„Сите бевме шокирани“: Руски олигарх близок до Кремљ раскажува како дознал за инвазијата


  Руските олигарси беа „шокирани“ од одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја нападне Украина. Во пресрет на инвазијата, тие беа поканети на итен состанок со претседателот, кој требаше да се одржи на 24 февруари. Но, како и највисокото раководство на Кремљ, тие не знаеја ништо за воените планови на Путин, пишува „Фајненшел тајмс“, […]

Мелони беше во Киев, утредента Италија беше цел на руски сајбер напади


  Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани рече дека серијата кибер напади во средата насочени кон италијански компании и јавни институции, вклучително и веб-страниците на Министерството за одбрана и полицијата, се „закана, предупредување“ од Русија по посетата на премиерот Џорџија Мелони на Украина оваа недела. За нападите, кои предизвикаа ограничена штета поради постоењето на […]

Латас и Лазаров остануваат без пасош, забранети им се и јавни настапи


Кривичниот суд оформи предмет за спорното интервју на новинарот Драган Павловиќ-Латас со јутуберот Стефан Лазаров. По предлогот на Обвинителството за определување мерки за претпазливост против двете лица, судот со решение го уважи предлогот и на обвинетиот Латас му се определува превентивна мерка, и тоа привремено одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и […]

Битола: Ученик на час по физичко каснат од куче скитник


  БИТОЛА – Ученик од осмо одделение бил каснат од куче скитник утрово, на час по физичко воспитување во основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола. Битолчани реагираат до медиумите дека проблемот стана долгогодишен и дека не се веќе безбедни ни на улица, ни пак нивните деца во училиште. Директорот на училиштето „Тодор Ангелевски“, Стевче Петровски, […]

Три можни сценарија околу војната во Украина


На три дена пред годишнината од „специјалната операција“ во Украина, до јавноста се обратија најнапред претседателот на Русија, Владимир Путин а потоа од Варшава и претседателот на САД, Џо Бајден. Рускиот лидер за прв пат наместо изразот „специјална операција“ го употреби изразот „војна“, инаку претходно забранет од страна на режимот со можност за кривична одговорност. […]

Герасимовски: Инсталираме централи со моќност од 2.44 мегавати, поврат на инвестицијата е 4,5 години


„Енергија Центар“ е називот на трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори чие формирање го изгласа вчера Советот во Општина Центар. Станува збор за општинско претпријатие кое ја овозможува и олеснува процедурата и постапката за инсталирање на поголеми фотоволтаични системи на јавните објекти, односно основни училишта, детски градинки, урбани заедници […]

Дополнителни 31 милион долари од САД за опремување и модернизација на Армијата


Со нови 31 милион долари финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата. Овој финансиски пакет следи по минатогодишната поддршка за модернизација и опремување во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите […]

Построги санкции за неодговорно сопствеништво на фармите


Предлог законот за дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, треба да придонесе за поголема благосостојба на животните и заштита на граѓаните и нивниот имот од несовесни фармери, беше речено на денешната седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски образложи дека промените […]

Модриците кои се појавуваат од чиста мира се предупредување! Телото ви испраќа знак дека имате проблем


Симптомите на недостаток на важен витамин може да се манифестираат на различни начини. Нездравиот начин на живот и исхрана доведуваат до недостаток на одредени витамини или минерали, а не е тајна дека се поголем број луѓе го имаат овој проблем. Витаминот Ц е една од најважните есенцијални хранливи материи што треба да се консумира редовно […]

Тројца каснати од кучиња


Три лица вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од улични кучиња. Најпрво во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Н.П.Г.(35) од Скопје пријавила дека во населбата Маџир маало била касната од куче скитник. Потоа во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.К.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник. Последниот […]

Исчистена обемна депонија кај комплексот факултети


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и во текот на денешниот ден ја спроведува акцијата за генерално чистење на поширокото централно градско подрачје. Екипите на претпријатието вршат рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“ и „Никола Карев“, како и на кејот „Димитар Влахов“. Во рамките на акцијата досега беа подигнати […]

Од утре дожд и ветер


 Во петок претпладне претежно во источните делови ќе има појава на локален дожд. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира УХМР. Од недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. 

Следната дизајнерска соработка на H&M е со Муглер


Шведска- H&M се враќа секси – со помош на Mugler. Шведскиот моден синџир, ги продолжува своите дизајнерски соработки од висок профил во периодот по пандемијата, ја објави во средата веста за соработка со модната куќа со седиште во Париз. Соработката, под водство на креативниот директор на Mugler, Кејси Кадваладер, ќе биде достапна на интернет и […]

Архивата на камелеонот Дејвид Боуви добива нов дом во Лондон


Англија– Од мајорот Том до Зиги Стардаст и Аладин Сејн, многуте лица и инспирации на Дејвид Боуви добиваат постојан дом во Лондон. Британскиот музеј Викторија и Алберт во четвртокот објави дека ја купил архивата на Боуви со повеќе од 80.000 предмети како подарок од имотот на починатата поп-ѕвезда. Низата костими, музички инструменти, писма, текстови, фотографии […]

Министерот Бочварски очекува да биде испочитуван рокот на изградбата на автопатот Охрид – Кичево


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вчера од Охрид изрази уверување дека ќе биде испочитуван рокот за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Тој појасни дека се води тековна координација со сите субјекти и институции инволвирани во проектот за уредување и решавање на сите постапки за експропријација, за да може да се забрзаат градежните […]

Со колкави приходи некој се смета за богат во Германија? Одговорот може да ве изненади


Кога човек е богат? Според анализата на Германскиот економски институт од декември 2021 година, во 2018 година се сметало дека едно лице има „10 отсто повеќе приходи“ доколку има месечен нето приход од 3.700 евра. Две години претходно, прагот беше понизок за околу 260 евра. Резултати од анализата од 2018 година Во 2018 година десет […]

„Гласен Текстилец“: За мобинг на работното место лани поднесени 48 пријави


23 февруари, 2023 „Гласен Текстилец“: За мобинг на работното место лани поднесени 48 пријави Штип, 23 февруари 2023 (МИА) – Четириест и осум пријави се поднесени минатата година за мобинг на работно место, од кои 33 во јавниот, а само 15 во приватниот сектор. Овие бројки сугерираат на фактот дека мобинг или вознемирување на работно […]

Единствениот руски дипломат кој даде отказ поради војната: Мир е можен само без Путин на власт


Западот мора да ја зајакне својата воена поддршка во Украина за да го порази режимот на Владимир Путин, кој секогаш ќе биде „извор на војна, агресија и дестабилизација“, рече единствениот руски дипломат кој даде оставка во знак на протест поради инвазијата на Москва на Украина. Борис Бондарев (42), кој во моментот живее во Швајцарија, даде […]

„Дизел“ му даде нова димензија на џинсот на Модната недела во Милано (фото+видео)


Италија– Дизел со перформансот на Модната надела во Милано се залага за безбеден секс.  За колекцијата за сезоната есен 2023 година, кривата кула од повеќе од 200.000 кондоми Durex  го зазеде централното место на сцената. Сепак, облеката на Глен Мартенс е таа што ги возбудува луѓето. Најновата колекција го крева на ново, повисоко ниво, вечниот […]

Јелен: Наскоро предлог на САД за нов претседател на Светска банка


САД имаат намера многу брзо да предложат кандидат за претседател на Светска банка, соопшти денеска американската министерка за финансии Џенет Јелен на маргините на состанокот на Г-20 во Индија. Извршниот одбор на Светска банка се очекува да избере нов претседател до почетокот на мај, откако минатата недела беше објавено дека Дејвид Малпас ќе се повлече […]