Студеното време има и позитивни страни: Го чува здравјето


Фото: Б. Грданоски

 

Вистина е дека студеното време за човековото здравје може да направи многу добри работи.

Зимата може да биде добра за здравјето. Спортските активности на снег не се само забавни туку и корисни. За почеток, го зајакнуваат срцевиот мускул. Истовремено, во текот на зимата, организмот троши повеќе калории затоа што му се потребни за да се загрее.

Дури и во текот на ноќта, потрошувачката на калории може да порасне до 7 отсто кога е пријатно студено, односно, кога темературата во собата е под 18 степени Целзиусови.

Доколку не се во прилика поинтензивно да вежбате, барем шетајте. Тоа ќе ви помогне, заедно со температурата во собата, полесно да потонете во квалитетен сон. Поубаво ќе спиете и воедно го штитите вашиот мозок од Алцхајмерова болест.

Спиење во соба со пониска температура помага во продукција на мелатонин.

Ова директно влијае на одбраната од многу болести, споредено со кои зимските настинки делуваат наивно. Ако докде до настинка, студеното помага во активирање на имуниот систем, што ја зголемува способноста за одбрана од инфекции.

Има уште фактори кои мотивираат на активнот и одржување правилна тежина, што е многу важен фактор за здраје не само во зима туку и во секое годишно време. Повеќето маснотии во телото се бели, додека оние со браон боја помагаат во согорувањето на маснотиите и во подигањето на температурата во телото.

Луѓето со помал индекс на телесна маса (BMI), имаат поголем удел на браон маснотии. Значи, до маснотиите кои греат доаѓаат со вежбање, не неадекватна и лоа исхрана, која резултира со таложење бели маснотии во огранизмот.

Што се однесува до престојот на затоврено, доколку централното греење е такво да сте во куси ракави, држете го прозорецот отворен. Одењето на пауза во вид на шетање ќе ви помогне да се разбистрите. Дури и во бројни истражувања потврдено е дека луѓето се продуктивни, ако температурата на просторијата во која престојуваат е пониска.

Студеното ги собира површинските крвни садови, поради што има помалку потење и срвенило, како и производство на себум. Воедно, коим има проблем со изразени вени на нозење, знае дека овој проблем е поизразен во текот на летото.

Запамтете, и дека алергиите предизвикани од полен се намалуваат со доаѓањето на студеното време. Но, ако причината за алергијата е во куќата, состојбата може да се влоши во текот на зимата. Затоа е добро да се излегува надво, да се проветруваат просториите и задолжително да се избегнува сушење на облеката дома.

На крај, зимата ги злижува луѓето, како и празниците кои се во ова доба од годината. Нема активност која може да ги замени бенефитите од дружењето со најблиските, без разлика дали како за рамо за плачење или како извор на смеа и радост.