Класифицирани документи пронајдени и во домот на Џо Бајден во Делавер


 

Соработниците на претседателот Џо Бајден пронашле документи со доверливи ознаки на две локации во неговиот дом во Вилмингтон, Делавер, се вели во соопштението на канцеларијата на советникот на Белата куќа во четвртокот.

Документите биле лоцирани во складиште во гаражата, а потоа и во соседната просторија, се наведува во соопштението.

Документите беа пронајдени по претресот на домовите на претседателот во Вилмингтон и Рехобот Бич, Делавер. Во Рехобот не се лоцирани доверливи документи, се вели во соопштението.

Документите се пронајдени „меѓу лични и политички документи“, се вели во соопштението.

Адвокатите на Бајден го завршија својот преглед на домовите во Делавер во средата навечер.

„Министерството за правда беше веднаш известено, а адвокатите договорија Министерството за правда да ги поседува овие документи“, се вели во соопштението.

Белата куќа соопшти дека ќе продолжи да соработува со Министерството за правда.

Откривањето на доверливите документи во неговата поранешна канцеларија во ноември го вклучи алармот во Белата куќа, каде што само мал круг советници и адвокати беа запознаени со ова прашање. Беше започнат обид за пребарување на други локации каде што можеби се чувале документи од времето на Бајден како потпретседател.

Некои од доверливите документи беа „строго доверливи“, на највисоко ниво. Биле пронајдени во три-четири кутии во кои имало и некласифицирани документи. Класифицираните записи треба да се чуваат на безбедни локации. Записите од Белата куќа треба да одат во Националниот архив кога ќе заврши администрацијата.