Чесите одат на гласање за нов шеф на државата


Чешка– Повеќе од осум милиони чешки гласачи попладнево и утре ќе излезат на гласање за да одлучат на третите директни избори кој ќе застане на чело на државата. Меѓу осумте кандидати нема личности од калибарот на првите тројца претседатели: Вацлав Хавел, Вацлав Клаус и во последните два мандата Милош Земан. Иако има осум кандидати, само тројца […]

Најмалку седум лица загинаа во торнадо во САД


САД– Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во САД како последица на торнадо. Шест жртви има во округот Отога во централниот дел на американската сојузна држава Алабама, а еден загинал во државата Џорџија. Невремето оштети домови и остави десетици илјади клиенти без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама. Моќното торнадо оштети меѓу […]

„Си-Ен-Ен“ се сели од своето долгогодишно седиште во Атланта


САД– Американската компанија „Си-Ен-Ен“ до крајот на годината ќе се исели од „Центарот Си-Ен-Ен“, нејзиното долгогодишно седиште во центарот на Атланта. Водителките на таа кабелска телевизија кои работат во работните денови, веќе се преселиле во Њујорк или Вашингтон, но дигиталните и меѓународните сервиси на „Си-Ен-Ен“ се уште се во Атланта. Портпаролката Бриџит Ланингер потврди дека остатокот […]

Публиката ќе крши паричка на вториот василичарски гала оперски концерт во НОБ


По синоќешниот, вечер во Националната опера и балет ќе се одржи уште еден гала оперски концерт по повод празникот Василица. Како што информираат од НОБ, за да се одбележи традицијата на Василица, кога се крши лепче со паричка, вечер публиката во фоајето ќе има можност да земе лепче со паричка, а среќниот кому ќе му […]

Македонија застана на кормилото на ОБСЕ, Османи ги претстави приоритетите на претседавањето во Виена


Северна Македонија, нашите тимови во Скопје и во Виена ќе бидат целосно посветени на мисијата. Со искрена посветеност и чувство на одговорност почестени сме и горди што ќе бидеме на кормилото на ОБСЕ во 2023 и што ќе бидеме чувари на нашите вредности и обврски.  Вредностите на ОБСЕ денеска се поважни од кога и да […]

Здруженијата за заштита на животните на собир пред Влада со неколку барања


Здруженијата за заштита на животните денеска пред Владата организираат јавен собир за да го изразат своето незадоволство поради последниот настан што се случи во Струга, кога човек шетајќи со пушка низ градот уби десетина кучиња. Под мотото „Не сте безбедни во својата држава! Ајде да пробаме по наше!“, десетина здруженија за заштита на животните и […]

Земјотрес во Радовиш


Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала доцна вечерва е почувствуван во Радовиш и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот се случил во 23:03 часот и дека потекнува од епицентралното подрачје на Радовиш. Земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. 

Вечер е Стара нова година, а утре Василица и Обрезание Господово


Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача […]

Променливо облачно со утринска магла и слаб ветер


Наутро со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени, информира УХМР. Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 13 јануари 2023 година, 13-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 352 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот и 25 минути. Денов трае 9 часа и 24 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, нема да изгрее ова деноноќие, а […]

Украина објави дека презела противнапад во Соледар (Видео)


  Украинските сили во четвртокот објавија дека извршуваат контранапади во Соледар, источниот град кој е предмет на интензивни руски бомбардирања и напади. „По неколкудневно повлекување, дури и постигнавме одреден напредок“, објави украинската 46. воздухопловна бригада на Телеграм, како што пренесе Си-Ен-Ен. „Железничката станица е наша. Рудникот е наш. Чекаме поддршка. Соледар е Украина“. Кремљ се […]

Торнадо ги зафати Алабама и Кентаки, уништени куќи и далноводи


Во американските држави Алабама и Кентаки, силно торнадо денеска оштети куќи, урна далноводи и корнеше дрвја, соопшти Националната метеоролошка служба во Бирмингем и Луисвил. Градоначалникот на градот Селма, Џејмс Перкинс изјави за VSFA дека најмалку едно лице се верува дека е заробено во зграда, а можно е уште едно лице да се води за исчезнато, […]

Неволји за Бајден: Специјален советник ќе истражува за класифицираните документи


  ВАШИНГТОН – Јавниот обвинител на САД, Мерик Гарланд, во четвртокот назначи специјален советник да го истражи присуството на документи со доверливи ознаки пронајдени во домот на претседателот Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, и во канцеларија во Вашингтон. Објавата уследи по признанието на Бајден во четвртокот наутро дека документ со доверливи ознаки од неговото време […]

Повеќе од 70.000 вработени во универзитетите во Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена


Повеќе од 70.000 вработени во 150 универзитети ширум Велика Британија ќе штрајкуваат 18 дена меѓу февруари и март доколку во меѓувреме не се постигне договор за зголемување на платите и подобрување на условите за работа, соопшти денеска Синдикатот на универзитетите и колеџите. Од синдикатот изјавија дека се ближи рокот во кој универзитетскиот сектор треба да […]

Студеното време има и позитивни страни: Го чува здравјето


  Вистина е дека студеното време за човековото здравје може да направи многу добри работи. Зимата може да биде добра за здравјето. Спортските активности на снег не се само забавни туку и корисни. За почеток, го зајакнуваат срцевиот мускул. Истовремено, во текот на зимата, организмот троши повеќе калории затоа што му се потребни за да […]

НАСА: Минатата година беше петта најтопла година во светската историја


Минатата година беше петта најтопла година досега, а изминатите девет години беа деветте најтопли од прединдустриското време, што ја доведе во опасност целта на Парискиот договор од 2015 година, да е ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени, изјавија денеска американските научници. Минатата година е изедначена со 2015 година, како петта најтопла година од водењето […]

Брнабиќ со Шоле: Конструктивната улога на САД во зачувувањето на мирот во регионот


Премиерката Ана Брнабиќ денес во Белград разговараше со политичкиот советник на државниот секретар на САД, Дерек Шоле. Премиерката се заблагодари за отворениот и конструктивен пристап што Соединетите Американски Држави го имаат во однос на отворените прашања во регионот, а особено за конструктивната улога на САД во зачувувањето на мирот во регионот, соопшти Владата на Србија. […]

Инфлацијата во САД забави и во декември


  Инфлацијата во САД забави и во декември, како одраз на благ пад на цените на горивото, покажаа владините податоци во четвртокот. Годишната стапка на инфлација падна на 6,5 отсто во декември, што е најниско ниво од октомври 2021 година, објави Министерството за труд. Во ноември беше 7,1 отсто, а во октомври 7,7 отсто. Таа […]

Хорор во Бугарија: Татко го полил 4-годишниот син со бензин и го запалил


Четиригодишно дете било примено во Ургентниот центар во Благоевград, полиено со бензин и запалено од сопствениот татко, дознава бТВ. Детето има 80% изгореници по телото и итно е пренесено во придружба на мајка му во „Пирогов“. Според зборовите на мајката, таа не живеела со таткото на детето. Таа во полиција рекла дека тој е виновен. […]

Саудиски Ал Хилал нуди 900 милиони евра за тригодишен договор со Меси


Шпанија – Фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси доби понуда да ја продолжи кариерата во клубот Ал – Хилал од Саудиска Арабија за 900 милиони евра за тригодишен договор, објави денеска шпанскиот весник „Мундо депортиво“. Меси (36) има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, а наводно постигнал устен договор со челниците на францускиот […]