. За потсетување, минатата сабота САД […]

Ковачевски и Таравари се сретнаа во Владата, „Алтернатива“ во недела ќе одлучи дали останува во Владата


  Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари попладнево, според дел од медиумите, имале средба во Владата. Засега нема официјални детали од средбата.  Од СДСМ за МИА изјавија дека кога ќе бидат дефинирани работите, ќе ја информираат јавноста. Таравари за денеска најави средба со премиерот Ковачевски на која, како што рече, […]

Борел: ЕУ ќе и помага на Украина до победа


Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека Русија повторно извршила воздушни напади врз украинските градови. – Русија ги напаѓа Киев, Харков, Запорожје, Лавов и други украински градови, а го наруши и воздушниот простор на Молдавија. Бомбардирањето цивилни цели е воено злосторство и нема да остане неказнето. ЕУ ќе и помогне на Украина да се одбрани […]

Изведувач на зграда што се урна во земјотресот во Турција уапсен при обид да избега во Црна Гора


– Турската полиција уапси изведувач кој се обидел да побегне од земјата откако зградата што ја градел се урнала во катастрофалниот земјотрес во Турција, јавија државните медиуми. Во земјотресот се урнаа илјадници згради и загинаа илјадници луѓе ширум Турција, најмногу поради лошиот квалитет на градбите. „Ronesans Residence“, блок луксузни апартмани во градот Антакија, го изградила компанијата на Мехмет Јашар Чошкун, кого […]

Ракометарите на „Вардар 1961“ го совладаа „Татран“ во СЕХА лигата


 Македонскиот ракометен првак „Вардар 1961“ ја забележа втората победа во регионалната СЕХА лига, откако вечерва во Скопје триумфираше над словачки „Татран Прешов“ со убедливи 29-24 (15-10) во рамки на 3. коло во групата Б. Македонскиот состав му се реваншираше на словачкиот тим за поразот на гостински терен во воведниот натпревар во групната фаза (23-27) и со втората победа го […]

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се доближи до 24.000


Најмалку 20.213 луѓе загинаа во земјотресот во Турција, информира вечерва турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Тој додаде дека се повредени 80.052 луѓе. Во исто време сириската група Бели Шлемови соопшти дека најмалку 2.166 лица загинаа во северозападна Сирија, на територијата контролирана од сириската опозиција. Зголемен е бројот на жртвите и во деловите од земјата кои се под контрола на владата, […]

Бесими: Мора да се најде трајно решение за набавка на лекови за луѓето со ретки болести


Мора да се фокусираме да надминеме секакви евентуални бирократски или други препреки за да се најде трајно решение за набавка на лекови за луѓето со ретки заболувања, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. Во гостување на ТВ Сител, Бесими рече дека секогаш кога се потребни пари за нешто се посочува на Министерството за финансии, […]

Изведувач на зграда што се урна во земјотресот во Турција уапсен при обид да избега во Црна Гора


Турската полиција уапси изведувач кој се обидел да побегне од земјата откако зградата што ја градел се урнала во катастрофалниот земјотрес во Турција, јавија државните медиуми. Во земјотресот се урнаа илјадници згради и загинаа илјадници луѓе ширум Турција, најмногу поради лошиот квалитет на градбите. „Ronesans Residence“, блок луксузни апартмани во градот Антакија, го изградила компанијата на Мехмет Јашар Чошкун, кого […]

Тимовите на ДЗС спасија 38-годишна жена под урнатините во Турција


  Дирекцијата за заштита и спасување вечерва соопшти дека тимовите испратени во Турција успеале да извлечат 38-годишна жена под урнатините.  – Извлечена преживеана 38 годишна жена од тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти попладнево Дирекцијата за заштита и спасување на „Фејсбук“. 

ФБИ изврши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс


ФБИ во моментов врши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, откако неговиот правен тим го известил Националниот архив дека во куќата се пронајдени 12 доверливи документи, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Пенс моментално е на западниот брег со своето семејство откако неговата ќерка се породи, соопшти неговиот портпарол. Приватен […]

Недостигот на работна сила во Колумбија ја загрозува понудата на цвеќе во пресрет на Денот на вљубените


Цветната индустрија во Колумбија се бори со недостиг на работна сила пред прославата на Денот на вљубените, бидејќи младите во земјата претпочитаат да избираат работа во други економски активности. На производителите на цвеќиња во овој период од годината им требаат дополнителни 20.000 работници, а тие работат под големи оптоварувања, изјави за Ројтерс претседателот на здружението […]

Гази Баба со субвенции за струја за социјално загрозените и пензионерите


Општина Гази Баба има нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани од Општината. Градоначалникот Бобан Стефковски го објави пакетот, а станува збор за исплаќање парична помош за социјално загрозените граѓани погодени од енергетската и од финансиската криза, како месечен надоместок за јануари и за февруари 2023 година. – Во социјалниот пакет се опфатени […]

Преспанскиот договор донесе промена за етничките Македонци во Грција: сторија на „Торонто стар“


  Водечкиот канадски весник „Торонто стар“ на 5 февруари објави една извонредна, па дури и возбудлива сторија, за македонското малцинство во Грција и за промените што полека почнаа да се случуваат таму по потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година. Авторот Џефри Мо разговарал со повеќе лица кои имаат македонско потекло или се од мешани […]

Зеленски го нападна МОК: Почнавме маратон на чесност, вам ви треба искреност


Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, ја повика Украина да престане да се заканува со бојкот на Олимписките игри 2024 во Париз во случај на нив да настапат спортисти од Русија и Белорусија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно го повика МОК да ѝ забрани на Русија настап на Олимписките игри, а барањето го […]

САД ставија уште петмина познати Бугари на црната листа поради корупција


  Поранешниот министер за финансии од владата на ГЕРБ Владислав Горанов и поранешниот вицепремиер и министер за енергетика Румен Овчаров се меѓу Бугарите санкционирани според глобалниот закон „Магнитски“. Санкционирани се вкупно пет лица, меѓу кои и двајцата поранешни шефови на нуклеарната централа „Козлодуј“, Иван Генов и Александар Николов. Петтото лице во истрагата е Николај Малинов, […]

Наставниците ќе земат зa 1.000 денари повисока јануарска плата


За околу 1.000 денари ќе им биде повисока јануарската плата на просветните работници во основното и во средното образование, која треба да ја земат околу 15 февруари. Ова се случува согласно спогодбата која лани ја потпишаа првите луѓе на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон […]

И „Њус корп.“ на Руперт Мардок отпушта 1.250 работници


    Медиумскиот конгломерат „Њус корпорејшн“ (News Corporation) во четвртокот објави дека ќе укине 1.250 работни места откако не ги исполни проценките за заработката во вториот квартал, поради помалку атрактивните вести и бизнисите со дигитални недвижнини.   Зголемената инфлација и повисоките каматни стапки ги принудуваат компаниите да ги зауздаат ​​трошоците за рекламирање и маркетинг кампањи, […]

САД го уапсија вториот осомничен како руски агент во германската тајна служба


  Вистинска војна е незамислива без тајна, шпионска. Западните земји можеа да соберат висококвалитетни податоци за подготовката на руската инвазија на Украина и јавно предупредуваа за тоа уште од есента 2021 година. Но, како што се испоставува, руските разузнавачки служби успеале да добијат информации за овој податок од висок офицер на германската Федерална разузнавачка служба […]

Руски ракети прелетаа над Молдавија и Романија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска неколку руски проектили прелетале над Молдавија и членката на НАТО Романија, оквалификувајќи го тоа како предизвик за Алијансата и колективната безбедност. „Непријателот лансираше најмалку 70 проектили во уште еден масивен напад (против Украина) утринава“, рече Зеленски во видео-порака, објавена на Телеграм. „Неколку руски ракети прелетаа низ воздушниот простор […]

Руската агресија ја урна владата на Молдавија


  Претседателката на Молдавија го именуваше бизнисменот и поранешен министер Дорин Речеан за мандатар, откако највисокото владино место остана празно во петокот кога Наталија Гаврилита неочекувано поднесе оставка 18 месеци од нејзиниот мандат зафатен од кризи. Претседателката Маја Санду на прес-конференција рече дека членовите на владејачката Партија за акција и солидарност, или ПАС, го прифатиле […]