Недостигот на работна сила во Колумбија ја загрозува понудата на цвеќе во пресрет на Денот на вљубените


Фото: Б. Грданоски

Цветната индустрија во Колумбија се бори со недостиг на работна сила пред прославата на Денот на вљубените, бидејќи младите во земјата претпочитаат да избираат работа во други економски активности.

На производителите на цвеќиња во овој период од годината им требаат дополнителни 20.000 работници, а тие работат под големи оптоварувања, изјави за Ројтерс претседателот на здружението на производители на цвеќиња, Аугусто Солано.

Привлекувањето млади работници во индустријата е предизвик, рече Солано.

Во некои случаи, пензионираните берачи на цвеќе се повторно ангажирани како сезонски работници поради недостиг на персонал.