Брнабиќ со Шоле: Конструктивната улога на САД во зачувувањето на мирот во регионот


Премиерката Ана Брнабиќ денес во Белград разговараше со политичкиот советник на државниот секретар на САД, Дерек Шоле.

Премиерката се заблагодари за отворениот и конструктивен пристап што Соединетите Американски Држави го имаат во однос на отворените прашања во регионот, а особено за конструктивната улога на САД во зачувувањето на мирот во регионот, соопшти Владата на Србија.

Брнабиќ изрази надеж дека оваа година ќе ја одбележи постабилен период, за разлика од претходната, која се карактеризираше со нестабилност и провокации предизвикани од еднострани потези на привремените институции во Приштина.