За двајца функционери се покренати постапки од надлежните институции


Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска вечерва изјави дека за двајца од тројцата функционери за кои нејзиниот Кабинет иницираше постапки поврзани со злоупотреба, веќе се покренати постапки од надлежните институции. – За два веќе имаме фидбек дека има покренато и немам намера да кажувам имиња или да правам сензационализам од ова. Ние […]

Шпанија се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски лидер Пуџдемон


Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза. Судијата на Врховниот суд Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во […]

Албанија на прагот на епидемија на грип, се зголемува бројот на заразени, болниците се полни


Албанија– Институтот за јавно здравје на Албанија попладнево соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени. – Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат […]

Во Шведска пронајдено наоѓалиште на ретки земјени метали


Шведската компанија ЛКАБ денеска соопшти дека открила наоѓалиште на ретки земјени метали во областа Кируна. – Тоа е најголемото познато откритие на ретки земјени метали во нашиот дел од светот и може да биде значајно за развој на критичните суровини кои се апсолутно клучни за да се овозможи зелена транзиција, изјави Јан Мостром, претседател и […]

Зголемен бројот на туристи и на ноќевања


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2022 година изнесувал 56 886, од кои 36.2 % се домашни, а 63.8 % странски туристи.   Во ноември се евидентирани и 124 969 ноќевања, од кои 40.6 % се од домашните туристи, а 59.4 % од странските.   Во периодот јануари – […]

Платини можен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Франција


Франција– Поранешниот челник на УЕФА и прославен француски фудбалер Мишел Платини е потенцијален кандидат за позицијата претседател на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), на која вчера привремено беше назначен Филип Диало по оставката на долгогодишниот прв човек на францускиот фудбал Ноел Ле Грет. Ова денеска го објавија неколку германски и француски медиуми, при што весникот […]

Вучиќ разговараше со Шоле и ги повикаа САД да влијаат на Приштина


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во разговор со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле ги повика САД да ја охрабрат Приштина да ги исполни своите обврски од прифатените и потпишаните договори и да продолжи дијалогот со Белград. – Изразив очекување дека САД ќе ги препознаат напорите на Србија за зачувување на мирот и стабилноста […]

Во Грција потврдени првите случаи на новиот сој „Кракен“


Во Грција се потврдени шест случаи на новиот сој на коронавирусот ХББ.1.5, познат под името „Кракен“. Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина. 

Скопјанка приведена за лажна дојава за поставени експлозивни направи во училишта


Полициски службеници денеска ја привеле А.К.(55) од Скопје, осомничена дека на 11.01.2023 од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје. – Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, […]

Шаќири: Зимскиот распуст продолжен заради подобро функционирање на училиштата


  Заради подобро функционирање на училиштата е одложен почетокот на второто полугодие од учебната година, на 23-ти наместо на 18 јануари, изјави ресорниот министер Јетон Шаќири. Доколку има потреба, додаде тој, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе се надоместат во јуни. -Нема целосна работна недела, се работи […]

Ако „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договорот, ЕСМ ќе ја активира банкарската гаранција, вели Ковачевски


  Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска соопшти дека ако евентуално бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ не испорачува природен гас согласно Договорот, ќе биде активирана банкарската гаранција. Ковачевски најави дека идната недела ќе биде објавен јавниот повик за февруари и ги повика сите компании ресгиртирани во државата да достават понуди за снабдување со гас […]

Класифицирани документи пронајдени и во домот на Џо Бајден во Делавер


  Соработниците на претседателот Џо Бајден пронашле документи со доверливи ознаки на две локации во неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, се вели во соопштението на канцеларијата на советникот на Белата куќа во четвртокот. Документите биле лоцирани во складиште во гаражата, а потоа и во соседната просторија, се наведува во соопштението. Документите беа пронајдени по претресот […]

Трагедија во Куманово: Син со нож го нападнал татка си, кој им подлегнал на повредите


  Четириесетгодишен кумановец со нож го нападнал 65 годишниот татко, кој им подлегнал на повредите, соопшти полицијата. – Полициските службеници од СВР Куманово околу 16 часот го приведоа Б.Ј.(40) од Куманово поради сомнение дека околу 15 часот во Куманово со нож го нападнал својот татко С.Ј.(65), кој им подлегнал на повредите, информираа денеска од СВР […]

Сали: Италијанската фирма бара околу осум милиони евра отштета за договорот за Клинички


  Министерот за здравство Беким Сали вели дека италијанската компанија за раскинување на договорот за изградба на нов Клинички центар во Скопје бара оштета во износ од околу осум милиони евра. – Имаме еден документ кој што е побарување од осум милиони евра, за кој што исто така, немаме одговор од истата компанија која што […]

Фирмата управител на кулите „Џевахир Скај сити“ ја демантира Општина Аеродром


  Фирмата управител на кулите „Џевахир Скај сити“ реагира на информацијата која што вчера беше испратена од Општина Аеродром и беше објавена од повеќе медиуми. Во реакцијата стои дека „Друштво за трговија и услуги ‘СЕ Клуб фасилити менаџмент сервис’ ДОО Скопје  преку својот полномошник адвокат Мери Васоска од Скопје, категорично го отфрла како невистинит дел […]

„Зошто се правиш луд?“: Путин се изнервира на средба со министрите (Видео)


  Се чини дека Путин накратко ги загуби нервите за време на состанокот со владините претставници во средата. Врвната точка дојде кога вицепремиерот Денис Мантуров јавно го коригира Путин, откако тој се пожали дека некои компании сè уште немаат обезбедено договори за изградба на нови авиони оваа година – тешка задача имајќи предвид дека Русија […]

Русија губи по 160 милиони евра дневно од ограничувањата на извозот на нафта


  Приходите на Русија од извозот на фосилни горива паднаа во декември, според новиот извештај, значително попречувајќи ја способноста на претседателот Владимир Путин да ја финансира војната во Украина.   „Забраната на ЕУ за нафта и ограничувањето на цената на нафтата конечно започнаа да даваат ефект при што влијанието е толку значајно колку што се […]

Судот во Замбија овозможи Хрватите, кои посвоија деца во ДР Конго, да се бранат од слобода


Осумтемина Хрвати осомничени во Замбија за трговија со луѓе односно во исправноста на документите за посвојување на деца од Демократска Република Конго, ќе се бранат од слободата откако ќе платат кауција, ќе ги достават пасошите, редовно да се јавуваат полиција и да го регулираат престојот во земјата, одлучи денеска судот во Ндоли. Четири брачни двојки еден месец се во притвор во […]

Повеќе од 15.000 холандски туристи се очекуваат во Охрид оваа година


  Околу 15.000 туристи од Холандија оваа година се очекува да пристигнат во Охрид со директни чартер летови преку туроператорот ТУИ, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) по денешната промоција на интернационалниот саем „Vakantiebeurs Utrecht“, кој се одржува од 12 до 15 јануари во Холандија. На првиот ден на манифестацијата, денеска, биле […]

СДСМ: Нема да прекинеме скрининг зошто Мицкоски сака избори


СДСМ одговори на милионитото барање од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се одржат вонредни парламентарни избори, овојпат во мај.    „Сигнали од пратеници нема. Мицкоски не знам по кој пат веќе поставува барање за предвремени избори. Јас имам многу јасен став, јас не ги менувам моите ставови како него на една недела. Избори ќе има во […]