Ги заклал мајка му и баба му на „Рузвелтова“ во Скопје


Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврди двојното убиство кое се случило попладнево на улицата „Рузвелтова“.

– Денеска (11.01.2023) околу 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14.20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале, информира МВР.

По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.