„Зошто се правиш луд?“: Путин се изнервира на средба со министрите (Видео)


 

Се чини дека Путин накратко ги загуби нервите за време на состанокот со владините претставници во средата. Врвната точка дојде кога вицепремиерот Денис Мантуров јавно го коригира Путин, откако тој се пожали дека некои компании сè уште немаат обезбедено договори за изградба на нови авиони оваа година – тешка задача имајќи предвид дека Русија е во голема мера отсечена од западниот увоз што е од клучно значење за изградбата.

На снимката од состанокот во средата се гледа дека Мантуров, министерот за трговија и индустрија, брзо возвраќа дека „инвестиционите проекти“ се во тек, но Путин го пресече за да се пожали дека то „трае премногу долго“, објави „Јаху њуз“.

„Во некои фирми нема нарачки ниту за 2023 година“, рече Путин, но повторно беше коригиран од Мантуров кој наведе дека „сите фирми“ имаат нарачки за годинава и дека „Министерството за одбрана ја потврди таа бројка“.

Обидувајќи се да остане смирен, Путин повторно реагираше, инсистирајќи дека тој е во право, а Мантуров не. Кога министерот по трет пат го коригира, рускиот претседател конечно „избувна“.

„Ајде да го завршиме ова, што е поентата на ова кошкање со тебе? Директорите ми рекоа (дека нема договор). Навистина, зошто се правиш луд“, го искара Путин Мантуров, барајќи да се добие работа за еден месец и ни ден подоцна.

Објавувањето на оваа снимка во руските медиуми не е случајно. Таа е повеќе насочена кон тоа да се зајакне имиџот на Путин како силен лидер, но биле изоставени првите коментари на Мантуров. На средбата Путин објави дека наскоро ќе бидат решени „сите проблеми“ поврзани со „специјалната воена операција“ во Украина и инсистираше на тоа дека Русија не претрпела никакви последици од војната.