Сменет и Суровикин, сега со руските сили во Украина командува началникот на генералштабот Герасимов


  Москва направи уште една смена на главниот офицер кој командува со руските сили во војната во Украина. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу објави денеска, среда, дека од позицијата командант на здружените трупи во Украина е разрешен генералот Сергеј Суровикин и на негово место е поставен лично началникот на Генераштабот, Балериј Суровикин. Веста ја објави […]

Ахмети со претседателот на Албанија, Бегај – побрзо да се воведе едношалтерски ситем на границата


Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, придружуван од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети и шефот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Арбр Адеми денеска во Тирана остварија средба со претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај. – Билатералните […]

Извршен увид за двојното убиство во Карпош


  Јавен обвинител од Основното јавно обвнителство Скопје извршил увид на лице место во стан на улица „Рузвелтова“ во скопската населба Карпош, каде, според првичните информации М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години. Од ОЈО Скопје соопштија дека […]

Во Србија интензивни разговори за гасната интерконекција со Северна Македонија


  Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Чедовиќ денеска остварила средба со генералниот директор на ЈП „Србијагас“ Душан Бајатовиќ, на која разговарале за планираната гасна интерконекција со Северна Македонија, како и за текот на изградбата на гасната интерконекција Србија – Бугарија. Во соопштението на Министерството за рударство и енергетика на Србија се наведува дека […]

Зошто ресторанот „Нома“ во Копенгаген ќе ги затвори вратите?


  „Нома“, ресторанот во Копенхаген кој помогна да се дефинира жанр на ултра врвна, локално направена храна и кулинарски револуционерна кујна, објави дека ќе ги затвори вратите во 2024 година. Не, навистина: По неколку најави во текот на годините дека „Нома“ привремено се затвора , отварајќи скокачки локации во Мексико, Јапонија или Австралија, станувајќи хамбургер […]

Поради магла намалена видливост кај Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка


 Намалена видливост од 50 до 60 метри поради појава на магла има на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар, а со среден интензитет […]

Номинации за САГ награди: Комплетна листа


САД– „The Banshees of Inisherin“ и „Everything Everywhere “ доминираа во номинациите на САГ наградите (Screen Actors Guild Awards) за 2023 година во средата, односно награди кои ги доделува здужението на актерите.  Како и „Златните глобуси“, се сметаат за предвесник на „Оскарите“, барем кога се наградите во прашање. Двата филма постигнаа по пет номинации, израмнувајќи […]

Ќе има јавна расправа за Законот за плати и потоа финално законско решение


Законот за плати е нешто што го најавив уште изминатава година, а целта е воведување на конзистентност и хиерархиско усогласување на платите во различни сектори и помеѓу различни сектори. Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за труд и социјална политика имаа задача да изработат Закон за плати во кој ќе бидат адресирани овие прашања и […]

СЗО: Кина и натаму не дава точни податоци за бројот на починати од Ковид-19


 Кина и натаму го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19, но споделува со нас повеќе информации за епидемијата на коронавирусот во земјата, изјави денеска шефот на техничкиот сектор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхове. – Ни недостигаат некои многу важни информации и работиме со Кина за да ги пополниме тие […]

Изетбеговиќ по 23 години нема да биде на власт во БиХ


БиХ – Претседателот на Партијата за демократска акција, Бакир Изетбеговиќ за прв пат од 2000 година, нема да биде на ниту една функција во власта во Босна и Херцеговина. По 23 години, како што објавија сараевските медиуми, Изетбеговиќ ќе биде само претседател на Партијата за демократска акција, бидејќи денеска беше потврдено дека нема да биде кандидат […]

Законот за социјална заштита и понатаму ги спречува дипломираните семејнолози да се вработат во државни институции


Дипломираните студенти семејнолози на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје и понатаму не можат да се вработат во јавните установи за социјална заштита. За разлика од нивните колеги – психолози, педагози, логопеди и воспитувачи, профилот семејнолог отсуствува во Законот за социјална заштита каде што се предвидени категориите на работни места на вработените […]

Храната во студентскиот дом Пелагонија е безбедна


По сомнежите за наводно труење со храна на студенти сместени во домот „Пелагонија“ во Скопје, мензата од денеска е повторно во функција. А студентите ќе бидат обештетени поради перидот во којшто кујната беше затворена, изјави за МИА директорот на студентскиот дом Агим Фејзулаху. Тој рече дека земените брисеви се негативни на бактеријата, со што забраната […]

Во САД обновени домашните летови


 Во САД обновени се сите домашни летови откако беа суспендирани поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови. Првите авиони што полетаа беа од Атланта и од аеродромот Њуарк во областа Њујорк, објави американската Федерална управа за авијација (ФАА) на Твитер. Според ФАА постигнат е напредок во отстранувањето на компјутерски дефект поради што беа приземјени авионите. Претходно во САД беа […]

Од март ново покачување на пензиите


Утре пензионерите ќе ја добијат на своите сметки, втората исплата на финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, односно финансиска поддршка во времетраење од четири месеци. Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска се сретна со претседателката на Сојузот на здруженија […]

Русија ги враќа космонаутите од Меѓународната вселенска станица поради дефект на капсула


Руската вселенска корпорација Роскосмос денеска соопшти дека ќе лансира вселенско летало што ќе врати тројца членови од екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) на Земјата бидејќи капсулата во која летале била оштетена од удар на микрометеорит поради што од неа истекува течност за ладење. Руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин и астронаутот на НАСА Френк Рубио пристигнаа на […]

Ги заклал мајка му и баба му на „Рузвелтова“ во Скопје


Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди двојното убиство кое се случило попладнево на улицата „Рузвелтова“. – Денеска (11.01.2023) околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на […]

Бајден: Се истражува причината за падот на системот за цивилно воздухопловство


Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека наредил истрага поради падот на системот на Федералната управа за авијација, што предизвика приземјување на повеќе авиони во Америка и додаде дека засега не е позната причината за дефектот. Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека разговарал со секретарот за транспорт Пит Бутигег и дека треба […]

Уставниот суд поведе постапка за изградбата на бензиска пумпа спроти базенот „Младост“


  Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за oдлукаta на Советот на Општина Карпош од од 3.3.2022 година за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05. Со поведувањето на постапката Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста, но и законитоста на oдлуката за ДУП со кој се предвидува изградба […]

Програма за размена на студенти и научници во рамки на соработката со Полска


 Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2023/2024 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (Exchange […]

И Москва го демантира Пригожин дека Соледар паднал под руска контрола


  Прво стигна демантот од Украина, а потоа и од официјалните лица во Русија. Министерството за одбрана на Русија денеска извести дека борбите за малиот град Соледар во Донецката област сѐ уште траат. Министерството не ја потврди изјавата на основачот на платеничката група „Вагнер“, бизнисменот Евгениј Пригожин, дека градот бил заземен. „Руските единици на Воздухопловните […]